Водоматица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Водоматица
Βοϊδομάτης
Voidomatis bridge on the way to Papigo.jpg
Мост на Водоматица
ЗемјаГрција
Слив
УстиеВојуша
40°00′49″ N; 20°38′40″ E / 40.0136° N; 20.6445° E / 40.0136; 20.6445Координати: 40°00′49″ N; 20°38′40″ E / 40.0136° N; 20.6445° E / 40.0136; 20.6445
ТечениеВојушаЈадранско Море
Водоматица на Ризницата

Водоматица (грчки: Βοϊδομάτης, Војдоматис) — река во Јанинскиот Округ на областа Епир, северозападна Грција, притока на Војуша. Извира под селото Високо (Викос) и по течението се спојува со други водотеци кои се спуштаат по падините на Тимфи или од клисурата Високо (Викос), па завршува недалеку од гратчето Коница. Има вкупна должина од 15 км.[1]

И покрај нејзиното име, Водоматица важи за една од најчистите реки во Европа и не страда од никакви еколошки проблеми. Минува низ еден од највпечатливите природни предели во земјата, во состав Националниот парк Високо-Војуша уште од од 1973 година. Реката ја пресекуваат повеќе камени мостови, од кои најпознат е Клидонскиот кај клисурата Високо[2]. По Водоматица се одвиваат водени спортови како сплаварење и кајакарство.

Водоматица има сезонски водостој, иако никогаш не пресушува. Просечната темепратура на водата не надминува 4 °C.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Travel Magic. (2009). ΒΟΪΔΟΜΑΤΗΣ ΠΟΤΑΜΟΣ. посетено на 6 јули 2013
  2. „Το Γεφύρι της Κλειδωνιάς“. Архивирано од изворникот на 2009-09-17. Посетено на 2009-11-18.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]