Прејди на содржината

Голем (филм од 1920)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Голем, како дошол на светот
Голем, како дошол на светот

Голем, како дошол на светот (германски: Der Golem, wie er in die Welt kam), познат и само како Голем, е германски експресионистички филм од 1920 година, во режија на Паул Вегенер и Карл Безе. По „Голем“ (1915) и „Голем и танчерката“, тој е трета преработка на Вегенеровиот мотив за Голем и се смета за класичен германски нем филм.

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Филмот се состои од пет сцени, а дејствието се одвива во Прага, во 16 век.[1]

  1. Рабинот Лев (го игра Штајнрик) ги набљудува ѕвездите и препознава дека на еврејското гето му се заканува голема опасност. И навистина, императорот (го игра Гебир) потпишува декрет со кој Евреите се повикуваат да го напуштат гетото. Декретот го врачува витезот Флоријан (го игра Мител), кој ја здогледува ќерката на рабинот Лев, Мирјам (ја игра Салмонова) при што меѓу нив се раѓа љубов на прв поглед. За да ги спаси Евреите, рабинот Лев одлучува да ја оживее статуата на Голем, која е скриена во неговиот подрум.
  2. Флоријан повторно доаѓа во домот на рабинот Лев при што отворено ѝ ја искажува својата љубов на Мирјам. Императорот го кани рабинот на Фестивалот на розите. Со помош на магичните зборови, Лев успева да го оживее Голем.
  3. Голем му е верен слуга на рабинот Лев, а со својата грандиозна појава и со големата сила сее страв кај сите што ќе го видат. Рабинот оди кај императорот, а со себе го поведува и Голем. Во меѓувреме, Флоријан ја посетува Мирјам и заедно ја поминуваат ноќта. Во дворот на императорот, Лев им ја прикажува својата магија, но ги предупредува присутните да не се смеат. Но, кога публиката ќе почне да се смее, дворецот започнува да се урива. Сите присутни се во паника, но Голем успева да ги спаси, благодарение на својата голема сила. Во знак на благодарност, императорот им простува на Евреите.
  4. Рабинот Лев и Голем се враќаат во гетото и на Евреите им ја соопштуваат убавата вест, а во гетото започнува голема прослава. Тогаш, Голем почнува да му пркоси на рабинот, поради што тој сака да го уништи, но во тој миг го канат во храмот каде треба да му укажат голема чест. Помошникот на рабинот (го игра Дојч) се враќа во куќата за да ја повика Мирјам и открива дека таа е внатре со Флоријан. Воден од љубомората, тој го оживува Голем кој го брка Флоријан и потоа го убива, фрлајќи го од кулата. Потоа, Голем предизвикува пожар во куќата кој набргу се шири низ гетото.
  5. Додека Евреите се молат, во храмот пристигнува помошникот на рабинот Лев и му кажува за случката. Рабинот успева да го изгасне пожарот и така по вторпат го спасува гетото. За тоа време, Голем ја ја носи Мирјам надвор од гетото. Потоа, тој се враќа назад и зема мало девојче во прегратка. Девојчето го одвртува знакот на неговите гради и Голем пак се претвора во статуа.

Филмот бил снимен по легендарниот круг на рабинот Махарел Прашки. Особено интересна е пластичната филмска архитектура на Ханс Пелциг и Курт Рихтер во експресионистички стил. Таа значително придонесува кон бајковито-романтичниот впечаток на филмот. Филмот бил снимен во 1920 година во Берлин-Темпелхоф, а неговата премиерата се одржала на 29 октомври 1920 година во Берлин.

  • Paul Wegeners Der Golem, Restaurierte Fassung mit neuer Musik, Transit Classics - Deluxe Edition, 2004.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Ilona Brennicke, Joe Hembus: Klassiker des deutschen Stummfilms. 1910–1930 (= Goldmann 10212 Goldmann Magnum. Citadel Filmbücher). Goldmann, München 1983, ISBN 3-442-10212-X].
  • Elfriede Ledig: Paul Wegeners Golem-Filme im Kontext fantastischer Literatur. Grundfragen zur Gattungsproblematik fantastischen Erzählens (= Diskurs Film. Bibliothek. Bd. 1). Schaudig, Bauer & Ledig, München 1989, ISBN 3-926372-51-6] (Zugleich: München, Universität, Dissertation, 1987).
  • Christiane Mückenberger: Der Golem, wie er in die Welt kam. In: Günther Dahlke, Günter Karl (Hrsg.): Deutsche Spielfilme von den Anfängen bis 1933. Ein Filmführer. 2. Auflage. Henschel-Verlag, Berlin 1993, ISBN 3-89487-009-5], S. 46 ff.
  • Matei Chihaia: Der Golem-Effekt. Orientierung und phantastische Immersion im Zeitalter des Kinos (= Machina. Bd. 1). transcript-Verlag, Bielefeld 2011, ISBN 978-3-8376-1714-6.
  • Noah W. Isenberg: Paul Wegener's „Der Golem, wie er in die Welt kam“ debuts in Berlin. In: Sander L. Gilman, Jack Zipes (Hrsg.): Yale companion to Jewish writing and thought in German culture 1096–1996. New Haven : Yale Univ. Press, 1997, S. 384–389.