Цано Барбаревски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Цано Барбаревски
Роден ?
Барбарево, денес Република Македонија
Починал ?

Цанo Барбаревски бил македонски револуционер, кратовски војвода на Внатрешно македонско-одринската револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во селото Барбарево (Горно или Долно Барбарево), тогаш во Османлиското Царство, денес во Република Македонија. Влегува во ВМОРО и станува селски војвода. Во март 1911 година води борба со турските делови во селото Стубел, Кратовско. Татко е на војводата на ВМРО Ванчо Барбаревски.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Борис Ј. Внатрешна македонско-одрински револуционерна организација. Војводи и раководители (1893-1934). Биографски-библиографски директориум, Софија, 2001, стр 17.