Википедија:Избрана статија/2021/14

Од Википедија — слободната енциклопедија
Madeira topographic map-mk.svg

Мадеирапортугалски архипелаг во Атлантскиот Океан, кој се наоѓа на помалку од 400 километри северно од Тенерифе, Канарски Острови. Мадеира воедно е назначен како најоддалечениот регион на Европската Унија. Мадеира е една од двете автономни региони на Португалија, другиот регион е соседната островска група наречена Азорски Острови. Архипелагот е составен од островските групи: Мадеира, Порто Санто, Пусти Острови и Дивјачки Острови.

Мадеира била повторно пронајдена во 1419 година од португалските морепловци кои биле во службата на принцот Д. Енрике (Енрике Морепловецот), а ја населиле по 1420 година. Овој архилепаг се смета за првото територијално откритие во времето на португалскиот период на откритија.

Денеска Мадеира е едно од најпопуларните светски одморалишта, чии знаменитости се виното „Мадеира“, цвеќињата и рачната изработка, везилското занаетчиство, како и новогодишните прослави проследени со претстави со спектакуларни огномети (според Гинисовата книга на рекорди во Мадеира се случила една од најдолгите новогодишни прослави). Главното пристаниште кое се наоѓа во Фуншал е едно од најважните места на кое допираат сите трговски и транс-атлански патнички крстарења помеѓу Европа, Карибите и Северна Америка. (Дознајте повеќе...)