Битка кај Ис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Битка кај Ис
Дел од Походи на Александар Македонски
Battle of Issus.jpg
Александар во Битката кај Ис
Датум октомври 333 п.н.е.
Место Ис
Исход победа за Македонија
Завојувани страни
Кралство Македонија
грчки сојузници
Персија
Команданти и водачи
Дариј III
Арзам †
Реомитро
Атизиј
Бубак
Сабак
Дариј III Кодоман
Арзам
Реомитро
Атизиј
Бубак
Сабак
непознати офицери
Сила
5.000 коњаници
26.000 пешадијци
20.000 коњаници
40.000 пешадија
10.000 бесмртници
30.000 грчки платеници
Жртви и загуби
близу 500 околу 110.000

Битка кај Ис (333 п.н.е.) — вооружен судир во кој македонскиот крал Александар III Македонски, го победил Дариј III Кодоман, врховен шах на Персија.

Борци[уреди]

  • Македонците и нивните грчки сојузници, под водство на Александар. Војска: 5.000 коњица, 26.000 пешадија.
  • Персијците од водство на Дариј III со 30.000 грчки платеници, 40.000 пешадија и 20.000 коњица. (овие броеви се од антички извори, главно од Аријан и Куртиј, кои претерано го преувеличувале бројот на Персијците за Александровата победа да изгледа уште поимпресивна)

Место[уреди]

Битката се војувала јужно од античкиот град Ис, близу денешниот град Искендерум, Турција, од двете страни на малата река Пинар (веројантно денешната река Пајас). Местото било прилично оддалечено од Искиот залив, а околните планини биле само на 2,6 км раздалеченост, така што Дариј неможел да го употреби големиот број на неговите војници правилно.

Увертира[уреди]

Движењата до бојното поле

Александар тргнал во поход на Азија во 334 п.н.е и ги поразил локалните персиски сатрапи во Битката кај Граник. Потоа тој продолжил со окупацијата на Мала Азија.

Додека Александар бил во Тарс разбрал дека Дариј собира огромна војска во Вавилон.

Доколку Дариј сакал да дојде до Искиот залив, тој ја имал поддршката од адмиралот Фарнабаз кој сѐ уште оперирал во Медитеранот, така што би го олеснил снабдувањето и би бил во можност да му се впушти на непријателот одзади. Александар ја држел својата главна војска во Тарс, но затоа го пратил Парменион напред за да го окупира крајбрежјето на Ис. Во ноември Александар добил извештај дека големата персиска армија веќе навлегла во Сирија, во градот Сочи. Александар решил да ја прибере неговата раздвоена војска и да маршира јужно од Ис преку Јоновата клисура.

Дариј знаел дека Парменион ја држел клисурата и затоа се упатил северно. Персијците го зазеле Ис без проблем и ги убиле сите болни и ранети македонски војници кои останале таму. Сега Дариј разбрал дека успеал да дојде одзади на македонската војска и да ги прекрати набавките. Потоа тој ја наредил војската на добра одбранбена позиција долж реката Пинар и го чекал Александар да нападне.

Причини[уреди]

Првичните позиции на македонските и персисиките сили.

Постојат различни мислења за причините за битката. Еден убедителен став врз основа на Куртиј е дека Дариј бил приморан да го премести логорот во терен кој му одговарал на Александар заради тоа што Македонците се бореле дефанзивно по препорака на Парменион. Дариј не можел да ја издржува војската за време на зимскиуот период, а во неговите градови во Феникија веќе имало немири заради доаѓањето на Александар. Дариј бил принуден да ја премести неговата голема војска на едно ритче на бојното поле, позиција која била во огромна корист на помалата војска на Александар.

Александар чекал Дариј да дојде јужно од планинскиот венец Аман бидејќи преминот кој Дариј би го употребил, Беленскиот премин, бил многу поблиску до Сочи и давал најдобар пристап до територијата која Александар ја бранел. Александар чекал 16 км западно од Беленскиот премин кај Миријандер за да му постави замка на Дариј кај Беленскиот премин или преку Јоновиот столб доколку одел северно, каде дариевата војска би била неорганизирана и расштркана во теснецот. Но Дариј се движел северно од Сочи и околу планините, доаѓајќи одзади александровата позиција и скратувајќи му ги комуникациските врски. Така Александар бил приморан да маршира кон Дариј, кој го фатил неспремен со голем крилен маневар. Ова ја дава илузијата дека Дариј играл дефанзивно, бидеќи Александар бил приморан да маршира кон него.

Битката[уреди]

Македонците продолжиле преку Јоновиот столб. Александар и неговите коњички придружници биле на десното крило, а тесалската сојузна коњица на левото. Фалангата ја командувал Парменион.

Дариј ја формирал својата линија така што тешката коњица ја поставил заедно до брегот од неговата десна страна, потоа грчката платеничка фаланга (12.000, исто колку и македонската). До грчката фаланга Дариј ја поставил персиската пешадија, кардаките, долж реката и во подножјето, каде што го совивале друфиот брег и претставувале закана за десното крило на Александар (оваа формација била слична на буквата Γ). Аријан дава претерана бројка од 20.000 за овиуе трупи. Дариј се сместил во средината заедно со најдобрата пешадија, грчките платеници и кралската коњичка гарда. Според некои историчари, тој сакал да ја имитира хеленската воена формација видена во битката кај Граник.

Решавачкиот напад на Александар

Персиската коњица јуришнала на Парменион, а сојузничката коњица преку реката за отворање на битката. Левото крило на Александар набргу станало од суштинско значење, како кај Гавгамела две години подоцна, каде Парменион успеал да го додржи крилото против супериорниот број Персијци доволно долго за Александар да може да изврши пресметан коњички напад против Дариј и да ја разбие персиската војска. Штитоносците под водство на Александар пешки во ова време напаѓале во коритото на реката врз кардаките и успеале да пробијат дупка низ персиските редови.

Потоа Александар се качил на коњ на чело на неговите коњички придружници и диретно почнал да јуриша накај Дариј кој избегал од бојното поле. Заради ова Персијците почнале да се повлекуваат. Македонската коњица ги гонела Персијците во повлекување сѐ додека не се стемнило. Тука се случило големо крвопролевање заради масовното, неогранизирано повлекување на Персијците и гонењето од страна на Македонците.

Последици[уреди]

Поразот на Персијците во битката кај Граник го означил почетокот на крајот на периската моќ. Ова била прва битка која персијците ја изгубиле во присуство на Дариј.

Дариј пребегнал преку Еуфрат, оставајќи ја неговата мајка, жена и деца во милост и немилост на Македонците. Александар уште еднаш го победува Дариј во Битката кај Гавгамела во 331 п.н.е.

Отсликувања на битката[уреди]

Битката била илустрирана (според римскиот писател Плиниј) од грчкиот сликар Филоксен од Еретрија, во доцниот 4 век п.н.е. Оваа слика денес не постои, но постои мозаик според оваа слика пронајден во Помпеја во Куќата на фаунот. Мозаикот е денес во националниот музеј во Неапол и датира од 1 век п.н.е; видете: Александров мозаик

Надворешни врски[уреди]