Википедија:Уредувачки натпревари/Потребни статии

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Shared Knowledge Logo.svg
Glam Macedonia.svg
Уредувачки натпревари.svg
Уредувачки натпревар на тема
„Потребни статии“

 

од 15 април до 15 мај 2020 година

 

Уредувачки натпревар на тема „Потребни статии“ — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“, „ГЛАМ Македонија“ и Википедија на македонски јазик, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на тема „Потребни статии“. Право на учество на натпреварот ќе имаат исклучиво ученици на возраст од 15 до 18 години. Сите останати немаат право на учество на натпреварот!

Важно: Пред да уредувате, погледајте ги напомените во „Материјали“ подолу со цел да знаете за кои статии треба да пишувате.

Натпреварот почнува на 15 април 2020 г. во 00:00 ч. и завршува на 15 мај 2020 г. во 23:59 ч. по македонско време.

Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија).

Учесниците во рамките на натпреварот треба да уредуваат статии, кои се потребни на Википедија на македонски јазик, односно се врски во статии и недостигаат на Википедија на македонски јазик. Бидејќи темата е специфична, ве замолуваме прочитајте во целост на оваа страница. Доколку имате некои прашања, поставете ги на страницата за разговор на истава страница, така што ќе бидат одговорени од нашите корисници.

Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале.

Статиите ќе ги прегледува жири, кое ќе биде составено од четворица википедијанци. Жирито ќе ја донесе конечната одлука за победникот.

Членовите на жирито ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10.

Член на жирито може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, ако е помала од 5.000 бајти или ако е со помалку од 5 реченици, или да е напишана со машински превод кој е неразбирлив). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот.

Покрај пишувањето на нови статии, учесниците имаа прилика и значајно да прошират постоечка статија (никулец), така што жирито ќе оценува колкав е новиот дел и бодовите ќе бидат доделени за тој дел.

Победникот на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе собере најмногу бодови.

Во натпреварот имаат можност да учествуваат сите регистрирани корисници ученици на возраст од 15 до 18 години, на Википедија на македонски јазик, а за најдобрите учесници се обезбедени награди.

Список на натпреварувачи[уреди извор]

евиденција

Додајте го своето име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди (~). Воедно, пријавете и на страницата „евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси.

Предлози за статии[уреди извор]

Списокот на 5.000 потребни статии е достапен на следната врска.

Материјали[уреди извор]

При создавање на нова статија, побарајте ја истата на некое друго јазично издание.

Членови на жирито[уреди извор]

  1. Виолетова (Ж1)
  2. MacedonianBoy (Ж2)
  3. Инокентиј (Ж3)
  4. Kiril Simeonovski (Ж4)

Награди[уреди извор]

Наградите за овој натпревар се предвидени да бидат вредносни купони за книги/материјали, техничка стока или спортска опрема по избор на добитникот.

На натпреварот ќе се доделат три награди за најдобрите тројца уредници, кои ќе бидат прогласени по оценувањето на статиите од страна на жири-комисијата.

I награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 5.000 денари.

II награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 3.000 денари.

III награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 2.000 денари.

Резултати[уреди извор]

Списокот на оценети статии е достапен на страницата со евиденција. Во табелата во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на жири-комисијата.