Прејди на содржината

Божил Рајнов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Божил Рајнов
Божил Рајнов
Роден(а)21 јули 1857(1857-07-21)
Котел, Османлиско Царство
Починал(а)6 јануари 1946(1946-01-06) (возр. 88)
Софија, Царство Бугарија

Божил Рајнов (бугарски: Божил Райнов; 1857 – 1946) е бугарски просветен деец, новинар, преведувач, политичар и општественик.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Ран живот и образование

[уреди | уреди извор]

Рајнов е роден во градот Котел во 1857 година. Учи богословие во Одеса и Киев, а во 1878 година завршува литература во Лиеж, Белгија. Се вратил во родниот Котел и до 1880 година бил учител, а во следната учебна 1880 - 1881 година во Русе.

Дејноста во Солунската гимназија

[уреди | уреди извор]

Во 1881 станал прв директор на Солунска бугарска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“.[1]

Во учебната 1882/83 година во солунската гимназија се јавил првиот посериозен отпор на дел од наставничкиот кадар против централистичката политика на Егзархијата. Меѓу главните актери на отпорот бил Божил Рајнов, кој заедно со Трајко Китанчев се залагал за автономија на училишното дело, особено по прашањето за карактерот на образованието и методите на наставата. Егзархијата веднаш реагирала на ваквата активност на Рајнов и Китанчев, сменувајќи ги од нивните должности.

Враќањето во Бугарија

[уреди | уреди извор]
Георги Кандиларов, Божил Рајнов и воспитаници од првата генерација на матуранти во Солунската гимназија, сликани во Софија во 1926 год.

Во 1884 година станал окружен управник во Ќустендил, а следната година станал учител во Силистра, а во 1887 е окружен управник во Шумен, а во 1889 учителствува во Варна. Како член на Либералната партија станал пратеник во Шестото народно собрание од 1890 до 1893 година. Од 1914 до 1918 година е директор на Државната печатница, а од 1918 до 1922 директор на Бугарската кооперативна банка. Од 1923 до 1928 година предава литература во Графичкото училиште при Државната печатница.