Прејди на содржината

Велко Мерџановски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Велко Трајанов Мерџановски ( 1910 во Бродец (Скопско)1944 во Скопска Црна Гора) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Произлегува од селско семејство. Своето детство го поминал бедно, така што не завршил ни основно училиште. Се занимавал со земјоделство и сточарство. Во 1944 година ги помагал партизанските единици. На 15 септември истата година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во борбите против балистите, особено во одбраната на своето село. Подоцна се нашол во непрекинати борби против балистите на теренот на Скопска Црна Гора. Во тие борби бил заробен. Балистите ѕверски го измачиле и на крај го убиле. Неговите останки биле пренесени и закопани во родното село Бродец.[1]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 213. На |first= му недостасува |last= (help)