Ванчо Барбаревски
Изглед
Ванчо Барбаревски | ||
Роден | ? | |
---|---|---|
Починал | 1925 Свети Николе, Кралство СХС |
Ванчо Барбаревски — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Внатрешната македонска револуционерна организација.
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е во селото Барбарево (денес Горно и Долно Барбарево), тогаш во Османлиското Царство, денес во Македонија. Син е на војводата на ВМОРО, Цано Барбаревски. Влегол во ВМРО и станал штипски војвода. Во мај 1925 година по жестока борба со југословенската потера во месноста Синковица и Радкова Карпа, во близина на селото Шалковица, бил тешко повреден и заробен. Умрел во затворот во Свети Николе.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Николов, Борис Ј. Внатрешна македонско-одрински револуционерна организација. Војводи и раководители (1893-1934). Биографски-библиографски директориум, Софија, 2001, стр 17.