Вилија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вилија
Вілія / Neris
Neris river in Vilnius.jpg
Нерис (Вилија) во Вилнус, Литванија
Земја Белорусија, Литванија
Слив
Главен извор Белорусија
 
Устие Неман
Гол. на сливот 25.100 км²
Физички особености
Должина 510 км
Проток
  • Просечен:
    182 м³/с
Нерис кај Зелениот мост во Вилнус
Спојот на Вилија и Нарач
Спојот на Неман и Нерис кај Каунас

Вилија (белоруски: Вілія, полски: Wilia) или Нерис (литвански: Neris) — река во Белорусија и Литванија, десна притока на Неман. Долга е вкупно 510 км.

Извира во Белорусија и тече низ земјата 276 км[1] и се нарекува Вилија, па продолжува во Литванија 235 км под името Нерис.

Нерис ја поврзува старата престолнина Кернаве со денешниот главен град Вилнус. Долж бреговите се наоѓаат гробници од стариот век. Кај селото Кармазинај, 25 км од Вилнус се расположени погребни могили со камења од митолошко значење и свет даб.

Сливно подрачје[уреди | уреди извор]

Во Белорусија[уреди | уреди извор]

Од вкупното сливно подрачје, 10.920 км2 ѝ припаѓаат на Белорусија .[1]Во Белурусија реката се нарекува Вилија. На неа се наоѓа Вилејското Езеро кај градот Вилејка. Ова е најголемото вештачко езеро во земјата и второ по големина, по приридното езеро Нарач.

Десни притоки[уреди | уреди извор]

Леви притоки[уреди | уреди извор]

  • Илија
  • Вуша
  • Ошмјанка

Во Литванија[уреди | уреди извор]

Сливното подрачје на реката во Литванија изнесува 13.849 км2, каде таа се нарекува Нерис.[2]

Притоки[уреди | уреди извор]

  • Вилња
  • Воке
  • Бражуоле
  • Дукшта
  • Мусе
  • Лаукиста
  • Ломена
  • Локис
  • Шешува
  • Сајде

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]