Блок Ајленд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Њу Шорхамн, Род Ајленд
Град
Блок Ајленд, е прикажан во црвено, од брегот на државата Род Ајленд.
Блок Ајленд, е прикажан во црвено, од брегот на државата Род Ајленд.
Координати: 41°10′11″N 71°34′48″W / 41.16972° СГШ; 71.58000° ЗГД / 41.16972; -71.58000Координати: 41°10′11″N 71°34′48″W / 41.16972° СГШ; 71.58000° ЗГД / 41.16972; -71.58000
ДржаваСАД
Сој. државаРод Ајленд
Управа
 • ВидГрадско собрание
 • Прв водачКимберли Х. Гефит
Површина
 • Земјишна25.210 км2
Население (2010)
 • Вкупно1.051
Часовен појасИСВ (UTC-5)
 • Лете (ЛСВ)ИЈВ (UTC-4)
поштенски број02807
Повик. бр.401
Мреж. местоwww.new-shoreham.com

Блок — остров во состав на сојузната држава Род Ајленд, САД. Сместен е во Атлантски Океан, околу 21 км јужно од брегот на Род Ајленд, 23 км источно од Монток Поинт на Лонг Ајленд, и е одделен од Роуд Алјан со Блок Ајленд Саунд. Пописното биро го дефинира Блок Ајленд како единица 415 од округот Вашингтон, Род Ајленд. Во пописот од 2000г. населението од 1.010 жители, живее на површина од 25.211 км2. Островот е дел од регионот Аутер Ленд, крајбрежен архипелаг направени од терминална морена што произлегува од Висконското повлекување на ледници, пред околу 22.000 години.

Организацијата Nature Conservancy, го додаде Блок Ајленд на својот список на „Последните одлични места“. Списокот се состои од дванаесет градови од западната полутопка. Околу 40 проценти од островот се резервирани за заштита на природата. Претседателите Бил Клинтон, Двајт Ајзенхауер, Френклин Делно Рузвелт и Улис С. Гранд го посетиле Блок Ајленд.

Блок Ајленд исто така се нарекува Њу Шорехам, РИ. Островот е популарно летно туристичко одредиште и е позната по велосипедизмот, пешачењто, едрењето, риболовот и плажите. Два историски светилници се присутни на островот, Block Island North Light на северниот врв на островот и Block Island Southeast Light, на југоисточната страна на островот. Северозападниот дел на островот е неразвиена природна површина која претставува еден вид одморалиште за птиците кои летаат ширум Атлантскиот Океан.

Секое лето островот е домаќин на неделна трка, конкуретна на еднонеделната едрилична трка. Порано ова случување се одржуваше од страна на Storm Trysail Club, а во денешно време од страна на Block Island Race Week. Јахти се натпреваруваат во различни класи, курсеви за пловење на Блок Ајленд и обиколки на островот.

Други популарни настани како парадата и славењето на 4 јули. Во текот овие времиња популацијата на островот трипати се зголемува за време на летниот период.

Родната историја[уреди | уреди извор]

Ниантик, племе кое што на крајот се спои со луѓето од Нарагансет, островот го нарекувале ’’Менесис’’ што значи ’’Мал остров на Маниту’’. Археолошките наоѓалишта покажуваат дека овие луѓе во најголема мера живееле од лов на елен, риболов, фаќање школки и ракови, одгледување пченка, грав и сквош. Од шумата се преселиле во крајбрежните области со цел да ги искористат предностите на сезонските ресурси. Артефакти пронајдени во областа укажуваат на тоа дека Американските Индијанци ја населиле областа уште од 1300 година. Во 1662, се населиле домородци од 1200 до 1500. Од 1774 тој број е намален до педесет и еден. Поради -упади во почетокот на 17 век од страна на Пекоти и Мохиген, Ниантиците беа поделени во две дивизии: западен Ниантик, кој бил во сојуз со Пекотите и Мохиген и источен Ниантик кој бил во сојуз со Нарагансет.

Во 1634 година, западен Ниантик го одбрана своето племе со убивање на Џон Стоун, отпадник од Бостон, кој бил познат по крадење скапоцени садови, во близина на устието на реката Конектикат. И покрај фактот дека човекот се обидувал да киднапира жени и деца и да ги продава како робови во Вирџинија, колонистите побеснеле ( делумно поради претходните Индијански злосторства против доселеници на копното, со поврзано племе). Англичанецот побара да, Пекотите Индијанци ( кој зборуваше за западниот Ниантик) ги предадат своите убијци. Ова беше одбиено и започна слајд кон војна. Во летото 1637 година, западните Ниантици убија уште еден човек од Бостон, трговецот Џон Олдам, во близина на Блок Ајленд.

Без консултација со колонистите од Конектикат, Масачусетс, во август, испрати казнена експедиција од деведесет мажи под раководство на Џон Ендикот кон Блок Ајленд со инструкции да го убие секој Ниантички воин и ја фати секоја жена и дете, кои ќе бидат корисни како робови. Експедицијата беше наредена од Гувернер од Масачусетс Хенри Ване за ’’масакар на сите Нативци на островот’’. Експедицијата уби четиринаесет источни Ниантици и ги изгоре нивните села и тела. Англичанецот изгоре шеесет полиња со пченка. Тие исто така го убивале секое куче, но Нинатиците избегале во шумата и војниците убиле само четиринаесет од нив. Одлуката за оваа казна беше недоволна, Ендикот и неговите луѓе пловеа сè до Форт Сајбрук пред да заминат кон Пекотските села во устието на реката Темза да бараат илјада сажени за да платат за убиството на Џон Олдхам и да земаат некои пекотски деца како заложници за да го осигураат својот мир. Овој инцидент се гледа како еден од првичните настани кои доведоа до Пекотската војна.

Колонијална историја па сè до денес[уреди | уреди извор]

Јужниот светилник на територијата на Блок Ајленд.
Прв поглед од јужната страна на Блок Ајленд од фери брод од правец на Њу ЛондонNew, Конектикат.
Историската Баптистичка Црква - сместена на висока рамнина на западната страна на Њу Шорехам, Род Ајленд.
Зграда на Историско Здружение на Блок Ајленд.

Во 1524, подоцна познат како Блок Ајленд беше означен од Џовани Да Веразано, којшто го именува како ‘’Клаудиа’’ во чест на Клод, Војвотка од Британија, претолонаследничка на Франција, и жена на Францис 1-ви. Како и да е, на неколку мапи истиов остров е именуван како „Луиза“, според Луиза од Савој, Кралицата мајка на Франција и мајката на Францис 1-ви.

Туристички атракции[уреди | уреди извор]

Најавите на бродот Веразано беа дека овој остров е полн со островчиња, покриен со дрвја, добро населен со што имаа видено пожари по целото крајбрежје. Во 1614 година, Блок Ајленд беше пронајден на мапа од страна на холандскиот истражувач Адријан Блок кој и самиот тој го именуваше островот по себеси. Во 1636 година на Блок Ајленд пристигна бостонска експедиција предводена од капетанот Џон Едикот и тогаш островот стана дел од колонијата Масачусетс, која во 1658 година го продаде островот на група луѓе предводени од Едикот, којшто ја водеше експедицијата во 1636 година. Во 1661 година истата оваа група го продаде островот на друга група од шеснаесетина луѓе кои беа доселеници, предводени од Џон Алкок. Како овие доселеници имаа верност кој Род Ајленд така Блок Ајленд беше усвоен од страната на генералното собрание на Род Ајленд во 1672 година, а владата го присвои острвот под новото име Њу Шорехам. Холандската карта од 1652 година јасно покажува дека името на островот било Адријан Блок Ајленд.

Во 1699 година шкотскиот морнар Вилијам Кид го посети Блок Ајленд непосредно пред да биде обвинет за пиратство и да биде обесен. Во Блок Ајленд тој бил заштитен непосредно од страна на г-га Мерси Рејмонд, ќерка на морнарот Џејмс Сандс. Приказната вели дека, поради нејзиното гостопримство и поради заштитата што му ја пружела, Кид им дал многу злато и накит додека имал. По смртта на нејзиниот сопруг Џошуа Рејмонд, Мерси се преселила кај нејзиното семејство во северниот дел на Њу Лондон, Конектикат, кадешто таа купила многу земја. Во семејството Рејмонд се веруваше дека таа се збогатила поради богатството дадено заради заштитата што ја имаше пружено. За време на војната во 1812 година Блок Ајленд за кратко време беше под окупација на британската морнарица која била предводена од Сер Томас Харди. Британската морнарица била збогатена со диспечери, бродови, терор. Харди ја искористи флотата да го окупира островот со цела да најде храна и да воспостави стратешка позиција во срцето на Блок Ајленд Сауд. Британците беа збеснати кога дознаа дека сите залихи на Блок Ајленд се префрлени во Стонингтон, Конектикат уште пред тие да пристигнат. На 9 август 1814 година Харди и неговата флота од Блок Ајленд заминале за Стонингтон, пристаниште каде можеле би можеле да имаат претензии врз залихите за храна и добиток на Блок Ајленд. На 10 август пред изгрејсонце тој бил одбиен и била нападната флотата на Харди, со тоа останува како позната Битката кај Стонингтон.

Во 1829 година Северниот Светилник го добол својот вистински изглед, но во 1827 госина повторно бил изграден бидејќи бил однесен од океанот. Во 1867 година бил изграден и можел да се види. Неколку години подоцна во 1873 година започна изградбата на нов фар на Блок Ајленд, Јужниот Светилник.

На Блок Ајленд нема природни пристаништа, едно од нив биле изградени во 1870 година со што го даваат вистинскиот аватар на островот. Други пристаништа како што е Њу Харбор, се создал 1895 година кога бил ископан каналот кој го поврзувал Грејт Салт Понд со северозападната страна на островот. Библиотеката на Блок Ајленд кој е достапна за сите. Таа е единствена и е основана во 1875 година. Во 1933 година беше изградено училиштето во Блок Ајленд.

За време на Втората светска војна, на Блок Ајленд беа поставени неколку артилериски ловци со цел да ги огновите од Форт Грин, Поинт Џудит со што беше заштитен влезот во заливот Нарагансет. Стражарските позиции на ловците биле изградени и изгледале како куќи. Американската влада понуди да се евакуираат,бидејќи не можеа да ги штитат од непријателите, но островјаните сепак одлучиле да останат. Неколку дена пред да заврши војната со Германците, битката на Поинт Џудит се одвиваше 11 км североисточно од островот.

Во 1950 година беше отворен аеродромот и остана отворен се доден денес како аеродром на генерална авијација. Во 1972 година беше формирана Комитетот за организација на пловидба и риболов. Оваа како и други еколошки организации беа одговорни за 40% развој на островот. Во 1974 година аватарот на Харборд, беше прогласен во Националниот регистар за историска област. Дискусиите за старите згарди на Блок Ајленд, родените островјани, историјата и сите тековни настани со голем труд се собраа и се чуваа на едно место со што беа формирни збирки од на 800 фотографии кој опфакаа еден историски период од 1870 до 1980 година под насловите Блок Ајленд-Море, Блок Ајленд-Земја, и Историјата на Блок Ајленд во слики во две изданија, сите ос историчарот Роберт М.Дауни.

Клима[уреди | уреди извор]

Времето во Блок Ајленд е под влијание на океанот и ветровите кои дуваат. Климата е океанска, што е реткост на источниот брег во северната полутопка. Бидејќи океанот останува студен во текот на пролетта и летото, за време на овој период времето е постудено за разлика од на копното. Сепак летата на Блок Ајленд може да бидат топли особено во јули и август. Највисоката температура на Блок Ајленд е измерена и изнесува 35 степени целзиусови. Температурата се затоплува во есенскиот период, но и во зимскиот кога океанот е потопол од копното. Пекордната ниска температура изнесува 7 степени целзиусови под нулата.

Плажи[уреди | уреди извор]

Бранови на плажата во близина на Нешанал Хотел на блок Ајленд
Пливачи во глатката водана Б. Ајленд
Каменот на доселениците е најзападниот дел од островот, достапен за мотористите.
Огромен гребен на Блок Ајленд

Квартал плажата се гледа од пристаништето на ферито, Поинт Џудит. Составена е од три помали плажи и тоа: Фред Бренстон Таун Бич ( попозната како Стејт Бич поради нејзиниот поранешен статус ), Скоч Бич и Мансион Бич и сите се наоѓаат по Корн Нек Роад. Стејт Бич и Балардс Бич се единствени плажи кои имаат спасувачи. Стејт Бич има шатор и издава реквизити за на плажа. Таканаречената Бејби Бич, започнува од Сурф Хотелот во близина на Бичхед ресторанот на Кон Нек Бич, Скоч Бич се наоѓа на север од Фред Бенсон Таун Бич и Маинсон Бич која се наоѓа северно од Скоч Бич.

Северно од Маинсон Бич се наоѓаат Клајхед и Потс & Кетлс. Клајхед е збир на карпи кои можат да се видат како траект од Поинт Џудит или Њу Лондон. Оваа област е карпеста и содржи железо, богата со глина, популарна по школки и ловење.

Кав Ков, Сетлер рок и Санди Поинт ја сочинуваат најсеверната точка на островот. Тука се наоѓа Северниот Светилник и разгледницата на зајдисонцето. Сетлер рок се наоѓа кај Кав Ков, кадешто се сместиле доселениците пливајќи и со себе ги донеле првите крави на овој остров, кои го напуштиле бродот и биле исфрлени на брегот. На карпа е закачена плакета со вистинско име на домордците на Блок Ајленд. Плажата не е идеална за пливање, особено во точката каде има многу големи морски струења. Од друга страна Сашем Понд има свежа вода и е добра за пиење.

На јужната страна на островот се наоѓа Блек Рок Бич, една од најдобрите плажи за сурфање на островот, поради високите бранови. како и да е плажата оди кон тоа да стане многу карпеста, и оди кон тоа да стане нудистичка плажа и покрај законите за нудизам кои се против за сите плажи на Род Ајленд. Се наоѓа блиску до Мохиген Блафс и Јужниот Светилник.

Коастгард Бич се наоѓа помеѓу Грејт салт Поинт и океанот од северозападната страна на островот. Таа е доста популарна за рибарење и шетање, но не е добра за пливање поради големиот број на бродови кои поминуваат во близина. Балардс Бич се наоѓа на најјужната старана на островот. Се наоѓа веднаш пред ресторанот Балардс, каде има доста чадори од слама и толпа од млади. Има и келнери кои служат на плажа каде што се сончате исто така и секојдневна музика во живо. Има и терен за одбојка каде секој ден има турнири во одбојка. Спасувачите се дел од персоналот на плажата Балардс.

Балфс Бич има влез од страната на Мохиган Блафс и се оди по скалите. Има околу 141 карпесто скалило, кое нуде доста сппецифична глетка. Во подножјето на овие стрмни древни скали се наоѓаат големи карпи кои ќе ве доведат до плажата.

Туристички атракции

Харборсајд Ин е ресторант и хотел на јужната страна на островот.

Југоисточниот светилник се наоѓа на југоисточниот агол на островот долж патеката Мохиген. Јужниот светилник е изграден во 1875 година и оттогаш останал активна американска крајбрежна стража и навигациска помош. Светилникот бил преместен во 1993, поради безбедност од ерозија. Во текот на сезоната светилинкиот е отворен како и музеј кој е содржан во него. На кратко растојание од Мохиген Блуфс се наоѓа Југоисточниот светилник. Во регионот на Блуфс во минатото се одржала колонијална битка меѓу освојувачките сили на Мохиген и тамошниот Нанити, во која Мохиген биле протерани т.е. фрлени од високите карпи. Исто така во дното на глинените карпи се наоѓаат долгите скалила кои се составени од стотина. Од нив јасновидно се гледа Атлантикот, како и Њујорк кој може да се види во далечините на јужните и западните страни. Родман Холоу е околу 230 акри (93 хектари) оддалечен од јужниот брег и претставува леднички слив. На Холоу се понудени и неколку патеки за јавање коњи.

Северниот светилникот се наоѓа на Сенди точката на северниот врв на Блок Ијланд. На Северниот светилникот се наоѓа песочник и јато од чамци кои се протегаат низ островот. Околните песочни наноси се дел од Блок Ајленд и претставуваат дел од Националениот Природен Резерват на Засолништа, дом на многу видови, вклучувајќи ја и веригата од проморската крајбрежна птица и американска буба. Еден кратка прошетка од Северна светилникот долж островот, со океанот на двете страни на тенка лента на земјиште, го одзема здивот.

На Блок Ајленд се наоѓа и Историско – Општествениот Музеј кој се наоѓа во близина на централното градско подрачје и содржи широк спектар артефакти од островот. Меѓу нив е У-853 е У-бродот, кој потонал 11 км, на источниот дел од островот, лежејќи во 130 стапки (40 м) под водата. Рекреативни нуркачи често се потсетуваат на потонатиот брод, иако најмалку тројца загинале.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Пловењето со брод е популарно на Блок Ајленд.

Островот е поврзан преку целата година со фери брод до пристаништето Поинт Џудит, а во лето и до Њу Лондон, Конектикат. Монток, Њујорк, и Њупорт, Род Ајленд. Патувањето со традиционалниот фери брод, трае околу еден час до стасувањето на од островот до Поинт Џудит. А со прзиот фери брод на истата траса зема 35 минути. Друго транспортно средство со голема брзина е траектот од Њу Лондон, Конектикат до Блок Ајленд потребно еден час и половина. Во текот на летната сезона, патниците кои сакаат да ги носат своите автомобили, обично треба да се резервираат резервации месеци однапред. Њу Ингланд Аерлајнс нуди редовно закажани 12-минутни летови до Државниот аеродром на Блок Ајленд од Вестли, Род Ајленд.

Инциденти[уреди | уреди извор]

Во 1992 година Кјунард авионските линии РМС на кралицата Елизабета II се потопија во водите на Блок Ајленд.

Потонати бродови[уреди | уреди извор]

Оваа куќа порано била Хидрометеоролошка станица на САД која се наоѓа на Блок Ајленд.

Областа околу Блок Ајленд е местото на бројни потонати бродови, вклучувајќи го и пароброд Ларшмонт во 1907 година. Во 1738 е потонат Принцез Аугуста (исто така познат како Палатин брод), подоцна беше овековечен од страна на Џон Гринлиф Витиер во 1867 поемата, "Остатоците на Палатин", меѓу чии стихови зборовите "опкружен со водите кои никогаш незамрзнаа, претепан од страна на грамаден морски бран и збришани од ветре, лежи островот Манисес ", станаа добро познати. Две подморници, исто така потонаа околу островот. Две подморници на САД УСС С-51 потонаа во 1925 година, како и германски У-бродови У-853 во 1945 година, Еден брод потона во 19 век, јужно од југоисточниот светилник. Неговиот јарбол бил потопен околу 4 метри под површината на водата. Областа е затворена за поминување на бродови.