Википедија:Избрана статија/2016/31

Од Википедија — слободната енциклопедија
Житни полиња и лозја во Гевгелиско
Житни полиња и лозја во Гевгелиско

Земјоделство — значајна стопанска дејност во Македонија која учествува со 11% во вкупниот БДП на земјата. Вкупните земјоделски површини сочинуваат 12 од територијата на Македонија, при што 14 се обработливи, а 14 се пасишта или во бројки вкупната земјоделска површина изнесувала 1 271 400 хектари во просек за 2001-2005 година. Вредноста на откупот од вкупното земјоделско производство изнесувала над 13,7 милијарди денари или 215 милиони евра во 2014 година.

Погодните почвени терени односно поставеноста на тереност и составот на почвите, благата клима и водите (заедно со вкупните годишни врнежи) овозможуваат широк дијапазон и разновиден состав на земјоделското производство според полјоделските култури и според видовите добиток. Дополнително, Македонија има и изразито поволен релјеф, со котлини оградени со високи планини кои имаат огромни површини на обилни и бујни квалитетни пасишта за напасување на секаков вид крупен и ситен добиток и кои што воедно богато и обилно ги напојуваат рамнините во котлинските дна со вода од бројните водотеци, потоци, реки и топењето на снегот и истовремено ги заштитуваат од силни ветрови и воздушни влијанија, што пак нуди извонредно добри можности за развој на обемно и напредно полјоделство и сточарство, како и лозаро-овоштарство.Од поледелските култури најмногу се застапени: житните - зрнести растенија (пченица, пченка, 'рж, јачмен и овес); грозје (винова лоза); овошје; градинарски култури и др. (Дознајте повеќе...)