Википедија:Меѓународен ден на бегалците 2022

Од Википедија — слободната енциклопедија

Меѓународен ден на бегалците 2022 — меѓународна иницијатива за одбележување на Светскиот ден на бегалците (20 јуни), поттикната од страна на Викимедија Србија, којашто имала за цел создавање содржини за поголема покриеност на темите поврзани со тековните бегалски кризи, човековите права на бегалците, филмови и книги за бегалските искуства, како и организации и активисти за бегалските права. Бегалците не само што го напуштаат своето родно огниште и се упатуваат кон непознатото, туку секојдневно се соочуваат и со дискриминација, ксенофобија и други облици на насилство, што е особено штетно за децата и жените бегалци. Оттука, главна цел на меѓунатодната иницијатива е да се сузбијат предрасудите и дискриминиацијата кон бегалците преку раширување на слободното знаење за проблемите и пречките со коишто се соочуваат.

Во насока на поголема застапеност на темите поврзани со бегалците на македонски јазик, заедницата на Википедија на македонски јазик зела учество преку организирање уредувачка седмица на тема „Бегалци“ во периодот 20–26 јуни 2022 година.

Упатство за учество[уреди извор]

Основни податоци[уреди извор]

  • Почеток: 20 јуни 2022 г. во 00:00 ч. (CEST).
  • Крај: 26 јуни 2022 г. во 23:59 ч. (CEST).
  • Место на одржување: секое место со пристап до интернет.
  • Тема: Бегалци.

Пријава[уреди извор]

  • Чекор 1: Создајте корисничка сметка тука или најавете се доколку веќе имате.
  • Чекор 2: Додадете го корисничкото име во списокот на учесници и одберете статија од списокот на статии за уредување. Со цел да се спречи истовремено уредување на една статија од повеќе учесници, задолжително додадете ги статиите коишто планирате да ги уредувате во списокот на учесници.
  • Чекор 3: Додека сте најавени, пријавете се со своето корисничко име на контролната табла на иницијативата. Последното овозможува преглед на сите уредувања направени за време на уредувачката седмица.

Награди[уреди извор]

Награди им биле доделени на тројцата најплодотворни учесници во облик на вредносни купони за книги или техничка опрема, и тоа:

  • Прва награда: купон во вредност од 4.000 денари.
  • Втора награда: купон во вредност од 3.000 денари.
  • Трета награда: купон во вредност од 2.000 денари.

Важно: За да се освои било која награда, потребно било да се создадат или подобрат најмалку 20 статии!

Содржина за уредување статии[уреди извор]

Кратко видео-упатство за тоа како се користи алатката за превод на статии на Википедија (видеото е со македонски превод)

Во овој дел е направен преглед на корисни материјали за уредување, наведен е список со потребни статии, а прикажана е и табела за евиденција на придонесите. Додавањето нови содржини можело да се врши преку превод на содржини од другите јазични изданија на Википедија, но особено се охрабрувало дополнување со информации од други расположливи материјали. Препорака за новите и помалку искусни корисници било да ја користат алатката за превод на статии на Википедија (видео-упатство од десната страна).

Материјали за уредување[уреди извор]

Други јазични изданија на Википедија

Списоци на статии за уредување[уреди извор]

Изборот на статии за уредување е потребно да се врши од следниот список:

Список на учесници[уреди извор]

Бр. Корисник Придонеси
1 Тиверополник
  1. Бегалска нација
  2. Урбани бегалци
  3. Декларација за заштита на жените и децата во итни случаи и вооружени судири
  4. Вработување бегалци
  5. Атински бегалски сквотови
  6. Бегалски камп (Морија)
  7. Бегалски камп (Кацикас)
  8. Бегалски камп (Кара Тепе)
  9. Бегалски камп (Нијатак)
  10. Награда за бегалци „Нансен“
  11. Бегалски патен документ
  12. Уверение за идентитет на бегалец
  13. Глобален договор за бегалците
  14. Европскиот фонд за бегалци
  15. Центар за студии за бегалци
  16. Женска комисија за бегалци
  17. Норвешки совет за бегалци
  18. Дански совет за бегалци
  19. Европски совет за бегалци
  20. Језуитска служба за бегалци
  21. Меѓународен проект за помош на бегалците
  • (Н) — новосоздадена статија
  • (П) — подобрена статија

Резултати[уреди извор]

Број Корисник Збирен резултат1
1 Тиверополник 171.455

1 Збирниот резултат претставува број на додадени бајти на Википедија преку уредените статии, за што е користена контролната табла на иницијативата на којашто биле пријавени сите учесници.

Надворешни врски[уреди извор]