Бранко Лустиг
Бранко Лустиг — маркантното продуцентско име во американската филмска индустрија со потекло од Осиек — Хрватска, изнедрен од ексјугословенската кинематографија. Роден е во еврејско семејство и како дете ги преживува стравотиите на Аушвиц.
Кариерата ја почнал во „Јадран филм“, а оди во Америка откако ја загубил работата во загрепскиот театар „Гавела“. Во својот пробив на меѓународната филмска сцена и амбицијата за стекнување искуство, Лустиг работи како асистент на режија („Лимениот барабан“), кој доби „Оскар“ за најдобар странски филм во 1980 година. Кон крајот на ‘80-тите го реализираше најголемиот продукциски проект во својата кариера[1]. И тоа не го оствари во Холивуд, туку во Загреб - најголемата светска телевизиска серија на сите времиња „Војна и сеќавања“ и „Ветришта на војната“ во вкупно траење од 58 часа.
„Шиндлеровата листа“ во режија на Стивен Спилберг и „Гладијатор“ на Рели Скот, на Лустиг му донесоа две награди „Оскар“. Во неговото извонредно портфолио се запишани и многу други, но светот особено ги памети „Кога јагнињата ќе стивнат“, „Ханибал“. Важи за една од најзначајните фигури во американската филмска индустрија.
На фестивалот „Браќа Манаки“ 2007 година добива „Златна камера 300“ за животно дело.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Penić, Goran. „Oskarovac predavač na Akademiji“. Jutarnji list (хрватски). Архивирано од изворникот на 11 јули 2008. Посетено на 10 јули 2008.
|