Бенди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бенди
Шведско првенство, финале-жени, 2015 година
Највисоко владеечко телоМеѓународна бенди федерација (FIB)
Прекар(и)Зимски фудбал[1]
Почеток1882; пред 141 година (1882),
Англија Англија, ОК
Карактеристики
Членови на екипата11 играчи на терен
Категоризација
Олимписки- Демонстративен спорт во 1952
- (признаен како спорт од МОК во 2001)
ПараолимпискиНе

Бендизимски екипен спорт кој се игра на голема ледена површина (во сала или на отворено) при што играчите од две екипи на лизгалки и со користење на стапови се трудат да го стават топчето во голот на противничката екипа.[2] [3]

Бенди се игра на т.н. бенди-терен или бенди-лизгалиште, што всушност е рамна замрзната површина со димензии 90–110 метри на 45–65 метри, односно приближно колку едно фудбалско игралиште. Теренот е значително поголем од лизгалиштата кои обично се користат за хокеј на мраз. Правилата се слични на фудбалските правила: мечот се состои од две полувремиња кои траат по 45 минути, секоја екипа има 11 играчи (а еден од нив е голман), се користи една топка, теренот е со слична големина како фудбалскиот терен и постои правило за офсајд.

Бенди како спорт има заедничко потекло со фудбалот, хокејот на мраз, шинти и хокејот на трева. Потеклото на бенди е предмет на расправа, но неговите први правила биле напишани и објавени во Англија во 1882 година.

Најсилни држави во бенди во машка и женска конкуренција во моментов се Шведска и Русија; и двете земји имаат свои професионални машки бенди лиги. Во Русија, се проценува дека повеќе од еден милион луѓе играат бенди. Има организирани лигашки натпревари и во други земји, како: Финска, Норвешка и Казахстан. Главниот меѓународен натпревар за бенди за мажи е Светскиот шампионат во бенди, а главниот меѓународен натпревар за бенди за жени е Светскиот шампионат во бенди за жени.

Од 1890-тите до 1955 година, немало меѓународно раководно тело за бенди. Меѓународното раководно тело за бенди денес е Меѓународната бенди федерација (ФИБ) која била основана во февруари 1955 година. Во 2001 година, бенди бил признат како спорт од страна на Меѓународниот олимписки комитет.[4] МОК ги признава и традиционалниот бенди со единаесет играчи во една екипа и бенди на лизгалиште (кој се игра на помало лизгалиште).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Arlott, John, уред. (1975). „Bandy“. The Oxford Companion to Sports & Games. Oxford: Oxford University Press. ISBN 978-0-19-211538-6.CS1-одржување: датум и година (link)
  2. „Edsbyn Sandviken SM – Final in Upssala“. YouTube. Посетено на 7 February 2014.
  3. Ninh.co.uk: "The Rules of Bandy - EXPLAINED!", retrieved 14 October 2017
  4. Max Winters (28 February 2017). „Russian Bandy Federation to act after teams score 20 own goals in one match“. Inside the games (англиски).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]