Владо Макеларски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Владо Д. Макеларски (с. Макелари, Албанија, 1919- 29 јануари 1993)[1] бил македонски првоборец, носител на Партизанска споменица 1941.

Животопис[уреди | уреди извор]

Владо Макеларски е роден во албанското село Макелари во 1919 година. Бил член на КПЈ од 1941 година и првоборец, носител на Партизанска споменица 1941. По Ослободувањето бил член на Земскиот одбор на ССМ и директор на Фабриката за керамика „Југ“ во Скопје. Ја прифатил Резолуцијата на Информбирото во 1949 и бил испратен на Голи Оток.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Владо Макеларски, носител на Партизанска споменица 1941 година“. Утрински Весник. 29 јануари 2003. Посетено на 2009-11-15.
  2. Димче Најчески, „Голооточки сведоштва“, III, Последици, Скопје, 2006, 38.