Градишта (Д’мбени)
Γραδίστα | |
Место | Д’мбени, Костурско |
---|---|
Област | Егејска Македонија, Грција |
Координати | 40°34′21″N 21°10′25″E / 40.5725° СГШ; 21.1736° ИГД |
Вид | тврдина |
Историја | |
Раздобје | среден век |
Белешки за наоѓалиштето | |
Состојба | урнатини |
Градишта (грчки: Γραδίστα, Φρούριο Αρματωλός, Καστράκι) — средновековна тврдина кај Д’мбени, Костурско, Егејска Македонија.[1][2]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Остатоците од тврдината се наоѓаат на Д’мбенска Планина, на 900 м.н.в.. Местото е на десниот брег на Рулска Река, на 2 км југоисточно од Д’мбени и 4 км северно од Сливени. Тврдината има визуелна врска со тврдината Градишта (Габрешкото кале) понасевер. Има стратешка местоположба над Рулска Река, по која минува патот од Костур на север за Горица (денес во Албанија).[1][2] Северно од Градишта проаѓа патот Д’мбени - Берик. Природната висорамнина има површини од 2 ха и утврдувањето ги користи природните падини на теренот.[1]
Опис
[уреди | уреди извор]Ѕидините се изградени од месен варовик од разни бои и обилен врзен материјал од бел гипс. Дебели се 1 м и ги ја слеедат природната косина на теренот. Има елипсовиден план со долги страни на север и југ. Источната страна е стрмна и недостапна, со природно исечени карпи кои завршуваат на дното од речното корито. На ова подрачје се откриени неколку пештери со индикации за нива употреба като скитови. Од оваа страна утврдувањето е послабо, додека на запад, каде веројатно бил влезот, ѕидната конструкција е сложена со можност за кули. Ова е единствената страна што нуди лесен пристап. Веројатно во тврдината имало градби, судејќи од купиштата на оштетена камена ѕидарија. Откриени се остатоци од керамика од средновизантискиот период, слични како оние на соседната тврдина Градиште кај Шестево.[1]
Во тврдината или близу неа се наоѓал средновековниот манастир „Св. Архангели“, уништен од албански банди во 1716 г.[3]
Во 1969 г. тврдината е преименувана од Градишта (Γκραδίστα) во Кастраки (Καστράκι),[4] во превод тврдинка.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Βυζαντινό κάστρο“. Οδός. 10 мај 2011. Занемарен непознатиот параметар
|урл=
(help); Отсутно или празно|url=
(help);|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ 2,0 2,1 „Τυρρηνοί: Κάστρα φρούρια και ακροπόλεις της Π.Ε. Καστοριάς (του Σταύρου Π. Καπλάνογλου)“. OlaDeka. Посетено на 7 март 2022.
- ↑ „Η βυζαντινή μονή των Ταξιαρχών στην Κορομηλιά Καστοριάς“. Fiout. 8 ноември 2021. Посетено на 10 декември 2022.
- ↑ „Διατάγματα. Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 266. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 79): 712. 1969. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help)