Википедија:Избрана статија/2012/29

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Flag of Pennsylvania.svg

Пенсилванија, или официјално Заедница Пенсилванија, е сојузна држава во САД која се наоѓа во североисточниот и централно-атланскиот регион на Соединетите Држави, поточно во регионот на Големите Езера. Државата се граничи со Делавер на југоисток, Мериленд на југ, Западна Вирџинија на југозапад, Охајо на запад, Онтарио, Канада, на северозапад, Њујорк на север и Њу Џерси на исток.

Според површина, Пенсилванија се наоѓа на 33 место во САД, според бројот на жители на шестото и според густина на населеноста на 9 место меѓу 50-те сојузни држави. Четирите најнаселени градови во државата се Филаделфија, Питсбург, Алентаун и Ири. Главниот град на државата е Харисбург.

Пенсилванија има брег долг 82 км на езерото Ири и 92 км на реката Делавер. Според пописот од 2010 државата се нашла меѓу оние со најголем број европско-американски жители и голем број на Афроамериканци. (Дознајте повеќе...)