Генадиосова библиотека

Од Википедија — слободната енциклопедија
Главната зграда на Генадиосовата библиотека во Атина, дизајнирана од архитектите Џон Ван Пелт и В. Стјуарт Томпсон и отворена во 1926 година.

Генадиосовата Библиотека ( грчки: Γεννάδειος Βιβλιοθήκη), позната и како Генадеон, ― една од најважните библиотеки во Грција, со над 110.000 тома на грчката историја, книжевност и уметност од антиката до денешното време. Библиотеката се наоѓа на улицата Суидијас 61, на падините на планината Ликабетус, во средиштето на Атина.

Библиотеката е една од двете кои припаѓаат на Американското училиште за класични студии во Атина (заедно со Блегеновата библиотеката).

Историја[уреди | уреди извор]

Нејзин главен основач бил грчкиот дипломат Јоанис Генадиос (1844–1932), кој првично подарил дел од својата збирка на новооснованата Национална библиотека на Грција. Враќајќи се во Атина неколку години подоцна, тој бил вознемирен кога открил дека тие не се повикуваат на неговите дарувани предмети, и затоа решил да најде подобар дом за неговата збирка. Додека присуствувалл на Вашингтонскиот поморски договор, научници од САД покажале интерес за основање наменска градба во Грција.

Изградена била посветена неокласична зграда, со финансиска поддршка од корпорацијата Карнеги, за да се сместат 26.000 тома донирани од Генадиос. Зградата била дизајнирана од њујоршката фирма „Ван Пелт и Томпсон“, во стил на класичен храм со градини. Библиотеката била отворена на 23 април 1926 година и била именувана во чест на таткото на Генадиос, Георгиос Генадиос (1786–1854).

Од 1999 година библиотеката била проширена и осовремена со клима уред, ново слушалиште и источно крило. Овие биле пуштени во 2005 година со нови канцеларии и простори за складирање на архивите Генадеион и остатокот од збирката. Овие дела биле во голема мера финансирани преку собирање средства во Соединетите Држави, со Лојд Котсен како водечки добротвор. Некои од првичната збирка на Генадиос биле дигитализирани и ставени на интернет, вклучувајќи ги неговите белешки и ефемери.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

37°58′47.4″N 23°44′55.2″E / 37.979833° СГШ; 23.748667° ИГД / 37.979833; 23.748667