Граничен спор во Атакама

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Граници помеѓу Перу, Боливија и Чиле пред и после војната во 1879.

Граничниот спор во Атакама бил територијален спор помеѓу Чиле и Боливија во 1800-те години кој завршил со предавање на боливискиот брег на Чиле со Договорот од Анкон со Перу и Договорот за мир и пријателство помеѓу Чиле и Боливија во 1904 година по завршувањето на Пацифичката војна која траела од 1879 до 1883 година. Според одредени извори, спорот сè уште трае бидејќи Боливија сè уште тврди дека територијата треба да ѝ припадне неа, а со тоа и излез на Тихиот Океан. Спорот е именуван според пустината Атакама каде е и територијалниот спор. Од чилеанското анексирање на територија во 1879 година настанал Спорот Пуна де Атакама поради тоа што Боливија предала територија на Аргентина и Чиле.

Видете исто така[уреди]