Гола Месечина

Од Википедија — слободната енциклопедија

Гола Месечина - меѓународен театарски фестивал што се одржува во Скопје. На фестивалот се прикажуваат комедии.

Гола Месечина 2017[уреди | уреди извор]

Четвртото издание на „Гола Месечина“ се одржало во спортскиот центар „Ново Лисиче“. Главната награда за најдобра претстава ја добил драмскито ансамбл при НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид, за изведбата на пиесата „Аналфабет“ на Бранислав Нушиќ. За најдобар режисер бил прогласен Срѓан Јаничиевиќ, за претставата „Силјан Штркот шанца“ на Дејан Дуковски, а во изведба на МНТ. Наградата за најдобра машка улога му била доделена на Михаил С'рвански за ликот на Блант во комедијата „Лажговци во неволја“, изведена од театарот „Алеко Константинов“ од Софија. Нагарадата за најдобра женска улога ѝ била доделена на Слаѓана Зрниќ за ликот на Гина во претставата „Нажалена фамилија“, во изведба на Народниот театар на Република Српска од Бања Лука. Изборот на победниците го извршила комисијата во состав: Лилјана Мазова, Павле Пекиќ и Петре Темелковски.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Аналфабет победник на Гола месечина“, Општина Аеродром, година XII, број 78, септември-октомври 2017, стр. 9-10.