Вик (клисура)
Вик / Викос Φαρράγγι του Βίκου | |
Поглед на клисурата Вик од Белои
| |
Земја | Грција |
---|---|
Регион | Епир |
Округ | Јанина |
Општина | Загори |
Должина | 20 км |
Ширина | до 0,4 км |
Длабочина | 450 до 1.600 м |
Вик или Викос (грчки: Φαράγγι του Βίκου) — длабока клисура во Пинд, во областа Епир. Се наоѓа на јужната страна на планината Тимфи и е со должина од околу 20 км, променлива длабочина од 450 до 1 600 м, како и ширина од 400 м до само неколку метри во најтесниот дел[1] Името потекнува од словенскиот поим вик, што се однесува на одекот што се слуша кога некој вика.[2]
Се смета за најдлабока клисура или кањон на светот според Гинисовата книга на рекорди.[3]
Клисурата се наоѓа во централниот дел на Националниот парк Вик-Војуша во областа Загори. Започнува меѓу селата Горно Маало, маало на блиското село Везица (Вица), денес Монодрендри[4] и Кукули, и завршува во близина на селото Високо (Вицико, Викос).[5]
Низ клисурата тече Водоматица, една од притоките на реката Војуша.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Amanatidou, Despoina (2005). „A case study in Vikos-Aoos National Park – Greece“ (PDF). Универзитет Фрајбург. Посетено на 8 март 2017.
- ↑ „ΒΙΚΟΣ: ΕΝΑ ΣΥΝΤΟΜΟ ΙΣΤΟΡΙΚΟ ΤΟΥ ΧΩΡΙΟΥ ΜΑΣ“. Βίκος - Ζαγοροχώρια. 24 февруари 2012. Посетено на 15 јуни 2022.
- ↑ Guinness World Records 2005: Special 50th Anniversary Edition. Guinness World Records. 2004. стр. 52. ISBN 978-1-892051-22-6.
- ↑ A. Kathareios (Inspector of the 1st educational region of Epirus) Report of Inspection of Zagorochoria in 1913
- ↑ „Natura 2000 Data Form. Site code: GR2130009“ (PDF). Натура 2000. 2009. стр. 8. Посетено на 8 март 2017.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Вик (клисура) на Ризницата ?
- Планинарење по клисурата Вик (англиски)