Гејрангер-фјорд
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
![]() | |
Критериум | Природно: vii, viii |
Навод | 1195 |
Запис | 2005 (29то заседание) |
Гејрангер-фјорд (Geirangerfjorden) — фјорд во областа Сунмере, сместен во најјужниот дел на округот Мере ог Румсдал во Норвешка. Ова е 15 км долг ракав на фјордот Стур-фјорд (Голем Фјорд). На завршетокот на фјордот се наоѓа селцето Гејрангер.
Овој фјорд е едно од најпосетуваните туристички места во Норвешка и од 2005 г. е заштитен од УНЕСКО како светско наследство, заедно со фјордот Нереј-фјорд, иако овој статус се доведува во прашање со планиранираната изградба на далноводи.[1]
На Гејрангерфјорд постојано му се заканува планината Окернесет која е готова да одрони во фјордот. Ваквиот одрон би предизвикал цунами, кој за 10 минути би ги подогил блиските места како Гејрангер и Хелесилт.[2][3][4]
Покрај фјордот се расположени повеќе напуштени чифлизи. Some restoration has been made by the здружението „Пријатели на Стур-фјорд“ (Storfjordens venner). Најпосетени од нив се Скагефло, Книвсфло и Бломберг. До Скагефло се доаѓа и пешки од Гејрангер, додека другите се пристапни само со чамец. Во фјордот се наоѓаат и неколку забележителни водопади.
Во местото оперира и автомобилски траект кој воедно служи и како туристички брод. Тој плови долж фјордот помеѓу селата Гејрангер и Хелесилт.
Водопади[уреди | уреди извор]
Најзначајни водопади Гејрангер-фјорд се т.н. „Седум Сестри и Додворувачот“. Двата водопада се наоѓаат еден наспроти друг, од кои едниот е „додворувачот“ кој изгледа како да им се додворува на сестрите.
Друг позабележителен водопад во фјордот е „Невестински Превез“, така наречен бидејќи изгледа како тенок превез врз карпите кога сонцето го грее одзади.
Галерија[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Гејрангерски туристички информатор Архивирано на 6 април 2016 г. (англиски) (германски) Предлошка:Јазичка икона
- Одредиште Гејрангер-фјорд — Тролстиген (англиски) (германски) Предлошка:Јазичка икона
|
Координати: 62°07′N 6°59′E / 62.117° СГШ; 6.983° ИГД
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Гејрангерфјорд може да го изгуби статусот на светско наследство Архивирано на 30 септември 2007 г., „Бергенс Тиденде“, 6 јули 2007 (проверено на 7 јули 2007) Предлошка:Јазичка икона
- ↑ Гигантрас им се заканува на , „Афтенпостен“, 14 ноември 2004 (проверено на 7 јули 2007 Предлошка:Јазичка икона
- ↑ Зголемен ризикот од лавини во Окернесет Архивирано на 29 септември 2007 г., forskning.no, 22 април 2004, (проверено на 7 јули 2007 Предлошка:Јазичка икона
- ↑ Анализа со високорезолутивен дигитален топографски модел за утврдување на опасноста од лизгања на земјиштето (Окернесет, Норвешка) (англиски)