Атински акропол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Атински Акропол
светско наследство на УНЕСКО
T
КритериумСтарогрчка архитектура: i, ii, iii, iv, vi
Навод404
Запис1987 (11th заседание)
Координати37°58′17″ N; 23°44′10″ E / 37.971421° СГШ; 23.736166° ИГД / 37.971421; 23.736166

Атинскиот Акропол е еден од најпознатите акрополи кој се наоѓа во Грција. Се наоѓа на 150 метри надморска височина во грчката престолнина Атина. Акропол е стрмен рид во облик на елипса на кој е направена тврдина така што јужните и западните падини на ридот биле споени со ѕидови со седум порти, наречени пелазгички, според старите жители на Елада - Пелазгите.[1]

Акрополот бил изграден во времето на микенската цивилизација и се смета дека бил рездиденција на царскиот дворец. Во 447 п.н.е., во времето на Перикле започнала реконструкција на комплексот, време кое е познато и како Златен Век во историјата на Атина. Главен скулптур бил Фидиј, а архитекти биле Иктин и Каликрат. Во 437 п.н.е. започнала изградбата на главниот влез на акрополот, кој се викал Пропилеи и главен архитект бил Мнесикле.

Најголемата градба на акрополот е Партенонот. Тој е храм кој бил посветен на Атина. Храмот бил разрушен во 480 п.н.е. година од страна на персијците. Истата била повторно изградена во времето на Перикле. На западниот дел од партенон се наоѓа друг храм, наречен Ерехтеон. Од 2001 до 2006 година, комплексот бил реконструиран. Од 1987 година, акрополот бил вклучен во списокот на УНЕСКО.

Историја[уреди | уреди извор]

Според преданијата, Атена и Посејдон спореле околу превласта над градот Атина. Посејдон ја докажувал својата сила удирајќи со својот тризабец по карпата Акропол, а веднаш после тоа од истото место започнало да извира вода. Божицата Атена, после тоа, на голата карпа засадила маслиново дрво кое веднаш почнало да цвета. Посејдон по ова признал дека бил победен, а светото маслиново дрво на божицата Атена го бранела акрополот од сите надворешни напади. Врз основа на докази, утврдено е дека жолто-сината карпа од вар, која се издигнувала 156 метри над морето, а 80 метри над Атина била наречена Акропол – овој назив значи “Горен град“ и многу често бил користен за ископувања и за истражување на Стара Грција – уште од неолитско време, се смета дека бил создаден.

Првата утврдена палата, била изградена во времето на микенската цивилизација. Остатоците на ѕидините од тоа време, околу 1200 п.н.е. останале зачувани. Грците во 6 век п.н.е. меѓу останатото, изградиле и еден храм посветен на божицата Атена, монументална влезна врата и светилиште. Персијците во периодот од 480-479 година го разрушиле целиот град.

Кимон започнал повторно да го уредува Акропол, а за добие доволно простор за храмовите тој ја проширил површината со насипи кои на сите страни, а ососбено на југ, ги потпирале големи ѕидови, наречени Кимонови ѕидови. на тој начин, просторот го загубил значењето како тврдина и служел за сакрални цели. Во тој период, освен главниот влез на западната страна, кон Акропол воделе три тесни скали: кај Клепсидра, кај Аглаурината пештера и источно од Ерехтеон.[2]

Подоцна ископувањето овозможило да се здобијат со драгоцени податоци за изгледот на првите грчки градби на Акропол. Меѓу останатото, биле пронајдени склуптури од старите храмови обоени во јаки бои. Војсководецот и диктаторот Перикле, од 461 п.н.е. владеел со Атина и наредил на ридот Акропол да се изградат градбите кои во целина се зачувани до денес. Во 448 година, била основана комисија на градители, меѓу кои биле истаканати вајари – меѓу нив и Фидиј – архитекти и сликари. Сојузната благајна била против повторното градење, бидејќи биле потребни огромни количини на парични средства за реализација на овој проект.

Партенон[уреди | уреди извор]

Партенон (во превод, „девојчински сон“) бил главниот храм во Атина и првиот што бил изграден. Тој бил изграден на јужната страна на Акропол, уште пред Персиските војни, и тоа на местото на постар храм посветен на божицата Атина. Сепак, Персијците го разрушиле храмот, кој започнал да го обновува Перикле.[2] Нацртите ги направил Иктин, a Каликрат го презел приматот во градењето. На огромната камена површина од три скалила, чијашто основна површина на горниот бочен дел изнесувал 70 х 30 метри, се издигнувале 46 столбови високи преку 10 метри, со дорски стил. На столбовите биле извајани ликови и склуптури и се вбројувале меѓу најголемите вајарски работи. Во средината на храмот била поставена статуа на богињата Атина висока 13 метри, инаку дело на Фидиј и била обложена со злато и слонова коска.

Џамија изградена во урнатините на храмот

Во 5 век, партенон се претворил во христијански храм. Османлиите во 1456 година овој храм го претвориле во џамија и изградиле минаре. Кога венецијанците предводени од грофот Кенигсмарк ги опколиле и целото население се засолнило Партенон; се надевале дека непријателот нема да се осуди да го нападне храмот. Но, тоа сепак се случило. “Еден полковник се осуди да фрли бомба во хармот“, стои во еден од најдените историски записи. Експлозијата го разрушила поголемиот дел од храмот. Голем број на акции биле преземени за реставрирање на храмот, а најважната акција била преземена од страна на Лео Кленц во 1834 година, по налог на Лудвиг I од Баварија.

Втората градба од времето на Перикле бил храмот Атина Нике. Овој мал храм во јонски стил бил повторно изграден од страна на Каликрат. Површината на храмот била 5 х 8 m со 4 m високи столбови и 45 cm високи ѕидови на кои имале голем број на познати ликови. За време на Османлиите, овој храм бил проширен, од камен блковите била изградена кула. Германскиот археолог Рос ја срушил оваа кула во периодот 1835-36 година и повторно го изградил храмот.

На храмот се работело повеќе од 16 години, бидејќи во меѓувреме било одлучено најпрво да се изгради главниот влез на акрополот т.н. Пропилеј. Тој го нацртал главниот влез на акрополот со дванаесет надворешни дорски столбови. На двете страни на влезот требало да се издигне четвороаголни столбови кои никогаш не биле довршени. На левото крило на Пропилеј била направена првата галерија на слики.

Четврта голема градба на тој простор односно на западниот дел од Партенон бил изграден уште еден храм, наречен Ерехтеон. Овој храм исто така бил изграден од страна на Мнесикле. Но, само што се започнало со изградбата во 431 п.н.е., започнала триесетгодишната Пелопонеска војна меѓу Атина и Спарта, поради што изградбата била запрена. Во 429 година Перикле починал, а дури во 404 година Атина морала да се предаде и да се согласи на склучување на понижувачкиот мировен договор. Економската моќ на метрополата била исцрпена. Сепак, ја искористиле победата на атинската поморска флота над спартанската и храмот Ерехтеон бил довршен во период од две години. Делото било довршено од страна на Филокле – градба со неправилен нацрт, украсен со столбови во јонски стил. И овој храм потекнува од Перикле, а неговите противници го критикувале дека го украсува градот како “некоја дама“. Денес, времето на Перикле претставува еден од сјајните историски периоди во општеството.

  1. „Objašnjenja i napomene“, во: Aristofan, Lisistrata. Beograd: Rad, 1963, стр. 92-93.
  2. 2,0 2,1 „Objašnjenja i napomene“, во: Aristofan, Lisistrata. Beograd: Rad, 1963, стр. 93.