Буковик (вулканска купа)

Координати: 41°46′52″N 22°56′12″E / 41.78111° СГШ; 22.93667° ИГД / 41.78111; 22.93667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Буковик
Поглед на Буковик од Влаина
Највисока точка
Надм. вис.1.723 м [1]
Матичен врвОрловец
Координати41°46′52″N 22°56′12″E / 41.78111° СГШ; 22.93667° ИГД / 41.78111; 22.93667
Величина
Површина8 км2
Географија
Буковик is located in Македонија
Буковик
Буковик
Македонија Македонија
Буковик на карта

Карта

РегионПијанец, Источна Македонија
Матичен венецВлаина

Буковиквулканска купа сместена на 3 км североисточно од Пехчево, во состав на планината Влаина. Претставува единствена јасно изразена вулканска образба во тој дел од земјата. Има пречник од околу 3,5 км, а површина од 8 км2. Потекнува од горниот миоцен.[1] Месното население ја смета за посебна планина.[2]

Од јужната страна е длабоко пресечена со долината на Пехчевска Река, а од северната ја сече изворишниот дел на Желевица. Истакнатоста на купата (во однос на околниот предел) изнесува 600-700 м, а највисок врв е Орловец (1.723 м)[1]. На исток од овој врв, преку благо седло, Буковик се поврзува со билото на планината Влаина и нејзиниот највисок врв Кадиица (1.932 м).

Состав и облик[уреди | уреди извор]

Купата е сочинета од кварцлатити, но не се забележува јасна кратерска структура, но присутни се траги од лавини текови, особено кон западен правец. Пирокластичниот материјал најверојатно е однесен со речната ерозија.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Група автори (2016). „Вулканска купа Буковик кај Пехчево“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 144-145. ISBN 978-9989-110-90-0.
  2. Милевски, Ивица (3 јануари 2014). „Влаина, неправедно „заборавена" планина!“. портал ИГЕО. Посетено на 3 декември 2017.