Вдовицата во бело
Вдовицата во бело | |
---|---|
Жанр | драма теленовела |
Создадена од | Хулио Хименез |
Улоги | Итати Канторал Франциско Гаторно Алехандро Фелипе Флавио Кабаљеро Зули Монтеро |
Земја на потекло | САД / Колумбија |
Првичен јазик | Шпански |
Бр. на епизоди | 148 |
Продукција | |
Времетраење | 45 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | Телемундо / РТИ Колумбија |
Првично прикажување | 24 јули 2006 – 2 март 2007 |
Хронологија | |
Следбеник | Слатка тајна (2007) |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | tv.telemundo.yahoo.com/laviudadeblanco/index.html |
Вдовицата во бело (шпански: La Viuda de Blanco) е американска / колумбиска теленовела снимана во САД и Колумбија, во 2006 / 2007 година. Серијата во САД има огромен успех, а голем резултат е добрата глумечка екипа а и вечерниот термин на прикажување.
Синопсис[уреди | уреди извор]
Во градот Тринидад доаѓа една чудна жена, во потрага по своето минато. Тоа е Алисија Гуардиола, вдовица и мајка на малите близнаци кои се под старателство на баба им, мајката на нивниот татко, угледна и немилосрдна госпоѓа Перфекта Албарасин де Бланко. Нејзиното враќање и желбата да ги поврати своите деца не наоѓа одобрување од фам. Бланко која на сите начини ќе се обиде да ја спречи. Обвинета за злосторство кое не го направила, Алисија ја чека тешка задача да ги убеди луѓето во градот за својата невиност. Поддршката ќе и ја пружи Хустино Брињон, богаташ од кои сите се плашат поради своите ноќни излегувања. Оваа преубава жена ќе помине низ значајни настани во градот. А во текот на борбата за децата, Алисија ќе сретне луѓе кои ќе го одбележат нејзиниот живот, меѓу кои е и девер и Себастијан во кого се заљубува, не помислувајќи какви фатални последици може да и донесе таа врска.
Улоги[уреди | уреди извор]
Глумци | Ликови |
---|---|
Итати Канторал | Алисија Гуардиола |
Габриел Порас | Себастијан Бланко |
Алехандро Фелупе | Диего / Дуван Бланко |
Зарик Леон | Илуминада Урбина |
Зули Монтеро | Доња Перфекта Албарасин |
Лилибет Мориљо | Ајде Бланко |
Флавио Кабаљеро | Хустино Брињон |
Вдовицата во Бело на Балканот[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Официјална Веб Страна Архивирано на 12 октомври 2007 г.
- Сериалс.ру Архивирано на 23 октомври 2007 г.