Бранко Давидовски
Бранко Давидовски — Мајка | |
---|---|
Роден(а) | 24 март 1930 Скопје, Кралство Југославија |
Починал(а) | 11 октомври 2018 Скопје, Македонија |
Националност | Македонец |
Занимање | фудбалер и новинар |
Бранко Давидовски — Мајка (Скопје, 24 март 1930 - Скопје, 11 октомври 2018) — македонски фудбалер, а подоцна и новинар, доајен на македонското спортско новинарство.
Биографија и кариера
[уреди | уреди извор]Давидовски е роден на 24 март 1930 година во Скопје. Тој првите контакти со спортот ги имал како фудбалер на ФК Вардар и тоа во 1947 година токму низ периодот на основање на најтрофејниот македонски клуб. Бил дел од Вардар низ сите негови младински категории и потоа кратко во сениорскиот тим во најтрофејниот период.
Најзначајниот период од професионалното спортско новинарство го минал како долгогодишен уредник на Македонското радио – Радио Скопје, а во својата богата кариера известувал од бројни елитни спортски натпреварувања, европски и светски првенства, Олимписки игри и Универзијади. И во пензионерските денови продолжил активно да се занимава со новинарството како дел од спортските редакции на дневните весници „Вечер" и „Утрински весник", а потоа долги години и во единствениот македонски спортски весник „Македонски спорт". Починал во Скопје на 11 октомври 2018 година.[1]