Вистинска крв

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вистинска крв
True Blood
Жанрдрама, вампирска, комедија, хорор
Создадена одАлан Бол
УлогиАна Пакин
Стивен Мојер
Сем Трамел
Рајан Квантен
Александар Скарсгерд
Маршал Олмен
Рутина Весли
Крис Бауер
Кристин Бауер ван Стратен
Нелсон Елис
Воведна темаBad Things од Џејс Еверет
Земја на потекло САД
Првичен јазиканглиски
Бр. на сезони4
Бр. на епизоди48
Продукција
Извршен продуцент(и)Алан Бол
Времетраење50-60 мин.
Прикажување
Првична мрежаHBO
Првично прикажување7 септември 2008
Надворешни врски
Мрежна страницаhbo.com/true-blood

Вистинска крв (оригинал англиски: True Blood) е американска телевизиска серија создадена и продуцирана од Алан Бол. Вистинска крв е заснована на серијалот романи Јужните вампирски мистерии од Шарлин Харис, и се занимава со заедничкото живеење на вампирите и луѓето, во измислено мало гратче во Лузијана, наречено Бон Темпс. Централна личност во серијалот е Суки Стакхаус (Ана Пакин), келнерка со телепатски способности, која работи во бар, која се вљубува во вампирот Бил Комптон (Стивен Мојер).

Серијата премиерно се емитува на кабловската програма HBO во Соединетите Американски Држави. Продукцијата е на HBO во соработка со продукциската компанија на Бол, Your Face Goes Here Entertainment. Првата епизода беше прикажана на 7 септември 2008 година.

Првата сезона доби многу критички признанија и освои неколку награди, вклучувајќи Златен глобус и Еми. Втората сезона на серијалот премиерно беше прикажана на 14 јуни 2009 година, а третата сезона на 13 јуни 2010 година. На 21 јуни 2010, НВО ја закажа четвртата сезона на Вистинска крв, која треба да почне да се прикажува на 12 јуни 2011 година.