Бојан Мамиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бојан Мамиќ во 2010 година

Бојан Мамиќ (роден на 13 септември 1981 година) е српски фудбалер кој неодамна настапувал за екипата на Парнахиба.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Бојан Мамиќ претставувал поголем број клубови во српските пониски лиги особено низ градот Белград. Тој бил плодотворен со своите голови во период додека настапувал за тие клубови.

Во 2006 година, Бојан Мамиќ за прв пат се преселил од Србија во Минск, главниот град на Белорусија. Играјќи за екипата на МТЗ-РИПО од Минск, Мамиќ настапил на вкупно 36 натпревари и постигнал 6 голови. Својот прв настап на едно европско натпреварување го имал со екипата на МТЗ-РИПО Минск, кога клубот играл во натпреварите на Куп на УЕФА Интертото. Неговиот клуб се обидувал да обезбеди место во Лигата на Европа на УЕФА. На тие два натпревари од Купот на УЕФА Интертото Мамиќ успеал да постигне два гола.

Добрата форма на Бојан Мамиќ во белорускиот клуб го довела до трансфер во литванскиот врвен тим ФК Атлантас, во 2008 година. Тоа бил краток престој во клубот од Клајпеда, пред да биде префрлен во друг литвански клуб, односно во екипата на ФБК Каунас од вториот по големина литвански град Каунас. Мамиќ поминал осум месеци како член на ФБК Каунас. Во 2008 година тој ја имал својата прва можност да игра на натпреварите од квалификациите за Лигата на шампионите на УЕФА. Екипата на ФБК Каунас била елиминирана од натпреварувањето иако имале еден нерешен натпревар против италијанскиот клуб Сампдорија во нокаут фазата од Лигата на Европа на УЕФА.

Бојан Мамиќ, подоцна во месец јули 2009 година се приклучил на унгарското државно првенство, односно преминал во екипата на Ференцварош ТЦ.

По престојот во Унгарија тој се приклучил на бразилскиот клуб Парнахиба откако во меѓувреме кратко престојувал во малтешкиот клуб Мкаба.[1] Бојан Мамиќ тренирал со тимот на Парнахиба СЦ во претсезоната 2016 година, но никогаш не одиграл ниту еден натпревар за тој клуб. Наместо тоа, тој одлучил да се повлече од фудбалот и да продолжи со својата фудбалска академија со полн капацитет.

Бојан Мамиќ во текот на својата професионална кариера настапувал за повеќе од 20 клубови.

Период по играњето фудбал[уреди | уреди извор]

Тренирање[уреди | уреди извор]

Мамиќ поседувал диплома со ранг Б добиена од УЕФА за да може да работи како тренер.

Детска Обединета Академија Парнаиба[уреди | уреди извор]

По пензионирањето како играч во 2016 година, Мамиќ ја формирал својата фудбалска академија, во градот Парнаиба во северниот дел на Бразил.

Академијата била наменета за деца на возраст од 5 до 17 годишна возраст и моментално во неа тренираат над 150 студенти, бројка што ја прави најголемата фудбалска академија во градот. Мамиќ ги тренирал децата зборувајќи на англиски јазик, но и на португалски јазик.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Бојан Мамиќ зборувал српски, англиски, португалски, шпански и руски јазик.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Parnahyba fecha lista de jogadores e anuncia atacante sérvio Bojan Mamic“. Globo Esporte (Portuguese). Посетено на 25 December 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]