Великденче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Великденче
Научна класификација
Ред: Boraginales
L.
Род: Pulmonaria
Вид: P. officinalis
Великденче
Научна класификација
Царство:
Plantae
Тип:
Magoliophyta
Класа:
Magnoliopsida
Ред:
Boraginales
Семејство:
Boraginaceae
Род:
Pulmonaria
Вид:
P. officinalis
Биномно име




Синоними
  • Pulmonaria maculosa Liebl.
  • Pulmonaria officinalis subsp. maculosa (Hay) Gams.

Великденче или медуника е зелјесто растение и едно од првите кое цветаат во пролет. Има ризом. Расте само или во грмушки, стеблото е високо до 30, листовите блиску до земјата се со петелка, а горните се седечки. Листовите се зелени, а можат да имаат и бели дамки. Цветовите се развиваат на врвот од стеблото, со црвено-виолетова боја (во зависност од возраста на цветот).

Расте речиси насекаде, распространето е низ цела Европа: по ливади и шуми, најмногу му одговара влажно и длабоко земјиште. Се користи како лек за белодробни заболувања и кашлица (оттука доаѓа и неговото име во српскиот јазик плућњак). Корисен е и за чистење на крвта и нејзино зајакнување. Младите ластари се богати со витамини и можат да се јадат и како салата. При берење треба да останат недопрени најмалку 30% од растенијата.

Во српскиот јазик е познато и како: џигеричњак, лисац, медуница, медуника, кудровац, плућник, трава од гује, зигеричњак.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]