Брзина (книжевност)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Книжевност
Основни облици

Роман · Поема · Драма
Расказ · Новела

Родови

Епика · Лирика · Драма
Романса · Сатира
Трагедија · Комедија
Трагикомедија

Извори

Изведба (претстава· Книга

Форми

Проза · Стих

Историја и списоци

Општ преглед на книжевноста
Индекс на поими
Историја · Современа историја
Книги · Писатели
Книжевни награди · Награди за поезија

Дискусија

Критика · Теорија · Списанија

Брзината во книжевноста се однесува на брзината со која се раскажува приказната, што не ја опфаќа брзината со која се одвива самата приказна.[1][2][3] Бројот на зборови кои се потребни за да се напише одреден настан не зависи од тоа колку време требало за да се одвива тој настан, туку од тоа колку е важен тој момент во приказната.[4] Брзината се определува со должината на сцените, колку брзо се одвива дејството и колку брзо се информира читачот. Брзината понекогаш е диктирана и од жанрот на приказната, па така, комедиите се одвиваат побрзо за разлика од драмите, а пак авантурите се побрзи од трилерите.[2]

Методи[уреди | уреди извор]

Раскажувачите имаат бројни алатки на раполагање за влијание врз брзината или темпото на приказината. Таквите алатки се на пример раскажувањето (нарација), дејството, описот и дијалогот. Нарацијата и описот во принцип се поспори, постепени, додека акцијата и дијалогот се побрзи.[5] Од сите книжевни алатки, дијалогот најбрзо го поставува ликот и дејството во сегашен момент.[6] Брзината може да се забрза преку:

  • прескокнување на сцени[7]
  • прескокнување логични секвенци на настани[7]
  • кратки сцени[8]
  • често параграфирање[9]
  • кратки реченици[9]
  • дијалог[5][9]
  • дејство[5]
  • активен залог (директен говор) и агресивни глаголи[10]
  • отстранување на површински зборови и фрази и непотребни придавки и прилози[11]

Од другата страна пак приказната може да се успори преку:

  • опис и нарација[5]
  • интерспекција[12]

Заплет[уреди | уреди извор]

Дијалогот е елементот кој ги „оживува“ приказната и ликовите, „дејството“ создава движење, а „нарацијата“ ѝ дава длабочина и суштина на приказната. Пишување приказна/ расказ значи заплетување на сите овие елементи заедно. Кога ова ќе се направи како што треба, се добива убава композиција.[13] Брзината е можеби најчестиот елемент за кој треба да се обрне внимание за тоа кога треба и кога не треба да заплете дијалогот, нарацијата и дејството. Забрзувањето на дејството често инволвира дијалог како најдоминантен елемент за забрзување.[14] Кога има потреба од успорување на самата приказна, дијалогот се избегнува.[15]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Bishop (1988, p. 46)
  2. 2,0 2,1 Schellhardt (2008, p. 66)
  3. Turco (1999, pp. 67–68)
  4. Bauer (1992, p. 89)
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Kempton (2004, p. 11)
  6. Kempton (2004, p. 122)
  7. 7,0 7,1 Stein (1995, p. 195)
  8. Bishop (1988, p. 209)
  9. 9,0 9,1 9,2 Stein (1995, p. 194)
  10. Hacker (1991, pp. 151–152)
  11. Stein (1995, p. 197)
  12. Bishop (1988, p. 241)
  13. Kempton (2004, p. 67)
  14. Kempton (2004, p. 78)
  15. Kempton (2004, p. 12)

Литература[уреди | уреди извор]

  • Bauer, Marion Dane (1992), What's Your Story?: A Young Person's Guide to Writing Fiction, New York: Clarion Books, ISBN 0-395-57781-0
  • Bell, James Scott (2004), Write Great Fiction: Plot & Structure, Cincinnati: Writer's Digest Books, ISBN 1-58297-294-X
  • Bishop, Leonard (1988), Dare to Be a Great Writer: 329 Keys to Powerful Fiction, Cincinnati: Writer's Digest Books, ISBN 0-89879-464-1
  • Hacker, Diana (1991), The Bedford Handbook for Writers (изд. 3rd.), Boston: Bedford Books, ISBN 0-312-05599-4
  • Kempton, Gloria (2004), Write Great Fiction: Dialogue, Cincinnati: Writer's Digest Books, ISBN 1-58297-289-3
  • Lamb, Nancy (2008), The Art and Craft of Storytelling: A Comprehensive Guide to Classic Writing Techniques, Cincinnati: Writer's Digest Books, ISBN 978-1-58297-559-7
  • Saville, Guy (2013). „Thrillers that sell“. Во Spring, Michelle; King, Laurie R. (уред.). Crime and Thriller Writing: A Writers' & Artists' Companion. London: Bloomsbury Publishing. стр. 153–155. ISBN 978-1-4725-2393-8.
  • Schellhardt, Laura (2008), Screenwriting for Dummies (изд. 2nd.), Hoboken: Wiley, ISBN 978-0-470-34540-5
  • Stein, Sol (1995), Stein on Writing, New York: St. Martin's Press, ISBN 0-312-13608-0
  • Turco, Lewis (1999), The Book of Literary Terms: The Genres of Fiction, Drama, Nonfiction, Literary Criticism, and Scholarship, Hanover: University Press of New England, ISBN 0-87451-954-3