Буриданово магаре

Од Википедија — слободната енциклопедија
Политичка карикатура од околу 1900 г. во која Конгресот на САД е прикажан како Буриданово магаре кое се колеба помеѓу градење канал во Панама или Никарагва.

Буриданово магаре е илустрација за парадокс во филозофијата во врска со концептот на слободна волја.

Тој се однесува на хипотетичка ситуација во која магаре е ставено точно на средина меѓу два пласта сено, или пласт сено и кофа вода. Со оглед на тоа што парадоксот претпоставува дека магарето ќе го одбере она што е поблиску, тоа наводно умира од глад (или од глад и жед) оти не може да донесе разумна одлука кој стог или опција да ја избере[1]. Парадоксот е наречен според францускиот филозоф од XIV век Жан Буридан и ја сатиризира неговата филозофија на морален детерминизам.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Buridan's ass: Oxford Companion to Phrase and Fable“. Encyclopedia.com. Посетено на 2009-12-15.