Виде Даничиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Виде Даничиќ (српски: Виде Даничић) - српска епска (ајдучка) песна.

Содржина[уреди | уреди извор]

Ајдутскиот арамбаша Мијат пие вино заедно со своите ајдуци, меѓу кои се наоѓа и Виде Даничиќ. Притоа, Мијат бара некој да појде во Ливно и да набави облека за неговата дружина. Никој од ајдуците нема храброст да ја изврши задачата, а се пријавува Виде Даничиќ. Тој оди во Ливно, а кога се враќа назад, минува крај турската караула, каде војниците фрлаат камен и скокаат. Тие го канат Виде, кој успева да го фрли каменот подалеку од сите. Тогаш, Турците го повикуваат синот на Мал-ага, кој се покажува како поголем јунак од Виде. Кога Виде се обидува да го победи агата, ги открива токите кои му припаѓале на Мал-ага (кого во минатото го убиле Мијат и Виде) и Турците почнуваат да го гонат, а тој бега во планината. Синот на Мал-ага успева да го рани Виде во ногата, Виде го убива него, но другите Турци опасно му се приближуваат. Тогаш, Мијат го слуша пукотот на Виде и со своите ајдуци доаѓа да му помогне. Во борбата гинат многу Турци и само еден ајдук. Потоа, ајдуците се повлекуваат во планината, каде Виде ги лекува раните.[1]

Осврт кон песната[уреди | уреди извор]

Оваа песна спаѓа во циклусот посветен на ајдучкиот арамбаша Мијат Томиќ за кого е испеан третиот голем циклус ајдутски песни.[2] Инаку, ајдукот Виде Даничиќ не е познат во историјата, но членовите на лозата Даничиќ биле познати сењски ускоци.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 117-121.
  2. „Песме о хајдуцима“, во: Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 145.
  3. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 152.