Бегоња Фернандес
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Име и презиме | Бегоња Фернандес Молинос | ||
Роден(а) |
22 март 1980 Виго, Шпанија | ||
Спорт | Ракомет | ||
Висина | м | 1,83||
Тежина | 73 Кг. | ||
Позиција | Пикер | ||
Клупски податоци | |||
Тековен клуб | ЖРК Вардар СЦБТ | ||
Број | 18 | ||
Сениорски клубови | |||
1998-2002 2003-2005 2005-2008 2008-2012 2012-2013 2013- |
Милар Елиана Валенсија Итчако Орсан Елда Престихио Итчако Зајечар ЖРК Вардар | ||
Репрезентација | |||
Шпанија | 172 (372) | ||
Освоени медали
|
Бегоња Фернандес Молинос (родена на 22 март 1980, Виго, Шпанија) е шпанска ракометарка која игра во македонскиот клуб ЖРК Вардар СЦБТ, и за женската ракометна репрезентација на Шпанија.
Животопис
[уреди | уреди извор]Спортска кариера
[уреди | уреди извор]Бегоња Фернандес Молинос ја започнала професионалната кариера во 1998 година, во екипата на "Милар Елиана Валенсија", која тогаш играла во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Од 2005 до 2008 година, Фернандес настапувала за "Елда Престихио". Најголем дел од кариерата, вкупно шест сезони, Фернандес настапувала за екипата на "Ичако", со која во 2011 година играла во финалето на Лигата на шампионите. Во 2013 година, Фернандес преминала во екипата на "ЖРК Вардар СЦБТ", а претходно една полусезона поминала во "Зајечар" од Србија.
Фернандес е репрезентативка на Шпанија. Со репрезентацијта на Шпанија, Бегоња Фернандес освоила сребрен медал од ЕП 2008 и бронзен медал од ОИ во Лондон. На ЕП 2008, одржано во Македонија, Фернандес била прогласена за најдобар пикер во Европа. Една година подоцна, Фернандес повторно била прогласена за прв пикер во најдобриот тим на СП 2009, одржано во Кина.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ "Фернандес уште една сезона вардарка", Дневник, година XVIII, број 5415, петок,14 март 2014, стр. 24.