Прејди на содржината

Бушојараш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Маски на плоштадот во Мохач, февруари 2006 година
Бушо маска од збирката на Музеј за имиграција во Саун Пауло, Бразил

Бушојараш (унгарски: Busójárás, што значи „Бушо-одење“, на хрватски: Pohod bušara) е годишна прослава на Шокците кои живеат во градот Мохач, Унгарија, што се одржува на крајот од карневалската сезона, и завршува пред Пепелна среда. На прославата има Бушо (луѓе кои носат традиционални маски) и вклучува народна музика, маскирање, паради и танцување. Бушојараш трае шест дена, обично во текот на февруари. Започнува во четврток, проследено со карневалот во петокот, со најголемата прослава, и продолжува со Фарсанг вазрап (Фарсанг недела) на седмата недела пред Велигден; а прославата завршува со Погребот на Фарсанг“ наредниот вторник. Овие традиционални свечености се запишани на Претставителниот список на нематеријалното културно наследство на човештвото на УНЕСКО во 2009 година.[1]

Месните жители го објаснуваат карневалот со две поврзани, но различни легенди.

Бушо маски, февруари 2006

Според најпопуларната легенда, за време на османлиските времиња на територијата, луѓето од Мохач го напуштиле градот и почнале да живеат во блиските мочуришта и шуми за да ги избегнат отоманските (турски) војници. Една ноќ, додека седеле и зборувале околу огнот, еден стар човек од етничката група Шокци одеднаш се појави од никаде и им рекол: „Не плашете се, вашите животи наскоро ќе се свртат кон добро и ќе се вратите во вашите домови. Дотогаш, подгответе се за битката, изработете разни оружја и страшни маски за себе, и почекајте бурна ноќ кога ќе дојде маскиран витез.“ Тој исчезнал ненадејно како што пристигнал. Бегалците ги следеле неговите наредби, а неколку дена подоцна, во бурна ноќ, пристигнал витез. Тој им наредил да ги стават своите маски и да се вратат во Мохач, правејќи колку што е можно поголем врева. Тие го следеле неговото водство. Турците биле толку уплашени од буката, маските и бурата во ноќта, за кои сметале дека се демони што ги напаѓаат, и избегале од градот пред изгрејсонцето.

Во постарата, помалку популарна приказна, бушарите не ги заплашуваат Турците, туку само зимата.

Во секој случај, месните жители од почетокот на февруари секоја година го прослаавуваат Бушојараш, а на овој фестивал присуствуваат и други држави од соседните земји (Хрватска, Србија, Словенија, како и локалните Шокци Хрвати), а исто така и од Полска.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]