Волково (археолошки наоѓалишта)
Изглед
- Дубиче — некропола од железното време. На 500 м северно од селото, на левата страна од патот за селото Орман има блага падина што се спушта кон асфалтниот пат, на која се наоѓаат делови од камени плочи од надгробни конструкции. Се работи за некропола од постарото железно време (VII-VI век пред н.е.), на која на неколку наврати биле вршени мали археолошки ископувања (1952, 1954 и 1962 година). Откриени се повеќе погребувања во гробови од камени плочи од типот на тип циста, со инхумација и со гробни прилози од керамика, накит и оружје. Со интензивното обработување на теренот некрополата е уништена во голема мера. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје и во Музејот на Град Скопје.
- Ливада — некропола од римското време. Според белешките на М. Грбиќ, од десната страна на железничката пруга Орман-Волково била констатирана некропола од која потекнува римски надгробен споменик со натпис.
- Уши — населба од римското време. На 2 км југозападно од селото, во лозовите насади со површина од 1,5 хектар се среќаваат многубројни остатоци од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди и друг градежен материјал.
- Црквиште — осамен наод од римското време. Во 1958 година во нива од селото Кучково, што се наоѓа на околу 500 м од десниот брег на Лепенец, случајно е откопан мермерен споменик со двојазичен натпис на грчки и латински.
Литература
[уреди | уреди извор]- Археолошка карта на Република Македонија, Том 2, 1996, издание на МАНУ, Скопје, Македонија.