Историја на современа Грција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of Greece.svg

Оваа сторија е дел од серијалот за:

Историја на Грција

Преаисториска Грција
Хеленски период
Кикладички период
Минојска цивилизација
Микенска цивилизација
Грчки стар период
Стара Грција
Архаичен период во Грција
Класична Грција
Хеленска Грција
Римска Грција
Средновековна Грција
Византиска Империја
Отоманска Грција
Модерна Грција
Грчка војна за независност
Кралство Грција
Грција во II светска војна
Граѓанска војна во Грција
Воена хунта
Хеленска Република
Тематска историја
Економска историја на Грција
Воена историја на Грција
Уставна историја на Грција
Имињата на Грците
Грчка уметност

Историјата на современа Грција ја покрива историјата на Грција од нејзината автономија од Отоманското Царство и нејзино признавање од Големите сили (Велика Британија, Франција и Русија) во 1828 година, по Грчката војна за независност до денес.

Позадина[уреди | уреди извор]

Византија владеела со најголем дел од грчкото говорно подрачје од доцната антика, но како како резултат постојаните арапски и турски напади, Византија значително била ослабена, по кое следувало и освојување на престолнината од страна на Крстоносците во 1204 година. Воспоставувањето на католички латински држави на грчка територија, и борбите на православните византиски Грци против нив, довеле до појава на посебен грчки национален идентитет. Византија била обновена од страна на династијата Палеолози во 1261 година, но по обновувањето поради постојаните граѓански војни и странските напади во 14 век, нејзината територија се намалила. Како резултат на тоа, поголемиот дел од територијата на денешна Грција паднала под власт на Отоманското Царство, а кулминација станало освојувањето на Цариград во 1453 година, како и Атинското војводство во 1458 и Морејското деспотство во 1460 година, кога Византија престанала да постои.

Отоманската контрола во голема мера била отсутна во планинската внатрешност на Грција, па многумина Грци побегнале кон тие предели[1]. По османлиското освојување, островите на Егејското Море и неколку крајбрежни тврдини на копното, под венецијанско и џеновско владеење, останале надвор од османлиската власт, но до средината на 16 век Османлиите ги освоиле и повеќето од нив. Родос бил освоен во 1522 година, Кипар во 1571 година, а Венецијанците го задржале Крит до 1670 година. На Јонските Острови само кратко владееле Османлиите (Кефалонија од 1479 до 1481 и од 1485 до 1500), и останале главно под власта на Венеција.

Првото големо востание против османлиското владеење било Пелопонеското востание од почетокот на 1770-тите, но истото било жестоко задушено. Овој период го означува почетокот на модерното грчко просветителство, бидејќи Грците кои студирале во Западна Европа донеле ново знаење и идеи назад во нивната татковина, а истовремено грчките трговци и бродосопственици го зголемувале своето богатство. Како резултат на тоа, особено по завршувањето на Француската револуција, либералните и националистичките идеи започнале да се шират низ грчките земји.

Во 1821 година, Грците се кренале против Отоманското Царство. Првичните успеси биле проследени со жестоки борби, што речиси предизвикало грчката борба да се распадне, но сепак, продолжувањето на борбата ги принудило Големите сили (Велика Британија, Русија и Франција) да ги признаат тврдењата на грчките бунтовници за одделување и создавање на своја држава преку Лондонскиот договор и да интервенираат против Османлиите во битката кај Наварино. Грција првично била автономна држава под османлиски суверенитет, но до 1832 година, според договорот од Цариград, таа била признаена како целосно независно кралство. Во меѓувреме, Третото Национално собрание на грчките бунтовници го повикало на Јоанис Каподистријас, поранешен министер за надворешни работи на Русија, да го преземе управувањето на младата држава во 1827 година.

Администрација на Јоанис Каподистријас[уреди | уреди извор]

По неговото доаѓање, Каподистријас започнал голема програма за реформи и модернизација која ги опфатило сите области. Тој повторно воспоставил воено единство со ставање на крај на втората фаза од граѓанската војна, ја реорганизирал војската, која тогаш можела да ја освои територијата изгубена од османлиската војска за време на граѓанските војнии го вовел првиот модерен карантински систем во Грција, кој за прв пат од почетокот на Војната за независност доведел до болести како тифус, колера и дизентерија.

Каподистријас, исто така преговарал со Големите сили и Отоманското Царство за да ги утврдат границите и степенот на независност на грчката држава, го потпишал мировниот договор со кој завршила војната за независност со Османлиите, ја вовел валутата феникс, првата модерна грчка валута, ја организирал локална администрација и во обид да ги подигне животните стандарди на населението, го вовел одгледувањето на компир во Грција.

Феникс, грчка пара

Понатаму, тој се обидел да го поткопа авторитетот на традиционалните кланови (или династии) кои имале свое наследство во минатото или биле влијателни[2]. Но, тој ја потценил политичката и воената сила на командантите, кои во 1821 година го започнале револтот против Османлиите и кои очекувале водечка улога во пост-револуционерната влада. Кога спорот помеѓу капетанот на Лаконија и назначениот гувернер на покраината ескалирал во вооружен конфликт, тој ги повикал руските војници да го вратат редот, бидејќи голем дел од војската била контролирана од страна на капетани кои биле дел од бунтот.

Историја на Грчката револуција од 1861 година на Џорџ Финлај покажува дека до 1831 година владата на Каподистријас била омразена, главно од независните маниоти, но и од Румелиотите (Централна Грција) и богатите и влијателни трговски семејства на Хидра, Спецес и Псара. Царинските надоместоци на жителите на Хидра биле главен извор на приходи за овие општини, и тие одбиле да ги предадат на Каподистријас. Се смета дека Каподистријас одбил да го свика Националното собрание и владеел како деспот, најверојатно под влијание на неговите руски искуства. Општината Хидра им наложила на адмиралите Андреас Мијаулис и Александрос Маврокордатос да заминат за Порос и таму да ја искористат флотата на Хеленската морнарица. Мијаулис го сторил тоа со намера да спречи блокада на островите, сметајќи дека ќе се свика Националното собрание.

Каподистријас ги повикал Британците и Французите да го поддржат во повлекувањето на бунтот, но тие тоа го одбијле. Сепак, адмиралот Пјотр Иванович Рикорд ги пренесел своите бродови север до Порос. Полковникот (подоцна генерал) Калергис ја добил подршката од полу-обучената грчка армија. Со помалку од 200 луѓе, Мијаулис не можел да се справи со проблемот, по кое следувало предавање на Порос. Загубата на најдобрите бродови во флотата многу години ја осакатило Грчката морнарица, но исто така ја ослабило и позицијата на Каподистријас . Тој конечно го свикал Националното собрание, но неговите други дејствија предизвикале создавање на поголема опозиција и тоа довело до негово пропаѓање.

Атентат на Каподистријас и создавање на Кралство Грција[уреди | уреди извор]

Во 1831 година, Каподистријас наредил затворање на Петрос Мавромихалис, бег на полуостровот Мани. Главно поради овој настан, на 9 октомври 1831 година Каподистријас бил убиен од братот на Петрос, Константис и неговиот син Георгиос.

Јоанис Каподистријас бил наследен како гувернер од неговиот помлад брат, Августинос Каподистријас. Августинос владеел само шест месеци, за време на кој период земјата паднала во хаос. Според протоколот потпишан на Лондонската конференција од 1832 на 7 мај 1832 година помеѓу Баварија и заштитните сили, Грција била дефинирана како независно кралство, ослободено од отоманската контрола, до линијата Арта-Волос како нејзина северна граница. Протоколот, исто така, се осврнал на начинот на кој требало да се управува со регенството додека Отон од Баварија не го преземе престолот на Грција, бидејќи бил малолетен. Османлиското Царство било обесштетано во сума од 40.000.000 пиастри за губење на територијата во новото кралство.

Отон I (1833-1863)[уреди | уреди извор]

Отон I , прв крал на современа Грција.

Владеењето на Отон I траело 30 години пред тој и неговата сопруга, кралицата Амалија, да заминат на ист начин како што и дошле во земјата, преку британскиот воен брод. Во раните години на неговото владеење, група на баварски регенти владеела во негово име, и тие станале доста непопуларни, бидејќи тие се обиделе да ги наметнат германските идеи и да ги држат најзначајните државни канцеларии за Германците. Сепак, тие ги поставиле темелите на грчкиот административен, армиски, правосуден и образовен систем. Регентството го вовел германскиот јазик како официјален јазик на администрацијата и скоро сите административни и државни служби ги пополнило со Баварци. Ова управување во историјата на Грција е познато како „ксенократија“ (управување на странците). Отон бил искрен во својата желба да и даде на Грција добра влада, но тој имал два големи недостатоци во очите на Грците: неговата римокатоличка вера и бракот со кралицата Амалија која не можела да му роди деца. Ова значело дека не можел да биде крунисан како крал на Грција со православен обред, ниту да воспостави династија.

Баварските регенти владееле до 1837 година, кога биле отповикани на инсистирање на Велика Британија и Франција. Отон потоа назначил грчки министри, иако официјалните претставници на Баварија сé уште управувале со поголемиот дел од администрацијата и армијата. Во тоа време, Грција сè уште немала законодавство и устав. Незадоволството се зголемило до избувнувањето на револуцијата од 3 септември 1843 година во Атина. Отон се согласил да додели устав и да свика национално собрание кое се состанало во ноември истата година. Грчкиот Устав од 1844 година тогаш основал дводомен парламент кој се состоел од Собрание и Сенат. Моќта тогаш преминала во рацете на група грчки политичари, од кои повеќето биле команданти во Војната за независност против Османлиите.

Грчката политика во 19 век била насочена кон решавање на националното прашање. Мнозинството Грци продолжиле да живеат под османлиска власт, а Грците сонувале да ги ослободат сите и да ја реконструираат државата што ги опфаќа сите грчки земји, со Цариград како главен град. Овој проект бил познат како Голема Идеја и бил поддржан од речиси сите континуирани бунтови против отоманската власт на териториите каде се зборувало на грчки, особено на Крит, Тесалија и Македонија.

Кога започнала Кримската војна во 1854 година, Грција забележала можност да добие територија под контрола на отоманската власт, која имала големо грчко население. Грција, како православна нација, имала значителна поддршка од Русија, но руската влада одлучила дека е премногу опасно да й се помогне на Грција да ги прошири своите граници[3]. Владата на Отон наредила преместување на грчките чети во Тесалија и Епир и Македонија, области над кои грчката влада имала претензии[4]. Во реонот на Арта избувнало и востание. По отворениот ултиматум од страна на Цариград, Виена, Париз и Лондон, заедно со воведување на втора блокада на атинското пристаниште, Отон се откажал од понатамошна интервенција. По завршувањето на Кримската војна, авторитетот на Отон I започнал прогресивно да се намалува. Многу политичари го обвиниле во неактивност за време на војната, што jа лишило Грција од евентуални бенефиции на сметка на Турција. Во 1861 година еден млад студент се обидел да изврши атентат над кралицата. Во февруари 1862 година избувнало востание во Навплион, а во октомври истата година и во Артскиот залив, Патрас и Месолонгион на кое се приклучиле граѓаните на Атина, вклучувајќи ја и атинската војска. Движењето завршило со победа, кралот и кралицата биле принудени да ја напуштат земјата и да се упатат кон Баварија, а во Грција се формирало регентство и нова влада.

Грците потоа побарале од Британија да го испрати синот на кралица Викторија принцот Алфред како свој нов крал, но на ова било ставено вето од другите сили. Наместо тоа, младиот дански принц бил прогласен за крал под името Георги I. Ѓорѓи I бил многу популарен избор како уставен монарх, и тој се согласил дека неговите синови ќе бидат преобратени во православната вера. Како награда за Грците за усвојување на про-британски крал, Британија им ги отстапила Јонските острови во Грција.

Георги I (1864-1913)[уреди | уреди извор]

На повик на Велика Британија и кралот Георги, Грција го прифатила подемократскиот грчки устав од 1864 година. Во март 1864 година бил донесен нов устав, изработен по модел на белгискиот устав. Според него, народот имал висок суверенитет, законодавната власт се состоела од Национално собрание, право на глас имале мажите кои наполниле 21-годишна возраст и имале имот. Извршната власт му припаѓала на кралот, но кралските наредби станувале валидни само по одобрувањето им од ресорниот министер. Сепак, грчката политика остана силно династичка, како што отсекогаш била. Семејните имиња, како што се Заимис, Ралис и Трикупис, постојано се менувале како премиери.

Партиите биле главно поделени на либерали, предводени од Харилаос Трикупис, а подоцна и од Елефтериос Венизелос, и конзервативци, првично предводени од Теодорос Делијанис, а подоцна и од Трасивулос Заимис. Трикупис и Делијанис доминирале во грчката политика во доцниот 19 век, наизменично менувајќи се на власт. Трикупис ја фаворизирал соработката со Велика Британија во надворешните работи, создавајќи инфраструктура и домашна индустрија, поголеми заштитни тарифи и прогресивно социјално законодавство, додека популистичкиот Делијанис зависел од промовирањето на грчкиот национализам и Големата идеја.

Грција останала многу сиромашна земја во текот на XIX век. Земјата немала суровини, инфраструктура и капитал. Земјоделството главно било на ниво на егзистенцијата, а единствените важни извозни артикли биле рибизли, суво грозје и тутун. Некои Грци се збогатиле како трговци и сопственици на бродови, а Пиреј стана главно пристаниште, но малку од ова богатство пристигнало кај грчкиот селанец. Грција имала големи долгови кон финансиските куќи во Лондон.

До 1890-тите години Грција била буквално пред банкрот. Сиромаштијата била распространета во руралните средини и на островите и поради тоа голем дел од Грците од руралните средини емигрирале во САД. Во руралните средини немало образование. Сепак, постоел напредок во градењето на комуникациите и инфраструктурата, а во Атина биле изградени административни згради. И покрај лошата финансиска состојба, во 1896 година Атина била домакин на Олимписките игри, што се покажало како голем успех.

Грчкиот парламент во 1880-тите години.

Парламентарниот процес многу се развил во Грција за време на владеењето на Георги I. Првично, кралската привилегија за избор на неговиот премиер останала но истото довело до владина нестабилност, и истата траела сè до воведувањето на принципот на dedilomeni на парламентарната доверба во 1875 година.

Друго политичко прашање во Грција од 19 век било прашањето за грчкиот јазик. Грчкиот народ зборувал на модерниот денешен грчки јазик, но голем дел од образованите елити го виделе ова како селски дијалект и биле решени да го обноват славниот старогрчки јазик. Последователно, владините документи и весници биле објавувани на Катаревуса, форма што само неколку обични Грци можеле да ги прочитаат. Либералите се залагале за признавање на модерниот како национален јазик, но конзервативците и Православната Црква се спротиставувале на сите такви напори. Ова прашање продолжило да ја прогонува грчката политика до 1970-тите.

Мапа на Кралство Грција пред Балканските војни.

Меѓутоа, сите Грци биле обединети во својата решеност да ги ослободат грчките провинции на Отоманското Царство. Особено на Крит, Критскиот револт (1866-1869) ја подигнал националистичката страст. Кога избувнала војната меѓу Русите и Османлиите во Руско-турската војна (1877-1878), грчката политика застанала на страната на страната на Русија, но Грција била премногу сиромашна и премногу загрижена поради можната британската интервенција, поради кое таа официјално не влегла во војната. Сепак, во 1881 година, Тесалија и делови од Епир биле отстапени на Грција како дел од Берлинскиот договор.

Грците на Крит продолжиле со редовни револуции, а во 1897 година, грчката влада под Теодорос Делијанис објавила војна на Османлиите. Во Грчко-турската војна од 1897 година, грчката војска била поразена од страна на Османлиите. Меѓутоа, преку интервенцијата на Големите сили, Грција изгубила само малку територија долж границата со Турција, додека Крит бил основан како автономна држава на чело со принцот Георги.

Популарна литографија која го слави успехот на превратот на Гуди од 1909 година .

Националистичкото расположение кај Грците во Отоманското Царство продолжило да расте, и до 1890-тите најголема пречка станала Македонија. Тука, Грците се натпреварувале не само со Османлиите, туку и со Бугарите во т.н. Борба за Македонија.

Во јули 1908 година, избувнала Младотурската револуција. Искористувајќи ја османлиската внатрешна криза, Австро-Унгарија ја анектирала Босна и Херцеговина а Бугарија прогласила независност. На Крит, локалното население, предводено од младиот политичар Елефтериос Венизелос, прогласил Еносис, сојуз со Грција, предизвикувајќи уште една криза. Но грчката влада, предводена од Димитриос Ралис, не можела да ја искористи оваа ситуацијата и да го признае присоединувањето на Крит.

Добиениот Државен удар Гуди на 15 август 1909 година претставува пресвртница во модерната грчка историја. Бидејќи воените конспиратори биле неискусни во политиката, побарале од Венизелос, кој имал беспрекорни либерални ингеренции, да доје во Грција како свој политички советник. Венизелос брзо се етаблирал како моќна политичка личност, а неговите сојузници победиле на изборите во август 1910 година. Венизелос станал премиер во октомври 1910 година, воведувајќи период од 25 години каде што неговата личност ќе доминира во грчката политика. Венизелос иницирал голема реформска програма, вклучувајќи нов и либерален устав и реформи во сферите на јавната администрација, образованието и економијата.

Во пролетта 1912 година, серија билатерални договори меѓу христијанските балкански држави (Грција, Бугарија, Црна Гора и Србија) довеле до формирање на Балканска лига, која во октомври 1912 година објавила војна на Отоманското Царство. Во Првата балканска војна, Османлиите биле поразени на сите фронтови, а сојузниците побрзале да зграбат толку територија колку што можеле во тој момент. Грците го окупирале Солун непосредно пред Бугарите, а исто така зеле и голем дел од Епир со Јанина, како и Крит и Егејските Острови.

Договорот од Лондон (1913) ја завршил војната, но никој не останал задоволен. Во јуни 1913 година Бугарија ја нападнала Грција и Србија, започнувајќи ја Втората балканска војна, но била поразена. Според договорот од Букурешт (1913) Грција се проширила на јужниот дел на Епир, јужната половина на Македонија, Крит и Егејските острови, освен Додеканези, која била окупирана од Италија од 1911 година. Овие придобивки речиси двојно ги зголемиле териториите и населението на Грција.

Во март 1913 година, еден анархист, Александрос Схинас, го убил кралот во Солун и неговиот син дошол на престолот како Константин I. Константин бил првиот грчки крал роден во Грција, а прв кој бил роден православен. Неговото име било избрано во духот на романтичниот грчки национализам (Мегали идеја), поврзувајќи се со византиските цареви. Освен тоа, како главен командант на грчката армија за време на Балканските војни, неговата популарност била огромна, со конкуренција само со онаа на Венизелос како негов премиер.

Прва светска војна и криза (1913-1922)[уреди | уреди извор]

Кога Првата светска војна избувнала во 1914 година, кралот и неговиот премиер Венизелос претпочитале да задржат неутралност, и покрај грчкиот договор за сојуз со Србија, кога Србија била нападната од Австро-Унгарија како прва воинствена акција на конфликтот. Но, кога сојузниците побарале грчка помош во Галиполската операција од 1915 година, нудејќи го Кипар, нивните разграничувачки ставови станале очигледни: Константин бил образован во Германија, бил во брак со Софија од Прусија, сестра на кајзерот Вилхелм, и бил убеден во победа на Централните сили. Венизелос, од друга страна, бил жесток англофил и верувал во сојузничка победа.

Бидејќи Грција, поморска земја, не можела да се спротивстави на моќната Британска морнарица, кралот Константин се залагал за континуирана неутралност, додека Венизелос активно барал грчки влез во војната на сојузничката страна. Венизелос поднел оставка, но победил на грчките избори од 1915 година и повторно ја формирал владата. Кога Бугарија влегла во војната како германски сојузник во октомври 1915 година, Венизелос ги повикал сојузничките сили во Грција (Солунски фронт), за што повторно бил отпуштен од Константин.

Венизелос разгледува дел од грчката војска на Македонскиот фронт за време на Првата светска војна, 1917 година. Тој е придружуван од адмиралот Павлос Кунтуриотис (лево) и генералот Морис Сарај (десно).

Во август 1916 година, по неколку инциденти во кои двете страни во војната ја зафатиле сеуште теоретски неутралната грчка територија, офицерите на Венизелос се кренале во Солун под контрола на сојузничките, а Венизелос формирал посебна влада таму позната како Движење за национална одбрана на Грција. Константин тогаш владеел само со она што била Грција пред Балканските војни (Стара Грција), а неговата влада била предмет на повторени понижувања од сојузниците. Во ноември 1916 година Французите ја окупирале Пиреја, ја бомбардирале Атина и ја принудиле грчката флота да се предаде. Ројалистичките трупи пукале кон нив, што довело до битка меѓу француските и грчките кралски војници. Имало и немири против приврзаниците на Венизелос во Атина (Ноемвријана).

По Февруарската револуција во Русија во 1917 година, царската поддршка за неговиот братучед Константин била отстранета, а во јуни 1917 година Константин бил принуден да ја напушти земјата, без да отстапи, а вториот негов син Александар станал крал, но останатото кралско семејство и најистакнатите ројалисти го следеле во егзил. Венизелос во тој период бил лидер на површно обединета Грција во војната и тоа на сојузничката страна, но поделбата на грчкото општество на венизелисти и антивенизелисти, таканаречената Национална шизма, станала поцврста.

Грчко-турска војна (1919-1922)[уреди | уреди извор]

Грција

Со крајот на војната во ноември 1918 година, Отоманското Царство било пред својот крај, а Грција очекувала сојузниците да ги исполнат своите ветувања. Низ мала мерка преку дипломатските напори на Венизелос, Грција ја обезбедила Западната Тракија според Нејскиот мировен договор во ноември 1919 и Источна Тракија и зоната околу Смирна во Западна Анадолија (веќе под грчка администрација како Окупација на Измир од 1919 година) според договорот од Севр од август 1920 година. Иднината на Цариград била оставена да биде решена. Но, во исто време, Турското национално движење се зголемило во Турција, предводена од Мустафа Кемал (подоцна Мустафа Кемал Ататурк), кој формирал ривалска влада во Анкара и ја започнал војната против грчката армија.

Карта на воените случувања за време на Грчко-турската војна (1919-1922).

Во овој момент, се чинело дека исполнувањето на Мегали Идејата е мошне близу. Сепак, расцепот во грчкото општество бил голем, а на Венизелос му бил направен обид за атентат од страна на двајца поранешни офицери на ројалистите. Уште повеќе изненадувачки, Либералната партија на Венизелос ги загубила грчките избори од ноември 1920 година, а на грчкиот референдум во 1920 година, грчкиот народ гласал за враќање на кралот Константин од прогонство по ненадејната смрт на кралот Александар.

Обединетата опозиција, која претходно водела кампања за крај на кампањата во Мала Азија, наместо да се повлече, таа ја интензивирала војната. Сепак, ројалистичката реставрација имала сериозни последици: многу ветерани и офицери биле отпуштени или ја напуштиле армијата, додека Италија и Франција по враќањето на Константин на престолот, своја подршка започнале да даваат на Мустафа Кемал. Конечно, во август 1922 година, турската војска го разбила грчкиот фронт и ја освоила Смирна во операција што довела до катастрофалниот Голем пожар на Смирна.

Грчката војска се евакуирала не само од Анадолија, туку и од Источна Тракија и островите Имброс и Тенедос, во согласност со условите на договорот од Лозана. Размена на населението меѓу Грција и Турција било договорено меѓу двете земји, со над 1,5 милиони христијани и речиси половина милион муслимани. Оваа катастрофа го означил крајот на Голема идеја и ја оставила Грција финансиски исцрпена и деморализирана.

Република и монархија (1922-1940)[уреди | уреди извор]

Прослава во Атина на Втората Грчка Република

Катастрофата ја продлабочила политичката криза. Армијата која се вратила од фронтот го принудила на кралот да се повлече повторно од функцијата во 1922 година, во корист на неговиот првороден син, Георги II. Револуционерниот комитет на чело со полковниците Стилијанос Гонатас (наскоро премиер) и Николаос Пластирас, се занимавале со „лов против ројалистите“, кулминирајќи со т.н. Судење на шестмината.

Грчките избори од 1923 година биле одржани за да се формира Национално собрание чија прва задача била да изготви нов устав. По неуспешниот обид за Државен удар на Леонардопулос-Гаргалидис, на 25 март 1924 година, Народното собрание донело одлука за промена на државното управување и Грција била прогласена за претседателска република, кралот Георги II заминал од земјата, а Александрос Папанастасиу станал прв премиер на Втората Грчка Република. На референдумот кој бил одржан подоцна, формално кралската династија била укинета.

Меѓутоа, новата република била изградена на нестабилни темели. Настанал националниот раскол, бидејќи монархистите, со исклучок на Јоанис Метаксас, не го признале републиканскиот режим подржуван од страна на Венизелистите. Армијата, која имала голема моќ, станала главен фактор на кој требало да се смета.

Грција станала дипломатски изолирана и ранлива, како што покажал инцидентот од Крф во 1923 година, а економските основи на државата биле во рушевини по една деценија војна и ненадејно зголемување на населението во земјата за една четвртина. Меѓутоа, бегалците донеле нов дух во Грција. Тие сега биле осиромашени, но пред 1922 година многумина биле претприемачи и добро образовани. Приврзаниците на Венизелос и Републиката, ја радикализиралет и одиграле водечка улога во поќчетоците на Комунистичката партија на Грција.

Во јуни 1925 година, генерал Теодорос Пангалос извршил државен удар и владеел како диктатор една година се додека не бил соборен од друг државен удар, на чело со Георгиос Кондилис, кој ја обновил републиката. Во меѓувреме, Пангалос успеал да ја вовлече Грција во краткотрајна војна со Бугарија, предизвикана од т.н. Петрички инцидент и направил неприфатливи отстапки во Солун и нејзината внатрешност во Југославија, во обид да ја добие својата поддршка за неговата реваншистичка политика против Турција.

Во 1928 година, Венизелос се вратил од егзил. По убедливата победа на грчките избори во 1928 година, тој формирал влада. Ова бил единствениот кабинет на Втората република што го извадил својот целосен четиригодишен мандат, а работата што ја оставила зад себе била доста значителна. Заедно со домашните реформи, Венизелос ги обновил грчките меѓународни односи, дури и иницирал грчко-турско помирување со посетата на Анкара и потпишувањето на Договорот за пријателство во 1930 година.

Големата депресија ја погодила и Грција, која и така била сиромашна земја и зависна од земјоделскиот извоз. Работите биле влошени со затворањето на патот за емиграција во САД. Големата невработеност и последователните социјални немири резултирле со зацврстување на Комунистичката партија на Грција. Венизелос бил принуден да го одложи враќањето на грчкиот национален долг во 1932 година, па истата година бил соборен од власр и наследен од страна на монархистичката коалициона влада предводена од Панагис Цалдарис од Народната партија.

Два неуспешни воени удари на Венизелистите следеле во 1933 и 1935 година, во обид да се зачува Републиката, но тие имале спротивен ефект. На 10 октомври 1935 година, неколку месеци по сузбивањето на обидот за државен удар од 1935 година, Георгиос Кондилис, поранешниот венизелист, ја укинал републиката преку друг државен удар и монархијата била обновена. На референдумот од 1935 година 97,88% од гласовите гласале за враќање на монархот, а кралот Георги II го испочитувал истото.

Конзервативниот режим на Јоанис Метаксас усвоил многу идеи и симболи на италијанскиот фашизам. Овде членовите на Националната организација на младите му даваат римски поздрав на Метаксас.

Кралот веднаш го отпуштил Кондилис и го назначил професор Константинос Демерцис за привремен премиер. Венизелос во меѓувреме, во егзил, побарал да се стави крај на конфликтот над монархијата, во поглед на заканата за Грција од подемот на Фашистичка Италија. Неговите наследници Темистоклис Софулис и Георгиос Папандреу се согласиле со тоа а реставрацијата на монархијата била прифатена. Грчките избори во 1936 година резултирале со победа на Либералите, при што комунистите држеле рамнотежа во паламентот. Во исто време, серија смртни случаи ја оставиле грчката политичка сцена во неред: Кондилис почина во февруари, Венизелос во март, Демерцис во април и Цалдарис во мај. Патот на Јоанис Метаксас бил отворен, кој го наследил Демерцис како привремен премиер.

Метаксас, пензиониран ројалистички генерал, верувал дека е неопходна авторитарна влада за да се спречи социјалниот конфликт и да се смири моќта на комунистите. На 4 август 1936 година, со поддршка на кралот, тој го суспендирал парламентот и го воспоставил режимот од 4 август. Комунистите биле потиснати и либералните водачи влегле во внатрешно прогонство. Режимот на Метаксас промовирал разни концепти како што биле „Третата хеленска цивилизација“, римскиот поздрав, Националната организација на младите и воведување мерки за добивање поддршка.

И покрај овие напори, режимот немал широка популарна база или масовно движење кое го поддржувало. Грчкиот народ бил генерално апатичен, без активно спротивставување на Метаксас. Метаксас, исто така, ја подобрил одбраната на земјата во подготовките за претстојната европска војна, и ја изградил т.н. линија на Метаксас. И покрај неговото аспирирање на фашизмот и силните економски врски со обновената Нацистичка Германија, Метаксас следел политика на неутралност, со оглед на традиционално силните врски на Грција со Велика Британија, засилени со личната ангрофилија на кралот. Во април 1939 година, италијанската закана одеднаш се приближила кога Италија ја анектирала Албанија, при што Британија јавно ги гарантирала границите на Грција. Така, кога Втората светска војна избувнала во септември 1939 година, Грција останала неутрална.

Втора светска војна[уреди | уреди извор]

И покрај оваа прогласена неутралност, Грција станала цел на експанзионистичката политика на Бенито Мусолини. Провокациите против Грција започнале кога на 15 август 1940 година италијанските сили го уништиле бродот Ели. Италијанските војници ја преминале границата на 28 октомври 1940 година, започнувајќи ја Грчко-италијанската војна, но биле запрени од решителна грчка одбрана која на крајот ги вратила во Албанија.

Метаксас починал во јануари 1941 година. Неговата смрт ги зголемила надежите за либерализација на неговиот режим и враќање на парламентарното владеење, но кралот ги укинал овие надежи кога го задржал механизмот на режимот. Во меѓувреме, Адолф Хитлер неволно бил принуден да ги пренасочи германските трупи за да го спаси Мусолини од пораз, а на 6 април 1941 година ја нападнал Грција преку Југославија и Бугарија. И покрај помошта од Британија, Германците го освоиле поголемиот дел од земјата до крајот на мај. Кралот и владата побегнале на Крит, каде што останале до крајот на битката за Крит. Потоа кралот се префрлил во Египет, каде била основана грчка влада во егзил.

Окупираната земја на Грција била поделена во три зони (германска, италијанска и бугарска) и во Атина бил формиран марионетен режим. Членовите биле или конзервативци или националисти со фашистичка наклонетост. Тројцата премиери биле Георгиос Цолакоглу, генерал кој го потпишал примирјето со Вермахтот, Константинос Логотетопулос и Јоанис Ралис, кој ја презел функцијата кога германскиот пораз бил неизбежен и имал за цел првенствено борба против левичарското движење на Отпорот. За таа цел, тој ги создал т.н. Тагмата асфалиас.

Грција имала големи последици за време на Втората светска војна, бидејќи Германците го присвоиле најголемиот дел од земјоделското производство во земјата и ги спречиле рибарите да работат. Како резултат на тоа, и поради тоа што британската блокада првично ги спречила странските хуманитарни напори, следел Големиот грчки глад. Илјадници Грци починале, особено во зимата на 1941-1942 година. Во планините на грчкото копно, во меѓувреме, се појавиле неколку грчки движења на отпорот, а до средината на 1943 година, силите на Оската ги контролирале само главните градови и поврзувачките патишта, додека во планините била основана Слободна Грција.

Најголемата група на отпорски движења, Народноослободителниот фронт (ЕАМ), била контролирана од страна на Комунистичката партија на Грција, како и Грчката народно-слободителна aрмија (ЕЛАС), предводена од Арис Велучиотис, а граѓанската војна наскоро избувнала токму помеѓу нив и некомунистичките групи како што била Народна Републиканска Грчка Лига (ЕДЕС) на чело со Наполеон Зервас. Прогонетите влади во Каиро повремено се поврзувалр со движењето на отпорот и практично немале влијание во окупираната земја. Дел од ова се должело и на непопуларноста на кралот во самата Грција, но и покрај напорите на грчките политичари, британската поддршка обезбедила задржување на чело на владата во Каиро.

Како што се приближувал германскиот пораз, така различните грчки политички фракции се состанале во Либан во мај 1944 година под британско покровителство и формирале влада на национално единство на чело со Георгиос Папандреу, во која ЕАМ била претставена од шест министри.

Граѓанска војна (1946-1949)[уреди | уреди извор]

Граѓанската војна во Грција била една од првите воени конфликти кој се случиле во периодот по завршувањето на Втората светска војна, кој траел од 1946 до 1949 година. Победата над комунистите било благодарение на идното грчко членство во НАТО, како и големата подршка што во тоа време и ја давала САД на Грција. Ова всушност претставува и започнување на Студената војна од страна на истокот и западот предводени од различните системи на владеење. По повлекувањето на Германија, герилската армија на ЕАМ-ЕЛАС ефективно го контролирал поголемиот дел од Грција, но нејзините водачи не сакале да ја преземат контролата врз земјата, бидејќи знаеле дека советскиот премиер Јосиф Сталин се согласил дека Грција ќе биде во британската сфера на влијание, откако ќе заврши војната. Граѓанската војна главно се водела помеѓу вооружените сили на грчката влада подржувана од страна на САД и Велика Британија од една страна, и грчките комунисти и членовите на најголемата во тоа време антинацистичка организација (ЕЛАС), поддржувана од самата Комунистичка партија на Грција.

Првата фаза од граѓанската војна се одвивала помеѓу 1942 и 1944 година. Левите и десните ориентации на партиите се спротивставувале помеѓу себеси, кое доведувало и до братоубиствена војна. Втората фаза која започнала во 1944 година, социјалистите кои контролирале голем дел од територијата на Грција, се спротивставиле на грчката влада која дотогаш била во бегство, надвор од Грција, поточно во Каиро. Третата фаза која започнала и завршила во 1946, била избрана десно ориентираната влада, под доста напрегнати услови, борејќи се против вооружаните територии на комунистите. КПГ останала како легална се до 1948 година, кога и била забранета од страна на Атина. Поразот на комунистите во Граѓанската војна во Грција, подржувани од Југославија и Албанија, довело до пристапување на Грција во НАТО и зацврстување на влијанието на САД во Егејско море до самиот крај на Студената војна.

Граѓанската војна резултирала со 100.000 убиени и предизвикала катастрофални економски нарушувања. Покрај тоа, најмалку 25.000 Грци и неодреден број македонски Словени биле или доброволно или насилно евакуирани во земјите на Источниот блок, додека 700.000 биле раселени лица во земјата. Многу повеќе емигрирале во Австралија и во други земји.

Поствоен период (1950–1973)[уреди | уреди извор]

По крајот на граѓанската војна, Грција се обидела да се приклучи кон западните демократии и станала членка на НАТО во 1952 година.

По Граѓанската војна (1946-49), партиите во парламентот биле поделени на три политички идеологии, центар, леви и десни партии.

Работници на улица пред нови станови изградени со помош на средствата на т.н. Маршалов план во Грција.

Во почетокот на 50-тите години, силите на Центарот (ЕПЕК) успеале да се здобијат со сила и под раководство на стариот генерал Н. Пластирас владееле околу половина од четиригодишниот мандат. По ова следеле серија на влади со ограничена маневрираност и несоодветно влијание на политичката сцена. Оваа влада, како и оние што следеле, постојано била под американско покровителство. Поразот на ЕПЕК на изборите од 1952 година, покрај зголемувањето на репресивните мерки што се однесувале на поразените од Граѓанската војна, го означил и крајот на општата политичка позиција што ја претставувала, имено политичкиот консензус и општественото помирување.

1960-тите години започнал периодот кога грчката економија брзо се развивала и била структурирана во рамките на европските и светските економски случувања. Една од главните карактеристики на тој период е зачленувањето на емјата во Европската економска заедница, во обид да се создаде заеднички пазар. Релевантниот договор бил договорен во 1962 година.

Стратегијата за развој, усвоена од земјата, била отелотворена во организираните петгодишни планови; сепак нивната ориентација била неопределена. Просечната годишна емиграција, којашто го апсорбирал вишокот работна сила и придонел за екстремно високи стапки на раст, го надминал годишниот природен прираст на населението. Приливот на големи количини на странски приватен капитал бил олеснет и потрошувачката била проширена.

Врв на развојот во земјата бил регистриран во производството, главно во текстилната, хемиската и металуршката индустрија, чија стапка на раст достигнала 11% во текот на 1965-70 година. Другата голема област каде што се случиле очигледни економски и социјални последици, било градежништвото. Политиката на αντιπαροχή (antiparochi), грчки изум што подразбирал концесија на градежното земјиште во замена за учество во во изградба на станбени згради, го фаворизирало создавањето на класа мали и средни изведувачи од една страна и го регулирал станбениот систем и имотниот статус од друга страна. Меѓутоа, исто така оваа програма станала одговорна за уништувањето на голем дел од традиционалната неокласична архитектура на земјата.

Воена хунта (1967-1974)[уреди | уреди извор]

Земјата продолжила со влегување во нова политичка криза. Поради тоа биле закажани избори кон крајот на април 1967 година. На 21 април 1967 година група десничарски полковници предводени од полковникот Јоргос Пападопулос ја презеле власта во државниот удар и воспоставиле воена хунта. Граѓанските слободи веднаш биле потиснати, а биле формирани и посебни воени судови, додека пак политичките партии биле распуштени.

Неколку илјади осомничени комунисти и политички противници биле затворени или протерани на оддалечените грчки острови. Наводната американска поддршка за хунтата се смета дека е причина за зголемување на антиамериканизмот во Грција за време на и по суровото владеење на хунтата. Раните години на хунтата исто така забележала значителен пресврт во економијата, со зголемени странски инвестиции и големи инфраструктурни проекти. Хунтата била широко осудена во странство, но внатре во земјата незадоволството започнало да се зголемува дури по 1970 година, кога економијата забавила.

Дури и вооружените сили, основачите на режимот, не дале целосна подршка. Во мај 1973 година, планираниот удар на Хеленската морнарица бил потиснат, но истиот довел до бунт на ХНС Велос, чии службеници побарале политички азил во Италија. Како одговор, лидерот на хунтата Пападопулос се обидел да управува со режимот преку контролирана демократизација, укинување на монархијата и прогласување на себеси за претседател на Републиката.

Транзиција и демократија (1973-2009)[уреди | уреди извор]

Грчките територијални промени помеѓу 1821 и 1947 година, покажувајќи ги териториите доделени на Грција во 1919 година и оние изгубени во 1923 година.

На 25 ноември 1973 година, по крвавото задушување на Атинското политехничко востание на 17 јули, Димитриос Јоанидис го соборил Пападопулос и се обидел да ја продолжи диктатурата и покрај немирите што предизвикале востанието. Обидот на Јоанидис во јули [1974] година за соборување на архиепископот Макариј III Кипарски, претседателот на Кипар, ја довело Грција на работ на војна со Турција, која го нападнала Кипар и окупирала дел од островот[5].

Високи грчки воени офицери потоа ја повлекле својата поддршка од хунтата, која се распаднала. Константин Караманлис се вратил од егзил во Франција за да формира влада на национално единство сé додека изборите не би можеле да се одржат. Караманлис работел на намалување на ризикот од војна со Турција и, исто така, ја легализирал Комунистичката партија, која била нелегална уште од 1947 година[5]. Неговата новоорганизирана партија, Нова демократија (НД), победила на изборите одржани во ноември 1974 година и тој станал премиер.

По референдумот од 1974 година што резултирал со укинување на монархијата, новиот устав бил одобрен од парламентот на 19 јуни 1975 година. Парламентот го избрал Константинос Цацос за претседател на Републиката. На парламентарните избори од 1977 година, Нова демократија повторно освоила мнозинство места. Во мај 1980 година, премиерот Караманлис бил избран да го наследи Цацос за претседател. Јоргос Ралис го наследи Караманлис за премиер.

На 1 јануари 1981 година Грција станала десетта членка на Европската заедница (денес Европска Унија)[6]. На парламентарните избори што се одржале на 18 октомври 1981 година, Грција ја избрала својата прва социјалистичка влада кога ПАСОК, предводена од Андреас Папандреу, освоила 172 места од 300 места. На 29 март 1985 година, откако премиерот Папандреу одбил да го поддржи претседателот Караманлис за втор мандат, судијата на Врховниот суд Христос Сарцетакис бил избран за претседател од страна на грчкиот парламент.

Грција имала два круга парламентарни избори во 1989 година кои создале слаба коалициона влада со ограничени мандати. Партиските лидери ја повлекле својата поддршка во февруари 1990 година, а изборите се одржале на 8 април. Нова демократија, предводена од Константин Мицотакис, освоила 150 места на тие избори, а потоа добила уште две други. Сепак, поделбата меѓу Мицотакис и неговиот прв министер за надворешни работи, Андонис Самарас, во 1992 година, довело до разрешување на Самарас и евентуален колапс на владата на НД. На новите избори во септември 1993 година Папандреу се вратил на власт.

На 17 јануари 1996 година, по долготрајна болест, Папандреу поднел оставка и бил заменет како премиер на поранешниот министер за трговија и индустрија Костас Симитис. За неколку дена, новиот премиер морал да се справи со големата грчко-турска криза за островите Имија / Кардак. Симитис подоцна победил на реизборот на изборите во 1996 и 2000 година. Во 2004 година Симитис се повлекол и Јоргос Папандреу го наследил како водач на ПАСОК[7].

На изборите во март 2004 година, ПАСОК бил поразен од Нова демократија, предводена од Костас Караманлис, внук на поранешниот претседател. Владата ги закажала предвремените избори во септември 2007 година (нормално, изборите требало да се одржат во март 2008 година), а Нова демократија повторно била мнозинска партија во парламентот. Како резултат на тој пораз, ПАСОК направил партиски избори за нов лидер. Во тој натпревар, Јоргос Папандреу бил реизбран за претседател. Сепак, на изборите во 2009 година ПАСОК станала мнозинска партија во Парламентот и Јоргос Папандреу станал премиер на Грција. Откако ПАСОК го изгубил мнозинството во парламентот, НД и ПАСОК се приклучиле на помалиот народен православен собир во голема коалиција, ветувајќи ја својата парламентарна поддршка за влада на национално единство на чело со поранешниот потпретседател на Европската централна банка, Лукас Пападемос.

Економска криза (2009-денес)[уреди | уреди извор]

Од крајот на 2009 година стравувањата од криза на должничкиот долг се развиле меѓу инвеститорите во врска со способноста на Грција да ги исполни должничките обврски поради силниот раст на нивото на државниот долг[8][9]. Ова довело до криза во земјата.

На 2 мај 2010 година, земјите од Еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд се договориле за заем од 110 милијарди евра за Грција, услов за спроведување на строги мерки на штедење. Во октомври 2011 година, лидерите на Еврозоната, исто така, се согласиле за предлогот за отпис на 50% од грчкиот долг кон приватните кредитори, зголемувајќи го ЕФСФ на околу 1 трилион евра и барајќи од европските банки да постигнат 9% капитализација за да го намалат ризикот во други земји. Овие мерки на штедење се покажале крајно непопуларни кај грчката јавност, предизвикувајќи демонстрации и граѓански немири.

По изборните избори во мај 2012 година, кога партијата Нова демократија станала најголема партија во грчкиот парламент, Самарас, лидерот на НД, бил повикан од грчкиот претседател Каролос Папуљас да се обиде да формира влада[10]. Сепак, по тешки преговори со другите партии во парламентот, Самарас официјално објавил дека се откажува од мандатот за формирање влада. Задачата му била предадена на Алексис Ципрас, лидер на СИРИЗА (втора по големина партија), која исто така не била во можност да формира влада[11]. Откако и ПАСОК, исто така, не успеала да преговара за успешен договор за формирање на влада, итните преговори со претседателот завршиле со закажување нови избори, додека Панајотис Пикраменкос бил назначен за премиер во владата.

Гласачите уште еднаш излегле на гласање во јуни 2012 година. Нова демократија била повторно победничка и тоа во посилна позиција со 129 места, во споредба со 108 на изборите во мај. На 20 јуни 2012 година, Самарас успешно формирал коалиција со ПАСОК (предводена од поранешниот министер за финансии Евангелос Венизелос) и Демократска левица.

На изборите во јануари 2015 година, победила партијата на СИРИЗА, а Алексис Ципрас бил избран за нов премиер на земјата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Cavendish, Marshall (2009). World and Its Peoples. Marshall Cavendish. стр. 1478. ISBN 0-7614-7902-3. „Клефтите беа потомци на Грците кои избегаа во планините за да ги избегнат Турците во XV век и кои останаа активни како бригади до деветнаесеттиот век.“ 
  2. John S. Koliopoulos, Brigands with a Cause - Brigandage and Irredentism in Modern Greece 1821-1912, Clarendon Press Oxford (1987), p. 67.
  3. Orlando Figes, The Crimean War(2010 pp 32-40, 139
  4. Spencer C. Tucker (2009). A Global Chronology of Conflict. ABC-CLIO. стр. 1210. https://books.google.com/books?id=h5_tSnygvbIC&pg=PA1210. 
  5. 5,0 5,1 Clogg, Richard. A Concise history of Greece.
  6. EU members - Chronology - Ministère des Affaires étrangères Архивирано 24 March 2012 во Wayback Machine.
  7. PM Simitis resigns as PASOK president, initiates election of new party leader Архивирано 17 February 2012 во Wayback Machine.
  8. George Matlock. „Peripheral euro zone government bond spreads widen“, 16 февруари 2010 (посет. 28 април 2010 г).
  9. Acropolis now“, „The Economist“, 29 април 2010 (посет. 22 јуни 2011 г).
  10. "Samaras tries to form Greek coalition". Rthk.hk. Архивирано од изворникот на 10 August 2013. конс. 14 May 2012.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  11. Petrakis, Maria. „Greek Government Mandate to Pass to Syriza as Samaras Fails“, Bloomberg (посет. 14 мај 2012 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]