Ветрен (град)
Ветрен | |
---|---|
![]() Зградата на градската управа | |
Координати: 42°16′N 24°2′E / 42.267° СГШ; 24.033° ИГДКоординати: 42°16′N 24°2′E / 42.267° СГШ; 24.033° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Пазарџичка област |
Општина | Септември |
Површина | |
• Вкупна | 64.545 км2 (24,921 ми2) |
Надм. вис. | 360 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 2.882 |
• Густина | 0,045/км2 (0,12/ми2) |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 4480 |
Повик. бр. | 03584 |
Рег. таб. | РА |
Ветрен (бугарски: Ветрен, до 1945 г. Вѣтренъ) — гратче во Пазарџичка област, во општината Септември, јужна Бугарија.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Градот Ветрен се наоѓа помеѓу височините кој се расположени источно од ридот Ветрен. Градчето се наоѓа во близина на Паланката на излезот од превојот „Трајанови врата“ во Пазарџичкото Поле.
Историја[уреди | уреди извор]
Ветрен е постара населба дури од Пазарџик. Бил населен во праисториско време, за што сведочат праисториските тумби и пронајдените предмети. Се смета дека во периодот 1403-1421 година била создадена сегашната населба. Во минатото се одликува со многу имиња: Хисарџик, Ветрен, Ениќој и Ново Село.
Заедно со земјоделството и сточарството, во минатото делумно биле застапени и шумарството, занаетчиството и трговијата. Во историските книги стои дека Ветренци прво биле лозари, а потоа земјоделци и сточари. Тие биле меѓу најбудните жители на Пазарџичко. Околу 1840 година била изградена големата црква „Свети Никола“.[1]
Личности[уреди | уреди извор]
- Страхил војвода - бугарски ајдутин и војвода од 17 век;
- Николај Пешалов - светски и олимписки шампион во кревање тегови.