Ајант

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ахил и Ајант на лекит од доцниот шести век

Ајант или Ајант Големиот (старогрчки: Αἴας, Αἴαντος) — јунак од старогрчката митологија, син на саламинскиот крал Теламон.

Учеството во Тројанската војна[уреди | уреди извор]

Ајант бил вториот најдобар јунак во грчката војска (по Ахил), кој во Тројанската војна особено се прославил во одбраната на мртвото тело на Патрокло. Оттука, по смртта на Ахил, тој се надевал дека ќе го добие Ахиловото оружје, меѓутоа Агамемнон, по желбата на Атина Палада, не му го доделил нему (како најхрабар), туку на Одисеј (како најмудар). Поради тоа, Ајант полудел и заклал стадо овци, мислејќи дека се грчките војници (според една верзија), односно направил масакр во грчката војска (според друга верзија). Кога се освестил и видел што направил, тој извршил самоубиство.[1] [2]

Ајант како мотив во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. A. V., „Objašnjenja“, во: Apulej, Zlatni magarac, Dereta, Beograd, 2011, стр. 219.
  2. „Registar imena i reči s objašnjenjima“ во: Krista Volf, Kasandra. Sarajevo: Svjetlost, 1987, стр. 163.