Прејди на содржината

Голем (филм од 1915)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Голем (германски: Der Golem) - германски филм од 1915 година, во режија на Хенрик Гален (Henrik Galeen) и Паул Вегенер (Paul Wegener), кои се автори и на сценариото. Главните улоги ги играат: Паул Вегенер, Хенрик Гален и Лида Салмонова.

Синопсис[уреди | уреди извор]

На почетокот на XX век, во урнатините на една синагога е пронајдена статуата на легендарното суштество Голем (го игра Вегенер). Трговецот со антиквитети (го игра Гален) го оживува Голем, кој станува негов верен слуга. Меѓутоа, Голем се вљубува во ќерката на трговецот, Џесика (ја игра Салмонова), а по невозвратената љубов, тој побеснува и почнува да убива. На крајот, тој паѓа од врвот на една кула и умира.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]