Википедија:Селска чешма (Идеи)/Архива 3

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Архива Оваа страница е архива. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Упатете ги вашите коментари на сегашната страница за разговор.
Архива 3


Важно[уреди извор]

Мислам дека може да се кажи дека е време да се пристапи и на квалитетизација (ако постои таков збор) на содржината а не само на квантитетизација - односно сакам да кажам дека сите тие статии кои имаат таг {{Внимание}} би требало конечно да се разгледаат. Мислам дека имаше многу критики кога „само шаблони ставав“ ама навистина сите статии со таков шаблон немаат вики формат (во најмала рака), или пак содржината е неразбирлива. Мислам треба да се разгледаат - т.е. ВикиПроект ВНИМАНИЕ... Вашите размислувања? т.е. доброволци за помош?

  • За  ---Raso mk 16:11, 22 април 2008 (UTC)
  • За  --Поречанец A? 16:14, 22 април 2008 (UTC) Коментар  И тоа како! Фала Богу му текна на некој.
  • За  --brest 20:44, 22 април 2008 (UTC)
  • За  --Виктор Јованоски 10:25, 23 април 2008 (UTC) Коментар  Ај да не го цитирам Александар... патем, кога сме веќе кај тоа, видете овде - нешто што се разговараше пред неколку месеци, но што, освен некои промени, не донесе нешто посебно. И во врска со ВикиПроект ВНИМАНИЕ - јас ќе можам да се приклучам активно во досредување и средување, по, отприлика, еден месец (може и помалку, само не сум сигурен). Само да знаете дека учествувам.
Епа мислам дека сме доволно, секој друг кој е желен, е добредојден да се пријави... Сега работата е шо јас не сум бил во ВикиПроект и не знам како сето то би требало да функционира, па некоја идеја? Да почниме по азбучен ред или како? Кој ќе ја преземе која статија, дали по групи, неколку луѓе од А-М другите од Н-Ш, или како? И да започниме во поскоро време додека сум на компјутер со пристап секојдневен на интернет (уште десеттина дена). Inverted Pentagram.svg гитардемонInverted Pentagram.svg 17:15, 23 април 2008 (UTC)
Е ајде де, ајде да почнуваме. Прво, да си искажам неколку главни мислења околу ова. Мислам дека мора да направиме различни категории за различни нивоа и типови на несредени страници, како и соодветни шаблони. Пример: општи 3-4 нивоа на несреденост, статии за правописна ревизија, статии за категоризирање, статии со несредени внатрешни (вики) врски, статии без заглавија, итн итн. Исто така, мислам дека мора да бидеме строги, односно статии со многу лоша структура и статии без добри изгледи за да бидат средени, треба да бидат бришени до одреден временски рок. Мислам дека не можеме да ги ставаме во ист кош сите несредени статии, бидејќи на некои им фали малку, а некои нема шанси да се средат. Тие што се ужасни, подобро да ги нема, полесно би било одново да се напишат. Всушност, ова не би требало тука да го пишувам, дајте да почнеме! --Поречанец A? 13:25, 26 април 2008 (UTC)

Продолжение на горенаведеното[уреди извор]

Денес е 10 јули и стигнавме до бројката 18.000 статии. Уште 2000 статии ни фалат до 20-ката и мислам дека тој јубилеј треба соодветно да го одбележиме. Го знаете овој разговор - Главна страница#Нови содржини, предлог за создавање на секција новости на главната страница. Мислам дека до дваесет илјадарката можеме да започнеме ВикиПроект Вести и да уредиме портал, а по некој месец и да направиме редизајн на главната страница, вклучувајќи ја новата секција. Мислам дека имаме капацитет да ги менуваме вестите секој ден, јас се пријавувам како прв волонтер за таа задача. По три наслова од Македонија, три наслова од светот, линк до кратка статија за секој наслов, а во статииите и надворешни врски до весници. Се надевам дека ќе се излаже некој да не користи нас за да се информира за новости; ако успееме во тоа, ќе ја зголемиме читаноста. Зголемена читаност = пријавување на повеќе википедијанци. Повеќе википедијанци = повеќе статии и содржини. Затоа е од голема важност да го почнеме овој зафат, за да извршиме промоција на Википедија. Да удриме 20.000 и да ја средиме главната со новости, па ќе пратиме по еден email на поголемите печатени весници, така „случајно“ ќе отвориме дискусии на поголемите форуми, како Кајгана на пример, и се надевам дека ќе си има тоа свој ефект.

Инаку, добивам впечаток дека никој не ги чита овие страници. Пред некое време се излагав и напишав едно слично вакво размислување во Википедија:Портал/Википолитика, но не добив некој поголем фидбек. Затоа рачно ќе ве известувам сите за ова овде што го напишав на вашите страници за разговор, а од сега па понатаму ги молам администраторите и сите заинтересирани да ги набљудуваат сите подстраници од порталот и разговорот за главната страница. Ве молам, клик на набљудувај, толку е лесно, затоа служи тоа. За да не мора да си се покануваме на страниците за разговор за секоја дискусија. Мора да го зголемиме нивото на комуникација за да можеме да се координираме подобро.

Погоре е наведен предлог за конечно средување на {{внимание}} страниците. Иако има доста доброволци и поддржувачи, сепак нема резултати. Истото важи и со идејата за порталот вести. Има иницијатива, има и заинтересирани, но фали завршниот удар, конечната поделба на задачите или барем нивна конкретизација. Вака нема да напредуваме ако продолжиме. Малце ситуацијата е алармантна - имаме еден куп на слики кои немаат лиценци и извори, и до денес повеќето не ги подигнуваат сликите без да стават еден шаблон {{Слика-инфо}}! Не се само сликите без извори, туку и статиите. Што се случи со цитирајте извори? Ни отиде веродостојноста како енциклопедија. И до денес голем дел од уредувачите не наведуваат извори за материјалот кој го пишуваат. Па ајде барем поискусните уредувачи, ве молам, да покажеме пример малку со подигнувањето слики и со цитирањето референци, бидејќи тоа не можеме да го очекуваме од новодојдените. Кога сме и кај новодојдените, како да ги истренираме да работат правилно кога нема соодветен материјал за помош? На содржината на Помош:Содржина и фали уште многу содржина! Мора да делуваме, додека уште не е предоцна. Ако уште толку се наполниме со неправилни слики и со несреден и непроверен текст, подоцна нема шанси да се оправиме. Да не се повторувам попусто, прочитајте го и ова, таму имам наведено некои предлози. Треба да покажеме малку поголема строгост и конкретност во работата. И пак ве молам, обрнете внимание на ова. Доколку се согласувате, ќе почнеме да ги формулираме првите поприоритетни постапки. Откако ќе ги формулираме постапките, ќе направиме план за работа. Откако ќе ја испланираме работата, ќе ја поделиме меѓусебно, кој што конкретно да работи. Само така ќе постигнеме успех. Сето ова ќе ни помогне и со привлечувањето на нови корисници, бидејќи со овој фонд на активни википедијанци со кои располагаме моментално напредуваме многу, многу бавно. Поздрав, --Brainmachinewtf? 11:24, 10 јули 2008 (UTC)


Здраво и од мене! Те подржувам за се и редно е да се стави Википедија со ред. Јас би коментирал нешто што мене ме засега. Имено, треба да се направи иницијатива или каков било вид на мерка за користење на стандарден литературен македонски јазик. Голем број на статии се без соодветни стандарди за јазикот и слични такви работи. Што се однесува за вестите, и јас би се нафатил за уредување на вестите и ја подржувам таа идеа, ама треба малу работа за да се стигне до тоа ниво. И конечно треба да се РЕДИЗАЈНИРА Главната Страна. Поздрав од мене! --MacedonianBoy 18:22, 10 јули 2008 (UTC)


Безусловно се согласувам на сето она што го излагаш и спремен сум да помагам со сѐ што ќе решиме — било тоа страници за помош, вести, статии или подобрувања. Единствено не сум многу упатен во менување на интерфејс и таквите кодови. За сѐ друго ја имате мојата наполна поддршка и учество. Поздрав --Б. Јанкулоскиразговор 21:18, 10 јули 2008 (UTC)


Се согласувам и јас потполно со вас и ви стојам на располагање. Рашо|Let's Talk 21:42, 10 јули 2008 (UTC)


Пред било што да кажам, морам прво да ги пофалам Зоки и Аце за ангажираноста и посветеноста на Википедија изминативе неколку месеци. Поточно, не да ги пофалам (искрено, не се сметам за доволно компетентен да кажам такво нешто, зашто тоа би имплицирала некаква надреденост), туку да им кажам дека им се восхитувам за тоа што го прават на Википедија: едно е да пишуваш статии (за нешта што ни се интересни и што ни се допаѓаат), а сосема друго да се грижиш за техничките аспекти на Википедија што, повеќе или помалку, се основа на секаква натамошна работа, а што истовремено, се занемарени од најголем дел од корисниците. Се надевам дека нема да навредам никого, но мислам дека освен Милош, никој друг (секако ниту јас) не се има вистински заинтересирано за лиценцирањето на сликите - дури ни по заканата од Future Perfect at Sunrise. Зоки и Аце не само што се заинтересираа, туку и потполно се посветија на работата. Дури и кога повеќето молчеа. Е тоа е за восхит.

Сега да се вратам на дискусијата.

  • Прво и основно - и секако најважно - по стигнувањето до 20,000 статии ќе се појави линк до македонската Википедија на главната страница на англиската Википедија; а тоа мислам дека во најмала мера бара да ја потсредиме главната страница. Во однос на изгледот - не можам да дадам предлог, но можам да кажам дека од другите Википедии, најмногу ми се допаѓа изгледот на српската (и не верувам дека ова е изненадување), чешката и шпанската главна страница. Само тоа не треба да значи ништо. Во однос на содржината - веројатно навистина ни недостасува само уште секција Вести (или Новости). Искрено, бев малку скептичен во врска со неа, од причина што сигурен сум дека ентузијазмот ќе се оддржи првите неколку месеци, но постои веројатност по некое време да бидат подзаборавени. Сега мислам малку поинаку - вакво нешто навистина не мора да биде нешто лошо: некои новости навистина смеат да бидат новости и некој подолг период (да речеме, на повеќето Википедии сѐ уште пишува дека Шпанија е европски шампион или дека Рафаел Надал го освои Вимблдон; ова секако веќе не се новости, но, и кога би постојале и следната недела не би штетело никому); така што, барем кога сум јас во прашање, давам поддршка за идејата да вклучиме и една ваква секција. Другото мислам дека е добро - единствено би можело да се поработи на шаблоните за секцијата На денешен ден - еден период јас и Брест се обидувавме да направиме нешто вакво (значи со слика), но набрзо престанавме, па беа направени такви шаблони само за неколку дена.
  • Кога е во прашање средувањето на страниците на кои стои шаблонот внимание мислам дека тоа е една од работите што може лесно да се заврши само е потребна некаква организација; од прилика има (сега за сега) шестотини обележани со {{внимание}}, па доволно би било да се пријават шест-седум луѓе и секој да среди по стотина - нормално, доколку има што да се спаси - да се спаси; доколку нема - да се избрише: да не биде статијата само статистички податок, туку навистина статија. Јас уште веднаш се пријавувам за ова - само не ми текнува начин како да ги поделиме обврските за да нема мешање и поклопување (се надевам некој има идеја).
  • Очигледно најсериозен проблем ни се сликите. Да си признаам - мене ми е нивното средување здодевно (колку и да беше кратко). Како и да е, кога е во прашање овој проблем, мислам дека немам што да кажам, зашто Зоки веќe има убаво објаснето на Википедија:Портал/Википолитика; ќе си дадам слобода да го цитирам:

Очигледно имаме проблеми со подигнувањето на слики; имаме голем број на стари слики без наведени извори и лиценци и поголемиот број од нив не треба да се најдат на проектот, бидејќи ги прекршуваат авторските права. Веќе подигнатите се обидуваме да ги исправиме и ќе ни биде потребен голем труд да го постигнеме тоа. Но, проблемот е што корисниците продолжуваат да подигнуваат слики кои ги наоѓаат на првиот веб-сајт што ќе го пронајдат. Ќе ги цититам првите реченици од статијата за помош, Википедија:Подигнување на слики:

...повеќето слики кои се наоѓаат на интернет се со авторски права и не се соодветни за Википедија. Ако не сте ја создале сликата или не сте во можност да го проверете статусот на авторското право, не ја подигајте сликата.

Не можеме да ги обвиниме корисниците заради прекршувања на правилата. Едноставно не постои систем на информирање, што и како треба да направат. Очигледно нашите википедијанци имаат проблеми со читање на работи поставени во кутии, затоа сите предупредувања кои стојат на Специјални:Upload се игнорираат. Потребни се водичи и чекор по чекор напатствија. Очајно ни се потребни. За подигањето на слики, погледнете само каква е процедурата кај англиската и кај хрватската (копија од англиската) википедија . Она што се користи таму е едноставен и впечатлив прашалник, кој го прашува подигачот на сликата за соодветни информации и е едноставен за користење. Силно препорачувам да го адаптираме и искористиме истиот систем на подигање на слики.


  • Само кога се во прашање изворите и нивното цитирање се сметам за доволно компетентен да зборувам - многу малку уредувачи користат извори; а и оние што користат не ги преведуваат; навистина поголем дел и не мора да се преведат (што го прави уште потрагичен фактот што ние не ги користиме), но, некои навистина бараат потреба од превод - да речеме, статијата што следната недела треба да биде избрана (и што сосема заслужува такво нешто) - Чај - ги има оставено сите белешки што ги има и на англиското издание, но дел од нив (на пример, 13 и 14) не можат да стојат без да бидат преведени. Реков дека се чувствувам компетентен да зборувам за ова, зашто од својата прва до својата последна статија (во чие уредување сум учествувал, зашто тие воопшто не се мои статии), ниту еднаш не сум ги запоставил изворите. Сосема напротив, еден од приоритетите секогаш ми се токму тие - затоа и на 90% од статиите во кој сум имал некој поголем удел секој навод е преведен на македонски. Мора да сфатиме дека најголем проблем на Википедија е токму нејзиниот благослов: можноста секој да ја уредува имплицира ужасна потреба од докажување на точноста на секој нејзин збор; ние сме (во главно) преведувачи, не стручни лица; оттука, мораме многу да внимаваме на изворите. На пример, пред некој ден зборував со другар за Фридрих Ниче и тој ми спомна дека некаде има прочитано дека философот на некоја свеченост трчал гол врискајќи Јас сум Дионисиј! Нормално, како и секоја друга информација што се движи на работ на возможното - морав да го проверам и ова. Единственото место каде што досега го најдов овој податок е токму статијата на македонската Википедија. Не го избришав. Причината: не мора да значи дека не е точно - некој може навистина да го има прочитано во некоја книга или на интернет. Сега се обидувам да го најдам тоа место. Ако не го најдам - информацијата не е точна (без разлика на тоа што настанот може да е вистинит). Сега се сетив дека морам да споменам уште нешто важно - реков дека сме преведувачи, а не стручни лица. Ова не е сосема точно - не мора да имаме диплома за да можеме да речеме дека сме стручни. Што се однесува до мене, сѐ додека нешто нѐ интересира и сѐ додека за истото тоа нешто имаме прочитано и видено сто илјади страници и инсерти - сѐ дотогаш ние сме стручни лица. Нормално, за да го докажеме тоа, мораме да цитираме! Да речеме, повеќето од статиите на кои имам пишувано а кои припаѓаат на мојата примарна област на интерес - Поезијата - содржат низа цитати и белешки што ги нема на другите Википедии (нормално, од книги што се напишани на македонски и кои им се многу подостапни на читателите на македонската Википедија). На истите статии обично им додавам и по некоја надворешна врска кон страници на кои има напишано нешто на македонски за темата од интерес (за пример види Вилијам Блејк). И мислам дека токму тоа треба да се прави секаде кадешто постои можност - не цитирајте и не правете надворешни врски само кон книги што не ни можат да се најдат во Македонија и само кон страници на англиски јазик, туку и кон книги кои ги имате дома, книги кои може секој читател да ги најде во библиотека, страници од архивата на македонските весници (види, на пример, Артур Рембо) или некои други места што можат навистина да бидат од полза... Единствениот среќен пример што мора да се издвои кога е во прашање цитирањето се статиите поврзани со македонската историја - е, таму навистина можете да се изначитате наводи, белешки и цитати и навистина им симнувам шапка на сите уредувачи што имаат потрошено доста време да ги најдат истите. Да пробаме да ја оддржиме веродостојноста и кај другите статии - на крајот на краиштата, како што спомнав погоре, не е воопшто тешко: ако не нешто друго, само не ги бришете референците од статијата која ја преведувате; и толку.
  • Нешто што не беше спомнато, а на што треба да обрнеме внимание е командата REDIRECT; еден другар ме обвини дека потрошил многу долго време да најде извесна статија (не се сеќавам која, само знам дека беше за некој филм) само зошто Википедија немала соодветен spelling-check. И во право е. Кратко кажано, Википедија ќе најде само ако ние ѝ дозволиме да најде. Затоа, треба да се прават доста пренасочувања. Исто - можеби треба да размислиме на главната страница да биде посочено дека се пребарува со кирилична поддршка, зашто, верувале или не, многу луѓе мислат дека Википедија нема многу статии само зошто пишуваат на латиница во соодветното поле.
  • Можеби изгледа дека наградите не се од голема важност, но не е сосема точно. Само сепак, Мое мислење е дека не се приоритет; но и тие треба да се средат за брзо време. Само да ги унифицираме и после е лесно да се додаваат посебни титули на базичната слика. Веќе има многу идеи (многу Википедијанци си имаат направено свои верзии на англиските барнстари и мислам дека само треба малку да се поразговара за ова, па сѐ да биде средено.

И конечно да дадам и заклучок. Повторно ќе искористам еден цитат на Зоки (веќе реков дека се восхитувам на неговиот ентузијазам и работа):

...моја препорака е моментално, барем администраторите и уредувачите-ветерани, да ја паузираме продукцијата на енциклопедиски статии и да го префрлиме вниманието кон насочувањето на македонската Википедија токму во таа вистинска насока и истовремено да создадаваме поволен терен за нови генерации на корисници. Премногу енергија трошиме на исправување на грешки; банален е следниов израз, но подобро е најпрвин да спречиме отколку да лечиме. Овој период, наместо да пишуваме статии за секакви филмови, шпански серии, темплари, витези и најразлични турски дијалекти, да се организираме и да почнеме и да го средиме Википедија именскиот простор, да овозможиме најосновни статии за помош по примерот на другите Википедии и да создадеме системи за привлекување и обучување на нови корисници, кои се иднината на овој проект.


Токму тоа е и мојата препорака - да престанеме да пишуваме статии! Наместо тоа, да си ги поделиме задачите и да почнеме да ги преведуваме напатствијата, да ги лиценцираме и бришеме сликите и да ги средиме статиите обележани со {{внимание}} Толку е: 1, 2, 3. Само што не е толку лесно. Предлагам да почнеме од тука, тука и тука (редоследно). Пред некое време напишав нешто слично на страницата за разговор од главната страница, но останав само на тоа. Напишав и како тука да заврши мојата работа. Се надевам дека овој пат иницијативата на Аце и Зоки нема да заврши така - уште веднаш да се организираме (и Аце се враќа од одмор за неколку дена) и секој да се посвети работата. Мислам дека ако имаме организација и ако секој го заврши својот дел од задачата, до крајот на летово, ќе можеме слободно (и безбедно) да ја оставиме Википедија да расте. Дотогаш, претпоставувам ќе нѐ има и на главната страница на англиската Википедија. Поздрав, --Виктор Јованоски 23:54, 10 јули 2008 (UTC)

Здраво на сите. Како прво, поправката на статии и контролата на содржини и слики е континуиран процес кој и досега требало да го прават пред сѐ администраторите, а и понатаму. Тоа не значи дека тие треба да ги досредуваат статиите, туку да ги означуваат за средување, или евентуално да ги бришат тие што се junk. Ако ова не им стане секојдневна рутина, ќе се провлекуваат сѐ повеќе несредени статии. Означувањето треба да биде малку попрецизно - не само {{внимание}}, туку:
  • статии на кои им недостигаат извори
  • правопис и јазик
  • превод
  • вики форматирање, итн.

За да се реши проблемот со натрупаните неквалитетни страници, постојат два можни приоди:

  1. Акцијашки и систематски да се исчистат содржините како што некои предлагаат, или
  2. Хегелијанскиот дијалектички - да се создадат повеќе нови квалитетни содржини при што уделот на неквалитетните автоматски ќе се намали (преод на квантитет во квалитет, ви текнува :-) )

Јас сум за овој вториов пристап, бидејќи: 1) наместо да се занимаваме само со „чистење“ ќе направиме повеќе нови статии и ќе ја надминеме важната граница од 20.000; 2) сега има многу повеќе компетентни администратори и корисници што сигурно ќе придонесе за подобра контрола на квалитетот на новосоздадените статии; и 3) ако создадеме нови 20.000 квалитетни статии - џанкот се намалил за пола.

Што не значи дека чистењето треба да се занемари како редовна задача...

И то. Поздрав, --Crnorizec 01:20, 11 јули 2008 (UTC)

Crnorizec, ќе ме извинете, но јас не се согласувам. Еве што предлагате вие, сликовито прикажно: Моментално ние сме како еден град и имаме сериозни проблеми со глад, невработеност, лоша инфраструктура и необразовано население. Но, градот одлучува, наместо да ја отстрани таа невработеност и корупција, да почне со градење на нови станбени згради од познати архитекти, да прави културни манифестации и да населува поугледни граѓани, надевајќи се дека со тоа ќе исчезне репутацијата во државата како лош град. Така нема да се обрнува вниманието на „лошата страна“ на градот и ќе се прикријат проблемите. Исто така се надева дека со текот на времето и со минимални ресурси, проблемите сами ќе се решат. НЕ! Тоа не е решението! Нема да бидеме ние таква градска управа! Најпрвин ќе се погрижиме за гетото, а дури подоцна ќе го градиме финансискиот кварт! Јас силно препорачувам да го усвоиме акцијашкиот и систематскиот пристап првин, а потоа, откако е сѐ е исчистено да продолжиме со создавање на новите, квалитетни статии. Ако сега не продолжиме со кампањата за расчистување, никогаш нема да ја средиме. Нема шанси да дојде расчистувањето како редовна задача на дневниот ред. Затоа го започнувам ова - ВикиПроект Оддржување. Ова што овде го начнавме, да го продолжиме таму. Таму веќе наведувам конкретни чекори што треба да се работи. Потполно се согласувам со Виктор за цитирањето на извори и за тоа од каде да се започне и по кој редослед - од администрацијата, од сликите, па потоа од статиите за внимание. Сега конкретно ни се потребни доброволци, минимум двајца администратори за средување на сликите (бидејќи таму ќе има доста бришење) и тројца доброволци за средувањето на статиите кои бараат внимание. Исто така, треба веќе да направиме консензус за терминологијата која ќе ја користиме во администрацијата, на пр. како да преведеме policies and guidelines? Работата и на сликите и на статиите ќе биде доста тешка. Администраторите ќе треба да користат надворешни алатки за да ги пронаоѓаат сликите и да ги средуваат, а и средувањето на {{внимание}} нема да биде лесно. 600 статии и околу 3000 слики (слободна проценка), навистина не знам кој ќе има потешка работа. Но, да не ве демотивира ова :D Сила сме ние! Полека, полека, ќе ја завршиме работата, а потоа одиме со утврдување на сите стандарди со кои ќе работиме во иднина, за да бидеме спремни за 20k.
Инаку, Виктор, за редизајнот на страницата, овде направив дизајн сличен на англиската википедија и мислам дека може да стои. А за наградите, направив еден шаблон {{Барнстар}}, прилично лесен е за користење. --Brainmachinewtf? 02:20, 11 јули 2008 (UTC)
ОК е редизајнот, ама Please смени од зелена во светла црвена со жолто. Да се знае чива е википедијата, со наши бои. Поздрав!--MacedonianBoy 10:47, 11 јули 2008 (UTC)

Одлично е тоа шо има загрижени за текот на проектот и што се појавуваат иницијативи за негово подобрување. Погоре изнесени се предлози, подршки кон предлозите, аргументи и контрааргументи и сето тоа е добро. Се надевам дека ова ќе резултира со навистина подобра википедија на македонски јазик. За жал сеуште немаме доволен број на сериозни уредувачи кои се подготвени да потрошат добар дел од своето време за да допринесат за остварување на овде прокламираните заложби. Веројатно потребите и желбите на корисниците на википедија се поголеми од можностите на уредувачите. Мораме да бидеме свесни дека идеите и иницијативите изнесени овде до сега не наидувале на некој голем одзив, освен неколку изјави за подршка но не и акции во прилог на остварување на идеите.

До овој момент мислам дека википедија на македонски јазик се развива во сите можни правци согласно интересите на уредувачите без некои поголеми конфликтни ситуации. Имаме неколку посериозни конфликтни ситуации: некои историски статии (про македонска vs про бугарска струја vs про ...), проблемот со лиценците на сликите (конфликт инициран од страна на администратор на википедија на англиски јазик во врска со принципите на википедија), мали конфликти при избор на избрани статии и/или слики.

Тоа значи дека во моментов википедија на македонски јазик се развива одлично согласно можностите и капацитетите на уредувачите.

Некои корисници работат на уредување на статии поврзани со различни говорни јазици, има простор и понатаму да се развиват овие содржини, потребна е дполнителна помош од другите уредувачи бидејќи полето за работа е огромно. Некоја друга група на корисници се зафатиле да работат на википедија политиките / принципите, полето за работа е огромно и исто така има потреба од помош од други уредувачи. Некои се зафатиле со уредување на статиите од типот на денешен ден, ... и ја гураат работата додека има потреба, исто така потребна е помош од други уредувачи. Некои се имаат зафатено со работи околу средувањето на интерфејсот на википедија, постојано излегуваат нови работи кои треба да се ажурираат. Некои уредувачи се имаат зафатено со категоризација, интервики врски и сл. Илузорно е да очекувате дека некој ќе ви се придружи во вашата работа само затоа што вие чувствувате деко тоа е од есенцијална важност за википедија, важно е што другиот уредувач чувствува дека е есенцијално важно. Понекогаш вашата макотрпна работа може да предизвика акција кај останатите уредувачи да ви помогнат во вашата работа а многу често нема никој да ви обрне внимание на вашата работа. Можеби вашата работа ќе го смени текот на развој на википедија и перцепцијата кај корисниците за тоа што е википедија. Работата на Б. Јанкулоски е добар пример, тој воспоставува стандарди кои подоцна се следат преќутно од другите. Raso mk и Macedonianboy, исто така оставаат траги со својата работа, поставуваат стандарди кои подоцна се следени од другите уредувачи. Иако понекогаш овие востановени стандарди не се најдобри, и ако малку подобро се размислело пред да се направат сигурно дека ќе се изнајдело подобро решение, ама секогаш има можност подоцна да се заменат со подобри.

Затоа бидете храбри во ажурирањето на страниците и останатите содржини и не чекајте некој друг да ја заврши работата која ја посакувате или сметате дека треба да биде завршена, бидејќи само така барем малку ќе придонесете кон подобрување на википедија на македонски јазик. Идејата на Crnorizec не е за занемарување, како ни предлозите на Brainmachine, Виктор Јованоски, INkubusse или било кој друг.

Доколку сметате дека сте завршиле голема работа со вашиот придонес во одредена област, имате можност да се нафрлите на работа во друга област доколку и понатаму имате енергија за тоа. Нови корисници ќе привлечеме само доколку понудиме содржини по квантитет и квалитет кои ќе ја задоволат нивната глад за информации. Од овие корисници подоцна постои голема веројатност да се саморегрутираат уредувачи кои ќе се обидат да направат проширување на википедија.

Многу од идеите можат да се реализираат без барање одобрување или согласност од другите уредувачи. Постојат само мал број на случаи каде е потребен минимален консензус за да се направат некои промени, а се надевам доколку се даде добар предлог за измени нема да биде проблем да се изгласаат тие промени и да се реализираат. Овде мислам на идеите за промена на дизајнот на главната страница и вметнување на нова рубрика/вести. Сепак википедија не е само главната страница. Јас порано предложив рубриката вести да се инкорпорира во некој портал и да видиме дали има некој мад.ња да ја одржува ажурна, бидете свесни дека веќе имаме проблеми со избор на статија и слика на седмицата. Што се однесува до редизајнот на главната страница треба да се отвори конкретна тема за тоа и таму да ги пренасочиме нашите дискусии во врска со редизајнот.

За крај давам целосна подршка на сите изнесени идеи. --brest 11:43, 11 јули 2008 (UTC)


Што сакате правете, јас значи пак за џабе зборував. --Brainmachinewtf? 14:23, 11 јули 2008 (UTC)