Прејди на содржината

Вагаши

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вагаши
Хотару (светулно) вагаши
ВидКондиторски производ
Место на потеклоЈапонија

Вагаши или Уагаши (јапонски: 和菓子) ― традиционални јапонски кондиторски производи (слатки) кои често се служат со зелен чај, особено видовите направени од мочи, анко (паста од азуки грав), и овошје. Вагашијата вообичаено се прават од растителни состојки.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]
Сад со чај од мача на црн лакиран послужавник со вагаши.

Во Јапонија, зборот за слатки, каши (菓子), првично се однесувал на овошје и јаткасти плодови.[2] Со зголемената трговија со шеќер меѓу Кина и Јапонија, шеќерот станал честа состојка во домаќинството до крајот на периодот Муромачи.[2] Под влијание на воведувањето чај и на јадењата т.н. дим сум, правењето вагаши започнало за време на периодот Едо во Јапонија.[2]

Избор на вагашија што ќе бидат услужени за време на јапонската чајна церемонија.
Чинија со шест вагашија.
Вагаши услужено со чај од мача.

Класификација

[уреди | уреди извор]

Вагашијата се класифицираат според постапката на производство и содржината на влага. Содржината на влага е многу важна, бидејќи влијае на рокот на траење.

  • Намагаши (生菓子) (влажно слатко) — содржи 30% или повеќе влага
    • Џо намагаши (上生菓子) е многу меко и деликатно, сезонски варирачки намагаши, во разни, често елаборатни, облици и бои, често сезонски растенија. Некои продавници имаат преку десетина во тек на една година.[3]
    • Мочи моно (もち物)
    • Муши моно (蒸し物) (слатко на пареа)
    • Јаки моно (焼き物) (печено слатко)
      • Хиранабе моно (平なべ物) (печено слатко на рамно тавче)
      • Обун моно (オーブン物) (печено во рерна слатко)
    • Нагаши моно (流し物)
    • Нери моно (練り物)
    • Аге моно (揚げ物) (пржено слатко)
  • Хан Намагаши (半生菓子) (полувлажно слатко - содржи 10%–30% влага
    • Ан моно (あん物)
    • Ока моно (おか物)
    • Јаки моно (焼き物) (печено слатко)
      • Хиранабе моно (平なべ物) (печено слатко на рамно тавче)
      • Обун моно (オーブン物) (печено во рерна слатко)
    • Нагаши моно (流し物)
    • Нери моно (練り物)
  • Хигаши (干菓子) (суво слатко) — содржи 10% или помалку влага
    • Учи моно (打ち物)
    • Оши моно (押し物)
    • Каке моно (掛け物)
    • Јаки моно (焼き物) (печено слатко)
    • Аме моно (あめ物) (бонбонесто слатко)

Особености

[уреди | уреди извор]

Вагашито обично одзема многу работа. Обично е именувано според поезија, историски настани или природни глетки.

Вагашито е добро познато по својата деликатес и разновидност по изглед. Ова може да ја одрази деликатесната култура во Јапонија.

Вагашито може да се користи како одличен подарок за време на празниците, а исто така може да биде и дневно задоволство при посета на гости. Различни места имаат вагашија кои се уникатни по вкус како нивни местен специјалитет. Јапонците имаат намера да си носат дома вагаши по службени или лични патувања.

Јапонците веруваат дека уметничката особеност на вагашито претставува и чувство за годишното време кога се прави вагашито и скромна јапонска култура.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Gordenker, Alice, "So What the Heck is That?: Wagashi", Japan Times, 20 јануари 2011, стр. 11.
  2. 2,0 2,1 2,2 Ashkenazi, Michael (2000). The Essence of Japanese Cuisine: An Essay on Food and Culture. University of Pennsylvania Press. стр. 106–107. ISBN 9780812235661. Посетено на 19 јули 2021.
  3. Japanese Confectionery Gratifies the Eyes and the Palate Архивирано на 16 октомври 2008 г. Aichi Voice издание 7, 1997
  • Aoki, Naomi (October 2000). 図説 和菓子の今昔 Zusetsu wagashi no konjyaku. 株式会社淡交社 Tankosha Publishing Co., Ltd. ISBN 978-4-473-01762-8.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]