Бранко Ивановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бранко Ивановски
Роден 1923 година
Скопје
Починал Прешевска Долина

Бранко Коцев Ивановски ( 1923 во Скопје ― во Прешевска Долина, Србија) ― македонски партизан и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Завршил основно и средно образование. Живеел и работел како техничар во Скопје.

Активно се вклучил во разните акции преземани против окупаторот. Во јуни 1944 година заминал на кумановско-врањскиот терен, каде стапил во 8 прешевска бригада.

На спомнатото подрачје учествувал во повеќе борби против бугарски фашистички воени и полициски единици. Учествул во борбите за ослободувањето на Бујановац и Прешево. Неговата Бригада добила задача да се пробие кон скопскит терен. Но, на пат кон Скопје, во борбите против балистичките банди во Прешевско, тој загинал.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 67. На |first= му недостасува |last= (help)