Благоја Грујовски
| Благоја Грујовски | |
|---|---|
| Роден(а) | 16 септември 1962 Скопје, |
| Жанрови | народна музика, фолк музика |
| Занимања | Пејач |
| Период на активност | 1993 - сè уште |
Благоја Грујовски (р. 16 септември 1962 , Скопје) — македонски поп-фолк пејач на народна музика.
Животопис
[уреди | уреди извор]Грујовски својата кариера како пејач ја започнува во 1993 година. Тој во својата кариера има испеано многу негови авторски песни: "Јано мори Јанинке", "Моја река", "Туѓино јабано", "Ој невесте", "Селвије сенѓузел", "Леле мори Јано" и други. Тој е чест учесник на фестивалите: Фолк Фест Роса, Фолк Фест Валандово, Охрид Фест, Цветници и други. Во 2013 година во Универзалната сала го прославува својот 20-годишен јубилеј со солистички концерт, каде гости се: Сузана Гавазова и врвни музичари од македонската естрада.
Тој покрај музиката, се занимава и со новинарска кариера, како водител почнува во Радио Скопје во музичка емисија. Во 2013-2014 година е водител на емисија за градови "Плетенка" на МТВ, потоа "Фолк естрада" на Сител-телевизија 2015-2016 и "Везилка" на Телевизија Алфа во период од 2021-2023 година.
Дискографија
[уреди | уреди извор]Спотови
| Спот | Година | Режисер |
|---|---|---|
| Ој невесте | 2011 | |
| Сè уште те сакам | 2014 | |
| Праша ли Тинке мајка ти | 2014 | |
| Моја река | 2015 | |
| Лична Калина | 2016 | In production |
| Скудринка | 2018 | Art Studio |
| Сон печалбарски | 2018 | In production |
| Македонијо татковино | 2019 | Art Studio |
| Солза таткова | 2021 | In production |
| Жировница ви пее | 2022 | In production |
| Мој пријателе | 2024 | In production |