Виктор Елм

Од Википедија — слободната енциклопедија
Виктор Елм игра за АЗ во 2012

Виктор Себастијан Елм (роден на 13 ноември 1985 година) е поранешен шведски професионален фудбалер кој играл на позицијата на централен бек и на позицијата играч од средниот ред. Најдобрите негови игри биле во тимот на Калмар со кој ги освоил Шведскиот Куп во 2007 година и Алсвенскан лигата во 2008 година. Тој играл и за тимовите на Херенфен и АЗ во Холандија. Како репрезентативец помеѓу годините 2008 и 2011, тој одиграл 10 натпревари за репрезентацијата на Шведска.

Виктор е постар брат на Расмус Елм и помлад брат на Дејвид Елм, и двајцата биле поранешни фудбалери.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Фалкенберг ФФ[уреди | уреди извор]

Елм одиграл вкупно 28 натпревари за клубот на Фалкенберг и постигнал 8 гола од 32 во сезоната 2005 година.

Калмар ФФ[уреди | уреди извор]

Елм му се приклучил на тимот на Калмар, бидејќи пристигнал од ФФ Фалкенбергс пред да започне сезоната 2006 година, каде што играл веќе неговиот помлад брат Расмус, а на крајот на сезоната во клубот дошол и нивниот најстар брат од тимот на Фалкенберг. На 9 април 2007 година тие биле вкупно само второто трио браќа кои биле играчи на еден заеднички тим во Алсвенскан лигата.[1][2] Во таа насока рекордот го држеле браќата Нордал кои биле вкупно 5 на број.[3]

Виктор и неговите браќа одиграле голема улога во вториот, особено во дел од сезоната 2007 [4] што довело до тоа Калмар да го израмни својот најдобар резултат во Алсвенскан лигата уште од далечната 1985 година. Калмар на крајот од сезоната завршиле како втора екипа на табелата. Исто така клубот го освоил шведски куп, и тоа првпат по 1987 година.

Во сезоната 2008, Елм бил уште поискусен за освојување на титулата во првата лига постигнувајќи 15 гола, вклучувајќи и четири голови во последниот домашен натпревар за делотворно да ја освои титулата [5] и воедно да ја освои наградата „Најдобар шведски играч од средниот ред на годината“.[6] Во натпреварите на Купот на УЕФА тимот на Калмар, го победил холандскиот гигант Фејенорд. На овој натпревар Елм го постигнал победничкиот гол за својот тим, а тоа бил првиот натпревар од првото коло на Купот на УЕФА 2008-09.[7]

На крајот на сезоната 2008, договорот на Елм истекол и тој бил слободен играч. Преминал во тимот на Рода, каде на 79 натпревари постигнал 24 голови.

СЦ Херенфен[уреди | уреди извор]

Подоцна Елм потпишал за холандскиот тим СЦ Херенфен. Во текот на есента 2008 година тој потпишал за тимот и откако се отворила трансфер можноста во јануари 2009 година и официјално бил играч на Херенфен. Своите први два гола за клубот ги постигнал против тимот на Фејенорд во четвртото коло од Купот на КНВБ 2008–09.[8]

Неговиот прв гол пак во Ередивизија, првата холандска лига го постигнал на 8 февруари 2009 година, на натпревар против тимот на НАЦ Бреда.[9]

По сезоната 2012, Елм останал без договор со Херенфен и по 102 настапи и 15 гола во првата холандска лига одлучил дека е време за нов предизвик.

АЗ Алкмар[уреди | уреди извор]

Во јуни 2012 година, Елм потпишал четиригодишен договор со тимот АЗ Алкмар, соединувајќи се со неговиот брат Расмус за прв пат од нивниот поранешен престој во тимот на Калмар ФФ. 

Својот прв натпревар го имал во ремито од 2-2 против големиот Ајакс на 12 август 2012 година. Својот прв хет-трик (три голови на еден натпревар) го постигнал на 27 септември во победата во КНВБ Куп со 4:1 против тимот на СЦ Фолендам. На 30 септември тој го постигнал својот прв лигашки гол во ремито од 3:3 против тимот на РКЦ Валвијк. Елм бил капитен на тимот на АЗ за прв пат на натпреварот против тимот на ВВВ Венло на 25 јануари 2013 година (победа од 4:1), бидејќи Мартен Мартенс тогаш бил повреден, а Ник Виргевер бил суспендиран поради казна. Елм постигнал 5 гола во Купот од КНВБ. Таа година тимот на АЗ го освоил пехарот во купот по 4-ти пат во клупската историја. Клубот на АЗ имал вкупно три шампионски титули во Лигата. (прва холандска лига)[се бара извор]

Во сезоната 2013-14, Елм одиграл вкупно 49 од можни 58 натпревари, вклучително и 11 сè до полуфиналето на Лига Европа. Елм таа сезона постигнал 3 гола во Лигата .[се бара извор]

Враќање во Калмар ФФ[уреди | уреди извор]

На 30 март 2015 година, било објавено дека Елм ќе се врати во неговиот поранешен клуб Калмар ФФ. Таму повторно се соединил со своите двајца браќа Дејвид и Расмус.[10] Тој го објавил своето повлекување од професионалниот фудбал на 16 декември 2020 година.[11]

Меѓународна кариера[уреди | уреди извор]

Елм го одиграл својот прв натпревар за шведската репрезентација против тимот на Соединетите Држави на 19 јануари 2008 година, а својот прв натпревар во квалификациите за Светското првенство во ФИФА 2010 година го имал на 6 јуни 2009 година во поразот од 0:1 од Данска. На овој натпревар Елм влегол како замена за Даниел Андерсон во 68 минута.[12]

Статистика во кариерата[уреди | уреди извор]

Лигашки и клупски натпревари по сезони Лигашки натпревари Куп натпревари Континетални Европски Други Вкупно
Сезона Клуб Лига Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови
Шведска Лига Свенска Куп Европски Други Вкупно
2004[13] Фалкенберг фф Суперетан

втора лига

4 0 0 0 0 0 0 0 4 0
2005[13] 28 8 0 0 0 0 0 0 28 8
2006[14] Калмар фф Алсвенскан 24 5 4 0 6 1 0 0 34 6
2007[15] 24 4 4 0 0 0 0 0 28 4
2008[16] 30 15 5 3 5 1 1 0 41 19
Холандија Лига КНВБ Куп Европски Други Вкупно
2008–09[17] Херенфен Ередивизија

прва лига на Холандија

12 4 4 4 0 0 0 0 16 8
2009–10[18] Херенфен Ередивизија

прва лига на Холандија

28 5 2 2 6 1 1 0 37 8
2010–11[18] Херенфен Ередивизија

прва лига на Холандија

17 3 1 1 0 0 0 0 18 4
Вкупно Шведска 110 32 13 3 11 2 1 0 135 37
Холандија 57 12 7 7 6 1 1 0 71 20
Вкупно во кариера 160 41 20 10 17 3 2 0 199 54

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Matchinformation: AIK – Kalmar FF – svenskfotboll.se“. Svenskfotboll.se. Архивирано од изворникот на 16 December 2007. Посетено на 16 March 2009.
  2. Sandqvist, Anders (10 April 2007). „Bröderna Elm historiska“. Expressen (шведски). Архивирано од изворникот на 25 May 2012. Посетено на 16 March 2009.
  3. „Tre BRÖDER mot startelvan“. Aftonbladet (шведски). 3 April 2007. Посетено на 18 March 2009.
  4. „Kalmar vann ett silver“. Dagens Nyheter (шведски). 28 October 2007. Архивирано од изворникот на 2009-03-14. Посетено на 18 March 2009.
  5. „Kalmar ready to celebrate maiden title“. uefa.se. 2 November 2008. Посетено на 18 March 2009.
  6. „Årets Mittfältare 2008“ (шведски). Svenskfotboll.se. 20 January 2009. Архивирано од изворникот на 21 February 2009. Посетено на 21 January 2009.
  7. „UEFA Cup – Fixtures & Results – Match Specific“. UEFA. 18 September 2008. Посетено на 21 January 2009.
  8. „Dutch Cup round-up“. Skysports.com. 20 January 2009. Посетено на 20 January 2009.
  9. „Heerenveen 3 – 1 NAC Breda“. ESPNsoccernet. Архивирано од изворникот на 2012-10-14. Посетено на 18 March 2008.
  10. Update: AZ bevestigt vertrek van middenvelder naar vaderland Zweden (Dutch). Voetbalprimeur. 30 March 2015.
  11. „Avslutade karriären med smärtor i halvtid“.
  12. „Europe – Group 1, Sweden – Denmark“. FIFA. Архивирано од изворникот на 11 June 2009. Посетено на 7 June 2009.
  13. 13,0 13,1 „Statistik/ligor“ (шведски). Svenskfotboll.se. Архивирано од изворникот на 21 February 2009. Посетено на 20 January 2009.
  14. „Matcher A-laget 2006“. Kalmarff.se. Архивирано од изворникот на 5 August 2006. Посетено на 17 March 2009.
  15. „Matcher A-laget 2007“. Kalmarff.se. Архивирано од изворникот на 11 October 2007. Посетено на 17 March 2009.
  16. „Matcher A-laget 2008“. Kalmarff.se. Архивирано од изворникот на 19 December 2008. Посетено на 17 March 2009.
  17. „Viktor Elm Profile“. sc-heerenveen.nl. Архивирано од изворникот на 11 April 2009. Посетено на 17 March 2009.
  18. 18,0 18,1 „Viktor Elm Profile“. sc-heerenveen.nl. Архивирано од изворникот на 27 February 2010. Посетено на 6 November 2010.

 Надворешни врски[уреди | уреди извор]