Википедија:Избрана статија/2007/46

Од Википедија — слободната енциклопедија

Марија Јурјевна Шарапова (руски: Мария Юрьевна Шарапова) (родена на 19 април 1987) е руска професионална тенисерка. На крајот на 2006 година, таа беше најскапо платената спортистка во светот.

Шарапова има освоено два Гренд Слема. Таа е последниот освојувач на УС Опен, откако ја победи Жастин Анин во финалето од 2006 година. Во 2004 година, таа стана третата најмлада освојувачка на Вимблдон (зад Лоти Дод и Мартина Хингис) откако во финалето извојува победа над американката Серена Вилијамс.

Родителите на Шарапова се преселуваат од Хомјел, Белорусија во Сибир, Русија после јадрената несреќа во Чернобил. Марија се раѓа следната година во Њаган.

Нејзиниот талент е забележан од страна на Мартина Навратилова, а прв пат почнала да тренира тенис со рекетот подарен од таткото на Евгениј Кафелников. На седум години, Шарапова оди во САД заедно со нејзиниот татко - Јури - и станува дел од Тениската Академија Ник Болетиери во Бредентон, Флорида. Нејзината мајака, Јелена, која е оневозможена да дојде поради визниот режим, стигнува во САД неколку години подоцна. Оттогаш Шарапова живее во САД но сѐ уште има руско државјанство.

Во 2002 година, Шарапова купува куќа на плажата Менхетн, Калифорнија во предградие на Лос Анџелес, но најголем дел од годината го минува близу тренинг кампот во Бредентон.