Борис Алексовски - Карче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Борис Алексовски - Карче (10 октомври 1918 во Кичево, Скопско2002 во Скопје) — македонски револуционер и член на АСНОМ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Во комунистичкото движење влегол во 1938 година. Станал член на КПЈ и активен учесник во НОВ од 1941 година. Во куќата на Борис Алексовски - Карче, била оформена првата партиска ќелија во Кичевскиот регион и притоа за секретар бил избран Пепе Јованоски, а членови Драге Богески, Пецо Чингоски, Нико Пусоски, Борис Алексовски-Карче, Борис Грујоски, Јанко Михајлоски и Владимир Полежиноски.[2]

Од октомври 1941 година до март 1943 година, бил член и секретар на Месен Комитет КПЈ - Кичево, а од септември 1942 до март 1943, член на Окружен Комитет на КПЈ - Тетово. Член на на Првиот областен комитет на КПМ од април до август 1943. По формирањето на Првата македонско-косовска ударна бригада, бил политички комесар на чета, а од 1944 година на баталјон. Кооптиран за член на АСНОМ од октомври 1944. По ослободувањето вршел повеќе државни функции. Бил сојузен и републички пратеник во Сојузното собрание на СФРЈ и во народното собрание на НР Македонија.[3][4][5]

Во меѓувреме ја завршил Вишата партиска школа „Ѓуро Ѓаковиќ“. Носител е на Партизанска споменица од 1941 и повеќе одликувања.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 17. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј на Западна Македонија во НОВ - Кичево. 1982. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 23. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  4. 4,0 4,1 Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 39. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
  5. „НАРОДНА ВОЛЈА“. www.narodnavolja.com.