Владимир Богоевски
Владимир Богоевски | ||
Роден | 1 декември 1953 Скопје | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | Факултет за физичка култура - Скопје |
Владимир Богоевски, најпознат македонски одбојкар,кој има исклучителна кариера во европски и светски рамки како одбојкар и како тренер.Со неговата брилијантна игра на светската одбојка ќе и даде придонес со два нови елемента, -првиот одбрана на топка со упијач,а притоа да е дланката во контакт со подлогата и вториот елемент блокирање на противничкиот сервис (1974 Констанца -Романија ) ,кој е укинат после ОИ во Лос Анџелес 1984.
Како први одбојкари од Европа,Богоевски во тандем со германскиот одбојкар Буркхард Суде се натпреварува во „ волеј бич„ односно одбојка на плажа.
Владимир Богоевски е еден од оснивачите на Македонскиот Олимписки Комитет ( 1992) и негов прв Потпретседател, а од 2009 година е назначен за спортски директор на МОК
Почеток на спортската кариера
[уреди | уреди извор]Одбојка почнал да игра во скопски Студент, а набрзо се префрлил во Вардар.Со овој клуб има шампионска титула во Југославија(1975/1976), и е прогласен за најдобар играч на сезоната во Југославија. 1979 година како предводник,капитен и тренер со екипата на Вардар го освојува купот на Југославија.Потоа е предводник на „црвено-црните“ во Купот на шампионите (денешна ЛШ),во која дојде до фајналфорот во Финска (1977). Таму е прогласен за најдобар играч и е дел од најдобрата шесторка во Европа и настапи во Селекцијата на светот (1986 Софија ) Во државната одбојкарска репрезентација на Југославија ќе настапи 257 натпревари. Богатата спортска кариера како репрезентативец на Југославија ја надополнува со настапи на девет Балканијади,две Медитерански игри каде е освојувач на златни медали (1975 Алжир и 1979 Сплит),четири Европски првенства од кои на две освоени бронзени медали (1975 Белград, 1979 Париз) и една Летна Олимпијада, освоено шесто место (1980 Москва )
Интернационална играчка кариера
[уреди | уреди извор]Како интернационалец, патот го одведе во Шпанија, каде што настапуваше за Реал Мадрид со кој го освои првенството на Шпанија и Купот на кралот во 1983 година, а потоа во Белгија со екипата на Херенталс го освојува купот на Белгија 1984.
Интернационална тренерска кариера
[уреди | уреди извор]Тренер на Југословенската одбојкарска репрезентација од 1985 до 1992
- Учество во завршна фаза на три Европски првенства (1987,1989,1991)
- Две златни медаљи на балканијадите во Грција и Југославија (1986 и 1988)
- Златна медаља на Универзијадата во Загреб (1987)
- Сребрена медаља на медитеранските игри во Атина ( 1991)
Како тренер има титули во купот и првенството на СФРЈугославија, со Партизан од Белград (1991/1992).
Тренер на клубот Сон Амар од Палма де Мајорка
[уреди | уреди извор]Со овој клуб за кусо време има постигнато одлични резултати во Шпанија.
Клубот Сон Амар играше во Европските купови, во Купот на ЦЕФ каде го освои второто место. На "фајнел фор° во Италија, во првиот меч Сон Амар ја победи Падова со 3:2, додека во решавачкиот меч за првото место загуби од клубот Марчерата со 3:2, иако водеше со 2:0 во сетови.
Ова е најголем успех на Сон Амар во неговата историја. На патот до второто место во Европа ги елиминира сараевска Босна, потоа и по една екипа од Холандија, Португалија и две екипи од Русија, пласирајќи се меѓу четирите најдобри екипи во Европа за да на крајот бидат втори.
Ја има предводено Тарагона и Палма де Мајорка, со која го освои Купот на Шпанија. Со Сон Амар стигна и до 2. место на Купот ЦЕВ
Тренер на грчки ПАОК
[уреди | уреди извор]По Шпанија, две сезони мина во грчки ПАОК, каде ја завршува својата тренерска кариера.
Награди и признанија
[уреди | уреди извор]- Добитник на Орден Заслуги на Народ сосребрена ѕвезда во СФРЈугославија
-Заслужен спортист на СФРЈугославија
-Двапати спортист на Македонија (1975 и 1979 )
- Пет пати најдобар спортист на Спортско Друштво Вардар
- Најдобар играч на Куп на шампиони ( 1977 Суботица )
- Великан на Македонски Олимписки Комитет
- Национално признание - Спортска пензија
- Добитник на 13 Ноемвриска награда како спортист ( 1974 )
- Добитник на 13 Ноемврсиска награда за животно дело (2023 )
- Добитник на Мајска награда
- Одликуван со Медал за заслуги на Македонија од страна на Претседателот Стево Пендаровски