Бронзен бик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Перил е присилен да влезе во бронзениот бик кој самиот го направил за Фалрис.

Бронзен бик (или сицилиски бик) — справа за мачење и направа за извршување на погубување осмислена во стара Грција.[1] Според записите на Диодор Сицилиски, Перил од Атина го осмислил и го предложил бронзениот бик како справа која тиранинот Фаларис од Сицилија би ја користел за погубување на криминалците .[2] Бикот целосно бил направен од бронза, шуплив одвнатре со вратичка одстрана.[3] Бикот бил со облик и големина на жив бик и имал вграден звучен апарат кој вресоците ги претворал во бревтање на бикот. Oсудените биле заклучувани во бикот и се запалувал оган под справата, кој го загревал металот а личноста во внатрешноста се печела до смрт додека била жива.

Владеењето на Фаларис[уреди | уреди извор]

Бронзениот бик одлево насликан на гравура

Фаларис заповедал да се осмисли бик на таков начин што чадот кој излегувал од него да мириса на парфем. Главата на бикот била осмислена со сложен систем на цевки и прегради кои обезбедувале врисоците да бидат претворени во звуци кои наликувале на збеснат бик. Според легендата, кога бикот ќе се отворел, изгорените коски на погубениот „светеле како накит и биле правени алки од истите“.[4]

Перил му кажал на Фаларис: „Неговите врисоци ќе излезат низ цевките како најнежните, најбедните, најмелодичните крици “. Згрозен од овие зборови, Фаларис наредил овој звучен систем да се опита на самиот Перил. Кога Перил влегол веднаш бил заклучен и запален бил огнот под бикот, за да може Фаларис да ги чуе неговите врисоци. Пред да почине Перил, Фаларис ја отворил вратата и го извадил од бикот. Перил верувал дека ќе добие награда за својот пронајдок нао наместо тоа по ослободувањето од бикот Фаларис го фрлил од врвот на ридот, убивајќи го. За Фаларис се верува дека и самиот бил погубен во бикот кога бил симнат од власт од Телемах, предокот на Терон.

Можна поврзаност со картагинските жртвувања[уреди | уреди извор]

Историчарите го поврзуваат изгледот на бронзениот бик со статуите на Молох, (кои се сметал погрешно за пандан на боговите Хорус или Баал) на кому му се жртвувале живи новороденчиња во придружба на бронзени стауи со облик на глава од теле кои биле поставени во дланките на статуата, лизгајќи се во бронзената печка.[5] Вревата од врисоците на детето четопати била придушена од тапаните и играњето бидејќи жртвените олтари не поседувале систем од цевки кој ги поседувал на пример бронзениот бик (Видете Тофет). Жртвувањата во градот Тофет се наведени од историчарите како побуда за создавање на бронзениот бик поради картагинските корени на Акрагас.[6]

Но неможе да се исклучи дека осмислувањето на бикот бил и самостоен труд. Пиндар, кој живеел еден век подоцна, жестоко ја поврзува оваа справа за мачење со името на тиранинот.[7]

Римскиот прогон на христијаните[уреди | уреди извор]

Свети Антипа кој се пече жив во (отворен) бронзен бик во градот Пергам.

Римјаните се познати по употребата на оваа справа за да погубат неколку Евреи, како и неколку христијани, попознат е Свети Евстатиј, кој, според христијанската традиџија, бил испечен во бронзен бик со неговата сопруга и деца од страна на царот Хадријан. Истот му се случило и на Свети Антипа, владиката од Пергам за време на прогоните на царот Домицијан, а воедно станува и за првиот маченик од Мала Азија кој бил испечен до смрт во бронзен бик во 92 г.[8] Справата била во употреба и два века подоцна, кога друг христијанин, Пелагиј Таршки, бил испечен жив во бронзен бик во 287 г. од страна на царот Диоклецијан.

Католичката црква приказната за мачеништвото на Свети Евстатиј ја смета за „целосна измислица“.[9]

Франческо Фернанди, „Мачеништвото на Свети Евстатиј“. Насликана зад главниот олтар на црквата Свети Евстатиј, во Рим оваа фреска го следи расказот од златната легенда: поради одбивањето да принесе жртва на боговите, Свети Евстатиј неговата жена и синови биле затворени во бронзен бик кои бил загреван се додека истите не умреле.

Визиготското кралство во Тулуз[уреди | уреди извор]

Според Цезаравгустовските летописи (Chronica caesaraugustana), Бурдунелиј, римски узурпатор , бил испечен во бронзен бик во 497 г. од страна на Аларик II.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Diehl & Donnelly 2008, стр. 37
  2. Biblioteca Historica, IX, 18-19
  3. Diehl & Donnelly 2008, стр. 39
  4. Thompson 2008, стр. 30
  5. Rundin, John S. (Fall 2004 г). Pozo Moro, child sacrifice, and the Greek legendary tradition. „Journal of Biblical Literature“ (Society of Biblical Literature) том  123 (3): 425+. doi:10.2307/3268041. http://go.galegroup.com/ps/i.do?id=GALE%7CA254014762&v=2.1&u=txshracd2488&it=r&p=AONE&sw=w&asid=c07edf30e2f808cd34fc8a61749329f2. посет. 25 октомври 2013 г. 
  6. Bohak, Gideon (јануари 2000 г). Classica Et Rabbinica I: the Bull of Phalaris and the Tophet. „Journal for the Study of Judaism in the Persian, Hellenistic, and Roman period“ (BRILL) том  31 (1): 203 - 216. doi:10.1163/157006300X00107. http://booksandjournals.brillonline.com/content/10.1163/157006300x00107. посет. 25 октомври 2013 г. 
  7. Pindar, Pythian 1
  8. The Seat of Satan: Ancient Pergamum
  9. "Martyrologium Romanum" (Libreria Editrice Vaticana, 2001 ISBN 88-209-7210-7)