Гаојао
Гаојао 高要区 | |
---|---|
околија | |
![]() | |
![]() Местоположба на Гаојао (црвено) во рамките на градот Џаоќинг и покраината Гуангдунг | |
Местоположба во Гуангдунг | |
Координати: 23°02′N 112°27′E / 23.033° СГШ; 112.450° ИГДКоординати: 23°02′N 112°27′E / 23.033° СГШ; 112.450° ИГД | |
Земја | Кина |
Покраина | Гуангдунг |
Окружен град | Џаоќинг |
Часовен појас | кинески стандарден (UTC+8) |
Гаојао (кинески: 高要; пинјин: Gāoyào; кантонски јитпинг: Gou1-jiu3) — подрачје на градот Џаоќинг во западниот дел на покраината Гуангдунг, Кина. Населението брои 753.120 жители (2010).
Name[уреди | уреди извор]
Името буквално значи „висока желба“ — поранешно име на клисурата Лингјенг на реката Си. Порано ова име го носела околната месност, а подоцна и управното седиште на подрачјето.
Географија[уреди | уреди извор]
Геојао лежи на јужниот брег на реката Си, спроти централниот дел на Џаоќинг. Обете се оддалечени околу 100 км од покраинската престолнина Гуангџоу.
Историја[уреди | уреди извор]
За време на династиите Ќин и Хан (III в. п.н.е. - III век н.е.) Гаојао бил свој округ и местото било управен центар на подрачјето. За време на династијата Суеј (VI - VII в.), управата е преместена отаде реката, во околијата Дуенџоу, и подоцна преименувана во Џаоќинг за време на династијата Сунг (X - XIII век). Гаојао продолжил да опстанува како посебен округ во состав на заповедништвото на Џаоќинг.[1] Во 1993 г. е унапреден окружен град, а потоа во градско подрачје на Џаоќинг.
Знаменитости[уреди | уреди извор]
Гаојао има неколку знаменитости од кои се Црвениот достојнички дом, павилјонот Сјуегунг како и три различни пагоди.
Галерија[уреди | уреди извор]
Управа[уреди | уреди извор]
Во Гаојао спаѓаат една подоколија и неколку гратчиња:
Разно[уреди | уреди извор]
- Гаојао е во тесна географска и културна врска со соседната околија Дуенџоу на градот Џаоќинг. Овие две градски подрачја се поврзани со два патни и еден железнички мост.
- Многу мештани на Гаојао денес се во дијаспората, особено во Сиднеј, Австралија.[2]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Bolton & al. (1941), стр. 262.
- ↑ Heritage Council of NSW: Yiu Ming Temple
- Bolton, Kingsley; и др. (1941). „Triad Societies, Vol. 5“. Abingdon: Routledge., препеч. 2000.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Гаојао“ на Ризницата ? |